yURI |
ВИКЕНД ХОРОСКОП
ОВЕН
Драги Овнови- среќен роденден! Во наредниот месец може да се надевате само на најдоброто. Оптимистички сте расположени, полни со елен, здравје и љубов која ја добивате од драги лица. Доколку не се наоѓате во ваква состојба, размислете каде грешите.
БИК
Се наоѓате во фаза на просперитет и тоа благодарение на сопствените заложби. Иако некои работи може да доцнат, не очајувајте. Се се одвива по однапред зацртан редослед. Ги прикривате емоциите, а тоа може да ве доведе до сериозни проблеми во врската.
БЛИЗНАЦИ
Успехот е пред вас- треба само да бидете трпеливи и да почекате. Бидејќи имате обичај енергетски да се исцрпувате, може да имате проблеми. Размислете дали вреди тоа? Доколку ги прецените сопствените можности, ќе се соочите со нервоза и напнатост.
РАК
Ќе го минете викендов помагајќи им на луѓето околу себе. Бидејќи имате изразена потреба од независност, ќе ви пречат луѓето кои се плеткаат во вашиот приватн живот. Иако важите за наивен знак, за среќа, навреме можете да ја препознаете опасноста.
ЛАВ
Желбите се едно, а можностите друго. Ќе бидете среќни доколку се занимавате со она што го сакате, а доколку на сето тоа ја додадете и уметноста... Можен е и извесен јавен настап, во зависност од тоа со што се занимавате.
ДЕВИЦА
Пред вас е одличен викенд. Посебно ќе ве израдува некоја материјална добивка која долго ја очекувавте. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате максимум енергија- можна е мала напнатост. Но, доколку се сетите на партнерот и луѓето кои ги сакате- оваа состојба веднаш ќе исчезне.
ТЕРЕЗИЈА
Не сте ни свесни колку сте среќни. Доколку сакате веднаш и сега да ги видите резултатите, оваа констатиција ќе ви се чини неточна. Мора да поработите на некои особини како што е трпеливоста, па ќе успеете. И самите знаете дека до средината на април работите ќе се одвиваат бавно.
СКОРПИЈА
Очекувате верност од својот партнер. Бидејќи по природа сте сомничави, ја криете љубомората и правите испади. Ништо ново. Можеби на тој начин го освежувате односот со спротивниот пол? Некои припадници на знаков ненадејно ќе почувствуваат силна сексуална потреба.
СТРЕЛЕЦ
Ви одговара тимската работа, но повеќе сакате да бидете главни. Опасноста од повреди, посебно во сообраќајот е моментално засилена, па затоа бидете внимателни. Работата лесно може да ве одвлечка на патување, а вие ќе го прифатите со отворени раце.
ЈАРЕЦ
Ви одговара работата во изолација. Ги потиснувате емоциите, а од минорните проблеми со партнерот- правите драма. Не е се така црно- престанете да паничите. Моментално не сте во состојба трезвено да размислувате.
ВОДОЛИЈА
Ве очекуваат непланирани случувања на полето на љубовта и сексот, кои се, секако позитивни. Проблемот може да се јави единствено во случајот ако партнерот почне да прави планови на долги патеки и да ве вклучи вас во нив. Можеби е тоа слатко "ропство"? Размислете.
РИБИ
Само доколку бидете активни и сфатите што сакате, може да се надевате на исполнување на своите желби. Имате одлични шанси за развој на менталните и физички способности. Наредниотв период е поволен за писателите, визионерите, но не и за "лажговците". Иаборот е, сепак, ваш.
|