yURI |
ДНЕВЕН ХОРОСКОП
ОВЕН 21.3. - 20.4.
Благодарение на одличната соработка и поддршка, може да очекувате деловен успех. Не може да се пожалите ниту на емотивниот живот, кој деновиве е доста бурен. Се е во ваш стил- колку полудо толку подобро! Играјте си помалку со чувствата на партнерот.
БИК 21.4. - 21.5.
Желбите се една работа, а околностите нешто кое оди во сосема поинаков правец. Што се случува со вас? Чувствувате чудна наклонетост кон некоја личност, но не ви одговара да ги потиснувате чувствата. Воздржаноста почна да ве оптеретува.
БЛИЗНАЦИ 22.5. - 21.6.
Искористете го овој фантастичен период за паметни одлуки и расчистувања, посебно на емотивен план. Можеби очекувате од околината повеќе од реалните можности? Има толку прашања на кои треба да одговорите, па неизвесно е во кој правец ќе појдат работите.
РАК 22.6. - 22.7.
За чудо, ги запрепастувате луѓето околу вас со својата дипломатичност. Променете ја работата и почнете да се занимавате со политика, зашто имате талент за таа работа. Емотивната сила ви е од голема помош. Треба да внесете оптимизам во секојдневието.
ЛАВ 23.7. - 22.8.
Бидејќи сте чувствителни- лесно се навредувате, па затоа ќе побарате излез во осамувањето. Тоа ќе ви помогне да се соберете и да размислите за новонастанатите проблеми. Се затворивте во четири ѕида, па обидете се да бидете задоволни.
ДЕВИЦА 23.8. - 22.9.
Ве очекува успех на сите полиња. Работата ви цвета, партнерот преде како маче и ви се додворува како кученце. Што уште би можеле да посакате? Уживајте во моментите на среќа, но не претерувајте со јадењето, посебно не со слатките работи.
ТЕРЕЗИЈА 23.9. - 22.10.
Бидејќи не признавате пораз, ќе се борите за да успеете. Иако се се одвива бавно, тешете се зашто знаците на успех веќе се надзираат. Имате проблеми на емотивен план, не сакате отворено да се изјасните. Ситуацијата бара трпение и упорност.
СКОРПИЈА 23.10. - 21.11.
Среќата е на ваша страна. Очекувајте успех на деловен план пропратен со финансиска добивка. Можеби тоа е причината поради која се чувствувате добро? Всушност, и емотивниот живот не е за потценување. Се наоѓате во фаза на регенерација.
СТРЕЛЕЦ 22.11. - 21.12.
Го делите успехот со некого. Ви одговара се што се однесува на тимската работа, па функционирате во тој стил. Сакате да ги претресувате љубовните проблеми, но бидејќи сте во право, партнерот ќе се изнервира. Запрашајте се за објективноста која ја внесувате во врската.
ЈАРЕЦ 22.12. - 20.1.
Некој успева да ја заголицка вашата фантазија. Резултатот е неизвесен, а не е ни важен. Примарна е состојбата на среќа и задоволство. Многумина од вас деновиве се обидуваат да ја озаконат врската. Ако се јават здравствени проблеми, не паничете.
ВОДОЛИЈА 21.1. - 18.2.
Постојано сте во движење. Или одите на пат, или некој ви доаѓа на гости. Првата варијанта е поповолна за вас и бара помал труд. Некој не се сомнева во тоа дека ќе успеете да се задоволите на најдобар можен начин. Се наоѓате некаде помеѓу реалноста и фантазијата.
РИБИ 19.2. - 20.3.
Многу врева за ништо. Новонастанатите случувања креваат прашина, но штом таа спадне, ќе констатирате дека попусто сте се нервирале. Единствено ќе ви биде криво што сте опкружени со неискрени луѓе. Запрашајте се дали сами сте ги бирале или ви ги наметнале?! |