yURI |
ДНЕВЕН ХОРОСКОП
ОВЕН
Не дозволувајте поради невнимание да ја пропуштите шансата. Со смирено и трпеливо однесување може да ја надминете евентуалната расправа. Главоболката и проблемите со синуси се од минлив карактер. Не запоставувајте го партнерот.
БИК
На прв поглед работите функционираат одлично, но кога ќе се задлабочите во случајот, станувате незадоволни. Работите се одвиваат бавно, но не грижете се. Ако бидете трпеливи нештата ќе си дојдат на своето вистинско место.
БЛИЗНАЦИ
Среќни сте. Кој е заслужен за насмевката на вашето лице? Кој ве полни со позитивна енергија? Денеска, повеќе отколку кога било, постојат шанси да се заљубите. Пожелно е да не ги расфрлате емоциите, бидејќи се во ограничена количина.
РАК
Деловно сте ангажирани и вредни. Работата е одлична компензација за емотивното незадоволство. Кога работите немате време да размислувате за промашувањата, резултатите се видливи и на нив можете да влијаете. Може да имате корист само ако се потпрете на сопствените сили.
ЛАВ
Обемот на работни обврски се зголемува. Конечно, и суетата ќе се нахрани. Бидејќи здравствената состојба е нестабилна, препорачливо е да се одморите и да ги одложите сите работи кои може да почекаат. Само со мудри потези може да го решите проблемот.
ДЕВИЦА
Најпосле имате време за убавите работи во вашиот живот. Работата е во втор план, а некој кој ја заголицкал вашата фантазија планира средба. Во желба да ја импресионирате оваа личност, ќе размислувате околу прашањето на гардеробата.
ТЕРЕЗИЈА
Не сте баш во некоја најсјајна ситуација: работите се одложуваат, пари- нема, а вие сте свртени кон пријателите, кафулињата, забавата... Одличен начин да го поправите расположението. Партнерот ве сака иако не зборува отворено за тоа.
СКОРПИЈА
Внимателно, драги Скорпии, зашто понекогаш умеете да бидете навистина незгодни. Стрпете се во желбата за докажување на сопствените квалитети. Штом дојде време- самите ќе станат видливи. Доколку ги наметнувате, лесно можете да дојдете во кофликт со соработниците.
СТРЕЛЕЦ
Ќе се соочите со потешкотии кои се однесуваат на работата или здравјето. Се жртвувате свесно поради одредена личност и подготвени сте да правите отстапки. Ситуацијата ви изгледа повеќе од јасна. Најверојатно сте во право. Овновите и Водолиите моментално не ви се наклонети- подалеку од нив!
ЈАРЕЦ
Имате потреба другите да ве опсипуваат со внимание и пофалби. Тоа сите го сакаме, но кај вас е моментално поизразено од вообичаено. Доколку изостане вниманието- свртете се кон работата. Во неа е спасот! Како и во партнерот!
ВОДОЛИЈА
Кога станува збор за почитување на законот- бидете екста внимателни. Доколку се придржувате кон советите, ќе ги одбегнете сите можни непријатности, а својата уранска љубопитност би можеле да ја задоволите на илјада и еден побезбеден начин.
РИБИ
Имате сила, волја и енергија да се борите со проблемите, но се повлекувате на првиот чекор. Размислете каде грешите. Реално проценете ги сопствените способности. Кога најмалку се надевате, ќе добиете примамлива понуда, на пример, некое патување.
|