yURI |
ДНЕВЕН ХОРОСКОП
ОВЕН
Имате силна желба да го победите проблемот. Успешни сте во работата, но и во приватниот живот. Опасноста може да се јави во желбата за доминација и тврдоглавост. Чувајте се од повреди, посебно во сообраќајниот метеж.
БИК
Се наоѓате во фаза на интензивни емотивни преживувања, па затоа сте малку загрижени. Тоа е нормално зашто од извесна ситуација очекувате многу. Што и да се случи, крајниот резултат ќе биде кон средината на април. И покрај се, ве очекува успешен ден.
БЛИЗНАЦИ
Во потрагата по промени, најверојатно ќе се одлучите за краток пат или некоја нова активност. Трпеливо и истрајно ги завршувате работите. Имате полни раце работа, но кој ви е крив кога само започнувавте и така остававте. Време е за чистка!
РАК
Свесни сте за работите кои треба да ги завршите и тоа го правите без паника. Резултатите се забележителни, а партнерството, јавноста и разните видови на комуникација, се исто така, во игра. Ќе извлечете максимум од моменталната ситуација.
ЛАВ
Се ви паѓа тешко. Потребна ви е голема сила и нерви за да можете да работите, а вие во моментов се чувствувате омалаксано. Препорачливо е да се одморите. Работата може да почека на подобар момент. Сепак, фазата е минлива.
ДЕВИЦА
Потребно ви е малку време за своја душа. Се ангажирате за други, посветени сте на работата, па затоа и ги запоставувате своите потреби. Слободните моменти минете ги во активности кои ви создаваат задоволство.
ТЕРЕЗИЈА
Пред вас е успешен ден, но само под услов да го сакате тоа. Се наоѓате во состојба кога можете активно да влијаете врз настаните и да го земете од животот тоа што ви се допаѓа. Доколку мислите дека се се врти околу парите, се лажете.
СКОРПИЈА
Полни сте со енергија и желба да ја употребите на адекватен начин. Постои шанса да се повредите, зашто поради намаленото внимание и лоша концентрација може сешто да се случи. Во игра се и вербалните судири. Бидете одмерени и промислени во реакциите.
СТРЕЛЕЦ
Финансиската ситуација се наоѓа во критична состојба, така што целата енергија и мисли ги насочувате во тој правец. Мора да бидете повнимателни кога се во прашање чековите и трошењето на пари, зашто само така ќе ги одбегнете погрешните инвестиции.
ЈАРЕЦ
Пречувствителни сте и расположени за кавга. Јазикот ви е побрз од паметот. Не дозволувајте поради погрешно изговорените зборови да се најдете во непријатна ситуација. Останете мирни и почекајте го утрешниот ден.
ВОДОЛИЈА
Успешен ден за разни трансакции и игри на среќа. Финансиската ситуација значително се поправа, а тоа е можеби и една од причините поради кои добро се чувствувате. За среќа, добивате и огромно внимание од партнерот. Среќата, сепак, оди во комплет!
РИБИ
Ако сте концентрирани на практични работи, би можеле да имате проблеми, за разлика од оние кои се занимаваат со уметност и паранормални феномени. Рибите кои функционираат на груб материјален план ќе се соочат со прашањето зошто им се случуваат непријатни работи.
|