Trpe zakon! |
OooOo |
Трпе бил на печалба во Германија и не му текнувало да се врати дома. Еден ден му се јавува Трпана:
- Слушај море Трпе, кај не доаѓаш, прати барем една слика да те видам, а и мајка ми сака да те види, те заборавивме како изгледаш.
Трпе решил да им ја исполни желбата па се сликал гол. Долниот дел од сликата сакал да ја прати на жена му, а горниот дал на баба му. Арно ама ги смешал сликите и така ги пратил. Кога пристигнале сликите Трпана го гледа горниот дел на сликата...
- Е Трпе, Трпе, без мене си ослабел, никаде ти ги нема образите.
Во исто време и баба му ја гледа долниот дел од сликата, ги става наочарите...
- Е Трпе, Трпе истиот си остана, небричен, запуштен и краватата пак на криво си ја врзал.
|
buc |
pa neli gleash deka pishuva Meksikanski ako sakash da naucish odi u Debar barajgo na OooOo da te uci :)))))) |
slasa |
a de sakas spanski da ti pisam istpo |
fio |
Вест чуда прави |
OooOo |
Трпе му вика на Господ:
- Цел живот сум бил побожен, не сум грешел, не сум правел бељи, е сега би сакал пред смртта ако може до Хаваи да отидам. Тоа отсекогаш ми била желба. Само ако може до таму мост да ми направиш за да возам, бидејќи се плашам од висина и не можам да одам со авион, а од бродови добивам морска болест па ќе ти приумрам додека дојдам таму.
- Види Трпе, технички е невозмоно, океанот е длабок, не е возможно да направам толкави столбови, па морето е немирно, може да биде многу опасно! Ај кажи друга желба.
- Добро тогаш, ај објасни ми зошто жениве се такви, едно мислат друго прават, зошто не можат да видат некои работи, а кога ќе ги видат погрешно ги разбираат....
- Слушај, сакаш мост со две или три ленти?
|
fio |
Станот на Трпе и Трпана, среде ноќ...
- Трпанооо, во купатило има духови!
- Ма какви духови Трпе?
- Духови има Трпано сто посто, јас влегувам во купатило, светлото само се пали, мочам тоа свети, излегувам само се гаси...
- Абе Трпе тоа е фрижидерот.
|
fio |
Се среќава Трпе со некој другар:
- Гледам жена ти добро ослабела.
- Да да, тоа е благодарение на една стара добра кинеска диета, јаде секој ден само супа.
- Со фиде?
- Не со стапчиња. |
OooOo |
Трпе направил сообраќајка и се наоѓа во полициска станица.
- Добро бе Трпе како ти успеа да прегазиш 31 човек.
- Види сега, возам јас по удолница и ми откажуваат кочниците, на едната страна гледам двајца пешаци а на другата 30 души како чекаат деветнаеска. И нормално сега, подобро да ги згазам двајцана нели? Е арно ама, оној едниот почна да бега накај оние што чекаат автобус, и бидна, што да правам?
|
OooOo |
najdobar vic do sega shto go imam chueno hahahahhahahahaha
Разговара малиот Трпе со татко му и го прашува како да си фати девојка.
Татко му му вели, ке ја однесеш на Водно ке седнете и ке и речеш: -Ги гледаш sвездите на небото , сите ке ги симнам за тебе.
И малот Трпе ја носи симпатијата на Водно седнуваат ама времето било облачно немало ниедна sвезда. И не знаел што да и каже па и вели:
- Го гледаш оној каменот што стои таму?
Ако ти го акнам од глава сите sвезди ке видиш.
|
NARCIS` |
Стјуардесата: Господине, наскоро ќе слетаме. Забележав дека во текот на летот цело време се мешколевте на седиштето... сцрвенет во образите. Веројатно ова Ви беше непријатен лет.
Патникот: Напротив. Еден од најпријатните. Знаете, морав да прошверцувам во авионот едно мало кутре, па го сокрив во гаќите, а тоа сеуште е цицалче...
|
NARCIS` |
Мечокот си купил бурек, и отишол да си ги измие рацете, за тоа време некој му го украл бурекот.
- Ах да го фатам мангупот, главата низ газот ќе му ја извадам.
Во близина се нашла лиската.
- Лиске мори, кажувај кој ми го дрпна бурекот?
- Не го видов најдобро, ама имаше големи уши.
Во тоа време влегува зајкото дома целиот задишан:
- Брзо залижувајте ги ушите со гел, магарето гадно ќе наебе!
|
OooOo |
Дошол Хасо кај Мујо на гости,а тој го извадил патлакот и го грее на шпорет.
-Што правиш бе Мујо?
-Еве, тренирам физика.
-Како така, не те разбирам?
