OooOo |
shto e poefikasno za prevaspituvanje na vakvi debili ??
ЕДЕН МЕСЕЦ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Средношколците бараат нов распоред на часовите, за да стигнат во кафуле
Учениците се жалат дека не можат да постигнат да одат во училиште, посебно во втора смена, а истовремено навечер да го живеат ноќниот живот, кој е скратен до 23 часот
Средношколците бараат наставата во училиштата од сабајле да почнува подоцна. Наместо во 7.30 часот, учениците бараат часовите да започнуваат во 9 часот изутрина. На ваква промена во распоредот средношколците инсистираат поради проблемот што хронично го имаат со станувањето рано, но и поради новото работно време на кафулињата. Тие се жалат дека не можат да постигнат да одат во училиште, посебно во втора смена, а истовремено навечер да го живеат ноќниот живот.
"Посебен проблем ни претставува втората смена кога часовите најчесто завршуваат во 20 часот. Тогаш учениците немаат време да се вратат дома, да се подготват за излегување и да излезат. А сега со новата шема кафулињата затвораат во 11 часот", вели претседателот на Унијата на средношколци Јована Базеркова.
Од Унијата на средношколци кажуваат дека е потребно да се направи нов распоред на часовите и да се реши нивниот проблем. Во никоја друга земја, освен во Македонија, нивните врсници не стануваат толку рано.
"Премногу е рано, за да може некој нормално да функционира. Секаде наставата во училиштата почнува барем после 8 часот", реагира Базеркова.
"На сите меѓународни трибини што сме ги организирале досега, еден од главните проблеми што го истакнуваат средношколците е токму почетокот на наставата на сабајле. Во разговорите со нашите соработници дознавме дека, на пример, во Финска, Белгија, Шведска наставата почнува во 9 часот. Сигурно има и други примери", посочува Базеркова.
Оваа организација наредната недела и лично ќе му го пренесе барањето на министерот за образование Азис Положани. Најверојатно, вели Базеркова, ќе се формира комисија, која ќе треба да ги разгледа можностите за реализација на ваквата промена.
Ова е прва реакција на средношколците сврзана за распоредот на часовите откако се воведе полицискиот час за кафеаните и другите угостителски објекти. Тие немаат конкретен предлог, но велат дека Министерството е обврзано да им го реши овој проблем.
|
sfetle |
Neshto ne mi e jasno....koja e vrskata pomegu iskachanjeto i stanuvanjeto rano za na uchilishte,.koga neli spored noviot zakon kafichite zatvoraat vo 23h,znaci porano za razlika od porano.....pa spored toa imaat povekje vreme za spienje za razlika od porano koga rabotea do mnogu podocna navecher........a od druga strana dokolku se sprovede toa.....prvata smena da zapocne vo 9h ,togash vo kolku saat treba da pochne vtorata smena?!? vo 15h?!? nekako ne mi e logicno....
edinstven izlez e samo onie uchilishta shto imaat samo po edna smena,odnosno shto uchat samo vo prva smena da im se dozvoli da pocnat pokasno,ali pak so toa kje se pobunat onie shto uchat vo dve smeni......taka da spored mene ne bi trebalod a se menuva nishto..... |