OooOo |
ova e zhiv haos kako e organizirana nashata drzhava
Кој е надлежен за мачката?
Веќе седум дена на една од тополите спроти "Автомото сојуз" над автопералницата "Зоки" во Капиштец е заглавена мачка, на која жителите на околните згради не можат да и помогнат зашто се наоѓа на височина од...
На една од тополите спроти "Автомото сојуз", веднаш над автопералницата "Зоки" во Капиштец веќе седум дена има мачка, која умира од глад. Жителите од Капиштец велат дека се обидувале да ја симнат мачката од тополата, но во тоа не успеале бидејќи била многу високо. Тие објаснуваат дека веќе шест дена бараат помош од надлежните служби во градот, но дека никој не сакал да им одговори на барањето.
"Цел Капиштец ја гледа мачката како умира од глад, но никој не може да и помогне да ја симне долу. Се обративме до службата за улично осветлување, но ни рекоа дека не се надлежни и не упатија да се јавиме на 92. Оттаму ни рекоа помош да побараме од противпожарната служба", велат жители од населбата.
Тие објаснуваат дека од противпожарната служба на градот им било речено помош да побараат од полиција, бидеќи без дозвола од МВР не можеле ништо да направат. Од службата за интервениции при МВР им било речено повторно да се јават во противпожарната служба и да кажат дека Ристо Пенов побарал да се прати возило и да се симне мачката.
"И тоа го направивме, а во пожарна ни рекоа дека не можат да пратат возило бидејќи немале одобрение од некој Жарко Станојевски од МВР. Се обидовме и во друштвото за заштита на живоотните "СРНА" и во еколошкото друштво "Опстанок", но тие изгледа не функционираат. Веќе не знаеме каде да се обратиме", раскажуваат жителите на Капиштец.
Во противпожарната служба на град Скопје ни рекоа дека не можат да одговорат дали и кога ќе испратат возило за да ја симнат мачката од тополата, бидејќи информации можел да дава само командантот. На нашите упорни обиди да стапиме во контакт со командантот, секретарката неколку пати ни рече: "Јавете се подоцна, командантот сега не е во канцеларија".
Во службата за интервенции при МВР ни рекоа дека симнувањето на мачки од дрвја не е во нивна надлежност.
Одговорните од еколошкото друштво"Опстанок" и од друштвото за заштита на животните "Срна" не ги пронајдовме, бидејќи нивните телефони постојано беа зафатени или се вклучуваше факс машината.
|