-Епа нели викаат дека кога некое тело го загреваш, тоа на топло се шири, а кога го ладиштоа се собира, па ете сега проверувам дали тоа е вистина.
-Аха, а каде ти е Фата?
-Па у фрижидер и она тренира.
|
f9 |
Кон крајот на 20-тите години од минатиот век, српскиот крал Александар дал налог да се спроведе телефонска линија во Мариово за да им докаже на бунтовните Македонци дека ги "воли". Влечењето кабел од Битола до грчката граница траело со недели. Конечно, по тримесечно пробивање по течението на Црна, жицата пристигнала во селото Бач. Селаните се собрале околу кметската зграда за да го видат чудото кое овозможувало да се прави муабет на далечина, а без да мора да се вика. И баш кога ја разгледувале технолошката чаролија на Бел, апаратот заѕвонил. Тоа бил првенецот на Вардарска Бановина, кој сакал прв да ја сефтоса телефонската врска со своите мариовски поданици. Селскиот падар ја кренал слушалката, а оттаму се зачул глас: - Халоо, овде је-Бан. А селанецот итарпејовски му одговорил: - Овде је-Бач.
И така селото Бач "ничим изазвано" добило телефон.
|
OooOo |
Отишол малиот Трпе да купи бурек:
-Ај ве молам четврт со месо.
- Немаме бурек.
- Добро, дајте ми тогаш четврт со сирење.
- Дете ај не ме дупчи!!
Утре дента ете ти го пак малиот Трпе.
- Ај ве молам четврт со месо.
- Дете, бурекот се потроши!
- Добро, дајте ми тогаш четврт со сирење.
Е ќе видиш магаре едно сега ќе те кажам на татко ти!
Утре дента ете го таткото на Трпе.
- Да знаеш дека син ти е едно невоспитано детиште, јас му викам нема бурек, тој пак, дај ми со месо, дај со сирење...
- Па што не го мавна со тоа бурекот по глава!!!
|
Strelec |
Трпе имал тенок женски глас и жена му многу се срамела од него.
Еден ден го седнала и ...
-Трпе, мора нешто да направиш, оди на лекар нека ти направат нешто, вака веќе не се издржува, сите ти се потсмеваат а само јас знам колкаво мажиште си, да видат другите колкав ти е патлакот нема да ти се смеат така.
И Трпе отишол на лекар.
-Докторе аман помагај дај ми машки глас инаку жена ми нејќе да ме види.
Докторот имал длабок глас:
-Значи сакаш ваков глас а!?Нема проблем, само да знаеш ќе морам да ти го скратам патлакот!
-Нема проблем!-рекол Трпе.
Жена му целата насмеана го шета Трпе по пријатели, сите се воодушевуваат од неговиот длабок глас. Арно ама кога жена му го легнала вечерта, што да види, патлакот го нема.
-Враќај се назад Трпе, докторот нека ти го врати алатот, глас не ти треба!
Отишол овој утре дента.-Жена ми кажа да ми го вратиш патлакот, а да ми го земеш овој длабок глас.
А докторот со тенок женски глас: Е нема сега, на ти го - дај ми го! |
OooOo |
Додека тројцата другари на Трпе го чекале да дојде на партија покер си правеле муабет за своите деца:
- На мојот син така добро му тргна во бизнисот со продажба на автомобили што на некој свој пријател му подари најнов тип на БМВ.
- И на мојот син добро му оди бизнисот со недвижнини, толку многу се збогати што на еден негов пријател му подарил куќа на Водно со базен.
-Абе што да ви кажам, и мојот син е ептен успешен во банкарството. Толку многу му оди што на некој пријател му дал подарок акции вредни 100.000 евра.
Во тој момент во собата улетал Трпе ги слушнал што муабети прават и тој го пофалил неговиот син:
-Мојот син да ви кажам е хомосексуалец. Работи во некој ноќен бар за педери како играч на шипка. Ама сигурно е добар во кревет. Сега пред некое време добил подарок едно БМВ, куќа на Водно со базен и едно брдо акции.
|
OooOo |
Трпе решил неговата стара мајка да ја однесе во старечки дом и таму да се грижат за нејзе, како што таа си заслужила со своите години. Првото утро сестрите ја избањале старата бабичка, убаво ја нахраниле со вкусен доручек и ја седнале на едно столче покрај прозорецот. По некое време бабичката почнала да се клати на столчето лево-десно како да ќе падне. Се стрчале сестрите и ја исправиле. По некое време бабичката пак почнала да се клати лево-десно, сестрите пак набрзина дошле и ја исправиле на столицата. Така цел ден. Утредента кога дошол Трпе да ја посети својата стара мајка, ја прашал како го поминала првиот ден и дали с се допаѓа во домот.
