OooOo |
Одлучиле газдите на Кока Кола да го зголемат прометот и отишле в црква да го замолат попот:
-Може ли ти попе кога ќе ја кажуваш молитвата наместо "Дај ни боже леб наш насушен" да смениш и да биде "Дај ни боже Кока Кола"?
-А не знам јас тоа, ќе морате да го прашате Св. Петар.
Отишле после овие кај Св. Петар, му објасниле за што се работи и го замолиле да ја измени молитвата.
-Ќе морате вие да одите кај Господ, сепак тоа е молитва и не можам јас тоа да решам.
Отишле и кај Господ, а овој кога ги ислушал им рекол:
-Само еден момент морам да се јавам кај Св. Петар да го прашам нешто...Слушај Перо, абе до кога ние имавме договор со оние од пекарата?
|