yURI |
1588.- Роден е Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата "Човек на човека му е волк". Напишал многу дела меѓу кои се "Левијатан" и "За политичкото тело". Умре на 4.12.1679 година.
1654.- Со мирот во Вестминстер (централен дел на Лондон) заврши првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.
1794.- Гилотиран е Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. Тој беше жртва на јакубинскиот терор. Роден е на 6.10.1759 година.
1955.- Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1982.- Првите британски воени бродови испловија кон Фолкландските острови во Атланскиот Океан.
1987.- Во Скопје умре Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија. Родена е во Битола, во 1915 година.
1989.- Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа.
1999.- Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион "Боинг 747" над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.
|