-Леле синко, не е толку лошо, само што по цел ден стојат покрај мене и не ми даваат да прднам.
|
OooOo |
Трпана и двете најдобри пријателки играат бриџ и си прават сексуални муабети. Едната пријателка рекла:
- Јас да ви кажам со оној мојот користиме спирала, така сме најсигурни.
- А оној мојот пак употребува презервативи, точно дека уживањето не е баш ко што треба, ама што ќе правиш.
- Ја и Трпе најчесто користиме канта. Пошто Трпе е многу понизок од мене он се качува на кантата и кога ќе го приметам дека почнува да превртува со очите, јас само ја зашутирувам кантата со нога.
|
M_Man30 |
hello! |
ragazza |
Трпе секоја вечер одел по кафеани и се враќал касно дома. А жена му кутра секоја вечер го чекала.
И една вечер се враќа Трпе дома, а жена му ја нема. Го фатило јанsа и седнал да ја чека. Се враќа оваа во 4 часот наутро.
- Кај си мори ти!
- Па на курс!
- На каков курс ма во ова време, тоа "с" да не ти е за камуфлажа!
- Не, за множина!
|
Strelec |
Влегува Трпе во банка маскиран како разбојник со пиштол во раце и доаѓа до шалтерот:
- Ама господине, ова е банка за сперма!
- Одлично, донеси ја спермата.
Службеничката се свртела, дофатила неколку шишенца и му ги подала на разбојникот.
- Ајде сега земи испиј го тоа!
- Но господине ве молам...
- Пиј таму кога ти викам!
Службеничката го натегнала едното шишенце, па второто, па третото...Тогаш Трпе ја симнал маската:
- Ееее Трпано гледаш дека можеш!
|
ozonce |
Prv pat od koga sum na forumot, ovoj forum prv pat ggo posetiv sega. i pominav 1 saat chitanjki gi via raboti i se skinav od smea... bravo OooOo |
AaaAa |
Statia...Goriloto ... zatvor se odi za takvi raboti bre more :) |
OooOo |
Се возел Трпе со кола низ шума и одеднаш на патот му излетало мало црвено џуџе. Трпе се изнервирал излегол од кола и го прашал џуџето:
-Кој си ти?
-Јас сум црвено џуџе и јас сум педер, имаш ли нешто за јадење?
Трпе се сожалил, му дал нешто за јадење и продолжил. Возел така понатаму и пред него излегло зелено џуџе.
-Кој си па сега ти?
-Јас сум зелено џуџе и јас сум педер, имаш ли нешто за пиење?
На Трпе пак му паднало жал за џуџето и му дал нешто да се напие. Продолжил да вози кога пред него излегло некое плаво џуџе. Трпе изнервиран излегол од колата и рекол:
-Добро, добро, знам дека ти си плаво џуџе и дека си педер, ајде сега кажи што сакаш?
- Вашата сообраќајна и возачка дозвола!
|
Eko1 |
Pricaju dva kondoma, i rece jedan:
- u zadnje vreme sanjam decu,
- a drugi ce covece pa ti si puko!!
[:D] |
Eko1 |
Najbolji TV je zena!...
Naprijed 2 dugmeta, nazad zvucnik, a u sredini ekran. Mjesecno emisija u boji. Ako to slucajno izostane,... onda je netko sjebo aparat !!! |
yURI |
Pita zena nakon seksa:Ako ostanem trudna, kako cemo zvat dite.Muz skine kondom,zaveze ga i baci ga kroz prozor.Ako iz ovoga izadje, zvat ce se DAVID COPPERFIELD
|
OooOo |
Учителката им дала задача на децата да нацртаат цртеж слушајќи музика од Бетовен.
Диме нацртал расцветано поле и деца како си играат.
-"Ода на радоста", - го објаснил Диме цртежот.
Стефан нацртал ливада и овчар со овци.
-"Пасторала", го објаснил Стефан својот цртеж.
Малиот Трпе нацртал ташак, а учителката шокирана го прашала:
-Што ти е ова Трпе?
-"За Елиза".
|
OooOo |
Трпе си имал голема мака, алатот му бил толку голем што имал проблеми со жените. Еден ден се пресрамил и отишол на доктор.
- Докторке, аман помагајте, толку ми е голем алатов што сите жени ми бегаат од паника кога ќе го видат.
- Добро, соблечете се.
Овој целиот поцрвенет ги свлекок гаќите.
Докторкава почнала да го прегледува, го гледа од лево, го гледа од десно, почнала да го врти....
- Докторке, ќе ми препишете нешто...
