yURI |
1832.- Во Вајмар умре Јохан Волфганг Гете, германски писател, најмаркатната појава во целокупната германска литература и еден од најзначајните во светската литература. Беше современик и учесник на многу книжевни струења и правци. Светското признание го стекна со драмскиот еп "Фауст". Други негови познати дела се "Страданијата на младиот Вертер", "Егмонт" и "Херман и Доротеја". Роден е во Франкфурт на Мајна, на 28.08.1749 година.
1876.- Во Врање е роден Бора Станковиќ, српски писател. Делото му е проткаено со симпатии на патријархалниот свет на стара Србија. Беше сликар на страсните судири и на носталгијата по младоста. Негови познати дела се романот "Нечиста крв", драмите "Коштана" и "Ташана", голем број раскази и други дела. Умре во Белград, на 21.10.1927 година.
1943.- Сите Евреи од Македонија кои беа собрани во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1970.- Ден на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. Овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.
1996.- Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.
|