Mesechen horoskop April 2003 | |
yURI | [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/ar.gif[/img] OVEN Во овој месец нагласокот на вашите активности ќе биде во секторот на вашата работа, заработувачката и односите со партнерот. Сите ваши договорени деловни контакти како и зделки, студии и проекти ќе бидат во завршна фаза, а нивна конечна реализација како и профитот од вашата работа очекувајте ја после 12април. Во текот на овој месец ќе имате бројни деловни контакти кои ќе ви овозможат и нови ангажмани, но се препорачува внимателност со посебен осврт на документите кои ги потпишувате(1до3 и 18 април). Бидете умерени и својата енергија позитивно насочете ја кон брачниот партнер посебно околу12,16и 24април. Играјте лото околу 5,16 и 24! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/ta.gif[/img] BIK Почетокот на овој месец го дочекувате со понуди кои се однесуваат за вашата работа, и добар дел од нив, носат ризик, и се надевам дека подготвено ќе пристапите кон реализација на истите. Доколку сте во силна врска со лице од спротивниот пол(јарец,скорпија,рак) сигурно е дека добар дел од вашите состаноци ќе мине на заедничко планирање ,а евентуален брак е на повидок за родените кои имаат околу 24 и 27 до 30години. Слободните Бикови во рамките на својата работна околина ќе запознаат интересно лице со кое не само што ќе се надополнуваат на деловен план, туку емотивно.Можни проблеми со здравјето од 3до7април и околу 18 и треба да се внимава во овие денови! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/ge.gif[/img] BLIZNACI Вашите прогресивни идеи н ќе бидат добро прифатени од страна на вашите соработници или претпоставени, најверојатно заради тоа што не сте во овој момент доволно подготвени отворено да ги истакнете сите планови, со кои едноставно би ги придобиле симпатиите на колегите. Можеби ќе се решите во овој месец да го промените својот досегашен начин на живеење, да го смените домот или да отпатувате во странство, што од друга страна ќе ве изолира од вашите најблиски. во овој период можно е познанство со лице од спротивен пол кон кое ќе развиете големи симпатии и истите можат да прераснат во мала авантура. Истото лице, од друга страна, доколку имате слична професија, може да ви помогне во реализација на вашите идеи кои кон крајот на месецот ќе можете брзо да ги презентирате кон компетентните и договорни структури. Деновите 3,8,16и20 искористете ги за дружење и забава! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/04.gif[/img] RAK Брзина и динамичност во полето на вашита работа(кариера).Ве очекуваат бројни настани кои воглавно ќе се базираат на вашите незавршени обврски кои остро ќе бидат осудувани од родителите или од блиските роднини.Ова е неповолен период за радикални зафати, и пред секој ваш потег кој има далекосежни промени добро размислете за можните последици!Партнерот кој делумно ќе има разбирање за вашата ситуација, но пренагласената агресивност може за кусо време да ги наруши вашите досегашни складни односи. Внимавајте на можните скандали што ви ги подготвуваат вашите соработници - ривали, особено доколку се работи за финансиски средства кои сте ги покривале изминатиот период! Добри реализации во првата и последната недела од месецов! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/le.gif[/img] LAV Многу битен месец!Можеби ќе се обидете да ги здружите силите со вашите најблиски во реализацијата на една ваша заедничка инвестиција. Полето на пари ви е инзвонредно добро аспектирано и доколку постои ваква можност не се премислувајте ,туку користете го зборот "акција".Како поволни денови за почеток се 7до 11 и после 20 април. Овој период ќе ви биде динамичен и исполнет ,затоа предвреме планирајте го слободното време!Не емотивно поле кризата од минатиот месец е зад вас и следуваат пријатни мигови со саканото лице!Здравје доколку имате прооблеми со грбниот(кичмениот дел),проверете ја вашата телесна тежина...А потоа се знае... диета или "рецесивно" мени со планираната исхрана! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/vi.gif[/img] DEVICA Вашите претпоставки за исплата на материјални средства, особено од хонорарните активности, се оправдани бидејки во втората половина на април ќе се здобиете со определена сума на готови пари кои можат да ви овозможат регулирање на вашата и онака тешка финансиска ситуација. Загубите ќе успеете да ги покриете ,но се советува да не се задолжувате. Месецов треба корисно да го испланирате ,бидејќи веќе следниот месец следат реализации и успех на работен план.Што се моднесува на релациите љубов-партнер ,избегнувајте препирки и кавги,бидејќи следниот месец се надминуваат проблемите.Овој период е малку проблематичен за вашата исхрана и треба да се внимава на брз премин на пролетните намирници. Внимателно после 3 и 17април! