yURI |
1789.- Прославениот војсководец Џорџ Вашинтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1897.- Во Виена умре Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент, еден од најголемите композитори во светот. Компонираше симфонии, клавирски концерти, камерна музика, а особено се истакнува со компонирање на соло песни. Роден е во Хамбург, на 7.05.1833 година.
1945.- Во Скопје, со изведувањето на претставата "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1982.- Аргентинските трупи се истоварија на Фокландските Острови, а претседателката на британската влада, Маргарет Тачер издаде наредба за поаѓање на англиските воени бродови кон Фокландските Острови. Судирот заврши на 14.06.1982 година, со предавање на аргентинските трупи во Порт Стенли.
|