yURI |
1603.- Во Лондон умре англиската кралица Елизабета, а на престолот дојде шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создадоа персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеа голем напредок во целокупниот развој. Родена е во 1533 година.
1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1905.- Во Амиен умре Жил Верн, француски писател. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на месечината" и "Патување во центарот на Земјата". Роден е во Париз, на 8.02.1828 година.
1949.- Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2.06.1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец".
1997.- Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1997.- Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - "Спасител '97".
|