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/li.gif[/img] TEREZIJA Имате голем број на обврски околу својата работа и тешко е да се претпостави дали ќе успеете да стигнете на сите полиња и сите свои обврски перфектно да ги завршите. Имате доста планови кои намеравате да ги реализирате во блиска иднина и кои претставуваат дел од вашите подолгорочни инвестиции.Искористете ги новите контакти,бидете пбрзи и "промптно" одговорите на краткорочните цели.Не се премислувајте да застанете на страната на новите предлози и спремно дочекајте ги деновите од 3до7 и 14до 17април.Доколку позитивно ги решите можните проблеми очекувајте успешен месец! Еден извонредно интересен настан во односите со вашиот партнер ќе ве наведе да следните чекори во релацијата со партнерот ги преземете сами и да се обидете да ги проверите информациите за него и за дел од неговото минато. [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/sc.gif[/img] SKORPIJA Имате потреба од разговори со вашите пријатели во врска со љубовта, од кои барате совет и помош како да му се приближите на саканото лице!Нека храброста во деновите околу 5 и после 11април допринесат нештата да се одвиваат како сте замислилеШто се однесува до работата не треба многу да ветувате во овој период заради неизвесноста на ситуацијата во која се наоѓате.Неповолни аспекти во работењето може да бидат околу 7 и од 16 до 18април.Во овие денови не ризикувајте ако нема потреба. За некои скорпии месец април или мај следуваат пријтни мигови и можен брак,посебно доколку имаат 24 или околу 30 години.Па среќно! [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/sa.gif[/img] STRELEC Статусот во вашата кариера ќе добие посилни основи(освен доколку не сте административец), а можностите за успех ќе бидат далеку поповолни. Можеби вашите долгогодишни напори да истапите кај претпоставените и да постигнете соодветни резултати на полето на трговија, издавачката дејност или комунаикациите воопшто, конечно ќе вродат со плод. За другите професии, исто така е поволен овој период и нуди можност за нови деловни почетоциБидете внимателни во поглед на љубовта и не изедначувајте ги пријателските односи со емотивните посебно во првата и последната недела од месецов! Покажете мало внимание кон партнерот - подарете цвеќе, парфем или некаква мала ситница. [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/cp.gif[/img] JAREC Време за растеретување на вашите планови. Нагласокот на вашите активности се сведува на коначна реализација на вашите идеи и планови. Покрај тоа што темелно ги имате зацврстено вашите знаења во областа на вашата кариера, сепак брзите настани ќе бараат од вас и додатни напори за да го она што е новитет или за вас нешто непознато посебно после 10 април и од 16до20. На тој начин ќе можете сето свое знаење да го манифестирате во јавноста со еден извонреден биланс како може да се надополнуваат вашите досегашни и идни работни задачи.Што се однесува до вашите финансии ќе се соочите со некој проблем со вашите стари пријатели и бидете внимателни доколку им должите некаква услуга!Во љубовта месецов има поправен испит за "климавите"парови и шанса да ги урамнотежат односите.Младите Јарци ќе се заљубат. [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/aq.gif[/img] VODOLIJA Веке е време да се посветите на новите работнои обврски и заедно со новите пријатели и позбнаници ги довршите започнатите активности!Корисно е да ја прифатите сугестијата на постаро женско лице кое пподолго време ви укажува на вашите пропусти,а тоа како да не допира до вас.На емотивен план добри моменти околу 7 и 12,а одлични после 19април.Брачните партнер нека внимаваат околу 5 и 18 посебно доколку се под кирија или немаат постојано место на живеење!доколку имате месечина во знакот на бик оваа е потежок месе за вас и се советува одложување на вашите инвестиции за овој месец.Младите припадници на овој воздушен зодијачки знак ги очекуваат нови познанства и заеднички излегувања со "лична карта"за секој случај!Во тренд е пирцот но внимателно со местото каде сакате да се "пирцнете". [img]http://www.mt.net.mk/horoskop/images/pi.gif[/img] RIBI Моментално сте преокупирани со вашата финансиска ситуација и домот кој може да не е најдобра клима за живеење поради истите причини. Наидувате на проблеми кои се од материјална сфера па и најосновните потреби,па се советува штедење и строго намеска употреба на финансиите.Сепак извесна сума пари ве очекува,а дали ќе пристегне ненадеен "бонус" ѓе дознаете после 3 или 16април.Можеби вашите мисли ќе бидат насочени за некое службено патување, за кое нема веднаш да се определите, но самата организација на патувањето за вас ќе биде вистински предизвик.Од друга страна, постои една мала доза на изолација во вашите односи со другите луѓе, што ќе се манифестира и со некаков вид на незадоволство. Затоа место да очајувате поканете ги пријателите на чај,кафе,сладолед...,но бидете поубедливи. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |