Cyber-Man |
Михаел Шумахер направил сензационално признание во отворениот форум со читателите на магазинот Билд. Една припадничка на понежниот пол го поштедила германскиот ас од прашања поврзани со менувачот, федерфуфната и компјутерскиот систем за контрола на тракцијата, туку го запрашала што прави во случај на итна потреба да го посети тоалетот, додека се уште е во трка. Асот на Ферари изјавил дека ако треба, се олеснува во кокпитот и дека тоа го прават многу возачи. Како надополнување на овие зборови, петкратниот првак вели дека температурата вообичаено надвор е околу 20-25 степени, а во болидот е за 10-15 степени потопло, па тој е сув за 3-4 минути!!!
|