- Да, ќе ти ја препишам и колата и куќата и викендичката...
|
AaaAa |
Se zapoznal Trpe so nekoj crnec i go prashuva :" Abe zasho jas nemozam da napraam crno dete?" Crnecot go gleda i go prashuva , 25 santimi imash? NE! A sirok ti e 6 santimi? Ne! epa batka ti vlaga svetlina od stranite, zatoa nemozes! |
AaaAa |
Mu ide prijatelot na Trpe i mu veli: " Slusaj imam edna vest na dusa so ja nosam podolgo moram da ti ja kazam , ama i edna losa .' Trpe go gleda i veli aj da ne me sokirash so losata probaj i dvete vesti da gi stavish vo edna recenica ako mozesh?! Stoi se misli coekot i posle edno vreme vika :" Trpe , nekoj ni ja raboti ZENA NI" |
buc |
koj ke go najde u jamajka? |
ragazza |
hahahahah
al je romantican :)) |
fio |
Се договарале Трпе и Трпана како да се прашуваат кога сакаат да се сексаат, а нормално тоа децата да не го разберат. Се договориле за шифрата "Ќе ја вклучиме ли машината за перење". Така Трпе една вечер ја прашува Трпана:
-Трпано, ќе ја вклучиме ли вечер машната за перење?
-Не можам, ме боли глава.
Утредента Трпе пак ја прашал Трпана, а таа му одговорила дека ја боли грбот. Неколку вечер Трпана си наоѓала изговори, кога една вечер му седнала во скутот на Трпе и онака секси го прашала;
-Драги, ќе ја вклучиме ли машината за перење?
-Е, Трпано, јас одамна исправ сe рачно!
|
fio |
Трпе имал тешка сообраќајка, десната нога му била многу повредена така да хирурзите одлучиле да му ја ампутираат. После операцијата се буди Трпе од анестезија, а над него стои докторот со насмеано лице:
- Докторе, како сум, дали е сй во ред?
- Како да ви кажам... и така, и така. Имам една добра и една лоша вест.
- Леле докторе, ај прво кажете ја лошата.
- Па, по грешка ви ја ампутиравме здравата нога.
- О Боже господе, па која е тогаш добрата вест?
- Е, добрата вест е тоа што повредената нога толку добро е заздравена што немораме воопшто да ја отсечеме.
|
fio |
Отскокнува од Трпе, ама добар е :)
Се вратиле Мујо и Хасо од привремена работа од Германија и си се жалат еден на друг:
- Хасо да ти кажам јас сватив дека жена ми ме изневерува... со петел.
- Ај не зезај, од кај па сега тоа со петел.
- Во спалната соба најдов пердув.
- Ма не е тоа ништо страшно, мене мојана ме изневерува со камион, во креветот најдов камионџија.
|
Impolite |
zakon e:) |
SeKeR |
i jas taka vikam..se slozuvam so tvoeto mislenje ! |
buc |
seker so se slozuvash bre kako da razbra so procita se a :o) |
fio |
quote: Originally posted by SeKeR
i jas taka vikam..se slozuvam so tvoeto mislenje !
a so sho se slozuvash? [:D] |
OooOo |
Доаѓа попот кај некој дедо во болница кој бил пред умирање и меѓу другото го прашал за последна желба.Дедото му рекол дека ептен му било мерак за последен пат да излиже некоја млада женска.Тука се мувала некоја млада,згодна медицинска сестра и попов ја прашал дали ќе може да помогне.
-Зошто да не,само во моментов имам месечен циклус.
-Тоа нема проблем,дедово и така е пред крај,па нема да му смета.
Му се качила сестрата на дедото и после неколку минути дедото скокнал од креветот направил пет-шест склека покрај креветот и
рекол:
-Е после ваква трансфузија,вреди да се поживее уште некоја година!
|
OooOo |
Трпе и жена му биле во зоолошка градина. Поминале покрај горилото и ...
- Жено дај покажи му нога, да видиме како ќе реагира.
Оваа покажала и горилово почнало да збеснува.
Се занела Трпана па ја подигнала сукњата, а горилово почнало да ги тресе решетките со сета сила. Сега Трпана му ги покажала градите и горилово ги скршило решетките и почнало да ја брка.
- Трпеее помагај , што да правам!!!
- Па кажи му дека те боли глава!
|
AaaAa |
"GORILOTO?" NA koj jazik e ova ziti sve :)))) |
slasa |
Setal Milosevic na terazija i pominal kaj spomenikot na karagorgevic
Od ednas nekoj mu veli : Ej , Ej ti sto se mislis . Koj Jas mu odgovoara milosevic .
Da ti . Ma nisto samo setam .
E pa najdi nekoja zenska za mene .
Milosevic se misli . kako mozit statuata da zborvit so mene .
si odit doma i i kazuvat na Zenamu Mira .
Miro Miro , vaka i vaka mi se desi . Ma kako da ne statia tebe ke ti zborvi .
pa aj da odime da vidis .
Otisle Milosevic i Mira pak kaj statijata.
I od dednas karagorgevic mu veli na milosevic .
E pa nisam ti reko da mi dovedes tu Kurvu rekaoi sam ti zensku
|