yURI |
ОВЕН 21.3. - 20.4.
Денеска нема бегање од обврските, затоа обидете се да ги реализирате, се разбира, почнувајќи од најважните. Со тоа вашата тензија ќе се намали, а вие ќе се чувствувате многу порелаксирано. Покрај тоа, оставете ги отворени опциите и бидете подготвени на некој нов договор.
БИК 21.4. - 21.5.
Се чувствувате исцрпено, а тоа е одличен знак дека треба поголемиот дел од работата да му ја препуштите на својот партнер. Па, редно е да си посветите дел од сопственото време и на себеси. Оставете некој друг да се погрижи за проблемите со кои се справувате долго време!
БЛИЗНАЦИ 22.5. - 21.6.
Имате можности за екстра заработувачка.. Прашање е како да ги ставите парите во својот џеб? Преферирате да работите со својот ум, отколку со својата сила. Сепак, денеска поверојатни се шансите дека ќе треба да ја употребите својата физичка сила наместо ум.
РАК 22.6. - 22.7.
Вашиот партнер денеска би можел да биде импресиран од вашата работа. Тој или таа е вашиот најдобар ментор и пријател. Ако, пак, сў уште немате покрај вас добар пријател, тогаш обидете се да го/ја најдете меѓу луѓето од најблиската околина.
ЛАВ 23.7. - 22.8.
Денеска најверојатно ќе треба да го расчистите нередот што владее во вашиот дом. Почнете порано, бидејќи подоцна ќе најдете некоја многу поинтересна работа која ќе го привлече вашето внимание. Покрај тоа, ако го покажете вашиот ентузијазам кога станува збор за тешката работа, ќе оставите одличен впечаток.
ДЕВИЦА 23.8. - 22.9.
Изгледате добро, а тоа е делумно последица и на причината што овојпат ја имате - контролата над ситуацијата во свои раце. Можете да се справите и со работите со кои претходно не можевте да излезете накрај. Дефинитивно оставате впечаток на сигурен човек.
ТЕРЕЗИЈА 23.9. - 22.10.
Речиси целото време го минувате во реализација на своите работни обврски, а друго нешто во вашиот живот одамна не постои. Како и да е, прекрасно е да се сака она што се работи. Издржете уште малку, а потоа ќе го имате целото време на светот - одмор!
СКОРПИЈА 23.10. - 21.11.
Прекрасно се чувствувате и се наоѓате на самиот врв од вашето расположение! Но, некој постојано ве набљудува и токму затоа треба да бидете повнимателни во она што го правите. Сепак, денеска е ден да здивнете, едноставно - направете го она што го сакате и воопшто не грижете се за парите!
СТРЕЛЕЦ 22.11. - 21.12.
Подобро е да поканите некого дома, отколку да излегувате. Тоа би било далеку позабавно, отколку одењето на некое друго место. Ако, пак, не се чувствувате расположено за друштво во домот, обидете се да поразговарате за практичните работи со вашето семејство.
ЈАРЕЦ 22.12. - 20.1.
Моментално, вашиот интерес е насочен во голема мера кон духовните работи, но тоа нема да ви претставува никаков проблем за постигнување. Но, имајте на ум, дека на пример со парите би можеле да направите навистина многу работи!
ВОДОЛИЈА 21.1. - 18.2.
Во моментов ви е потребна целата помош која ја добивате, а тоа посебно се однесува на советите упатени од една постара личност. Ако извлечете нешто заедничко од нив - употребете го. Едноставно, практичниот одговор е клучот на успехот, без разлика каде ќе го пронајдете.
РИБИ 19.2. - 20.3.
Да се биде опкружен со лицата кои ви се драги, претставува прекрасно чувство. Во моментов би требало да бидете заедно со нив. Ако, пак, е потребно за тоа малку повеќе време, не очајувајте. Без разлика дали ќе се организирате во вашиот дом или пак во нечиј друг, ќе си поминете прекрасно.
|