yURI |
1786.- По углед на Француската академија, шведскиот крал Густав Трети ја основа Шведската академија позната во светот по тоа што ја доделува Нобеловата награда за литература. Прв добитник на Нобеловата награда за литература е францускиот писател Рене Сили Придом (во 1901 година).
1945.- Во Скопје излезе првиот број на весникот "Флака е влазеримит" ("Пламен на братството"), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949.- Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Атланскиот пакт (НАТО), воен договор, со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968.- Во Мемфис, во амриканската сојузна држава Тенеси, е убиен Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир. Целиот свој живот, упорно работеше против расната сегрегација, беззаконието и поделеноста. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1964 година. Во 1967 година ја предводеше колоната од околу 300.000 демонстранти во големиот "Марш на мирот" во Њујорк, протестирајќи против американската војна во Виетнам. Роден е во 1929 година.
1969.- Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умре по четири дена.
1988.- Во Скопје умре Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена е во Штип, во 1900 година.
|