Sramota!!! |
melpomena |
Албанците не дозволија помен за масакрираните во Вејце
Владимир Мирчевски
Pодителите на осумте полициски и армиски специјалци кои за време на конфликтот во 2001 година загинаа кај тетовско Вејце најверојатно идната сабота ќе го посетат местото каде се случи настанот.
Ова е резултат од денешните неколкучасовни разговори меѓу владините и претставниците на меѓународната заедница во земјава, од една, и албанското население од селата под Шар Планина, од друга страна.
Иако посетата беше договорена, селаните денеска наутро не дозволија да мине конвојот од возила, блокирајќи го патот кон Вејце.
Ниту министерот за внатрешни работи Хари Костов, ниту американскиот амбасадор Лоренс Батлер, ниту шефовите на цивилната и воената мисија на ЕУ во Македонија, Алексис Брунс и Пјер Марал, не успеаја да ги разубедат локалните жители да ја тргнат блокадата.
Костов видно нервозен дури и најави своја оставка ако патот не биде ослободен.
„Атмосферата е повеќе како пикник, но кај селаните се уште се свежи сеќавањата од борбите. За некои работи треба време, но ќе се остварат. Јас сочувствувам со роднините“, изјави Батлер.
Според министерот Костов, „емоциите во Македонија се на високо ниво“.
„Потребно е надминување на фрустрациите и реваншизмот и да гледаме кон иднината, освен ако не сакаме да останеме гето во регионот“, рече Костов по средбата со родителите на загинатите бранители во тетовската касарна.
Миливој Костевски, претседател на организацијата „Херои на Македонија“, смета дека правната држава не функционира на терен и изрази надеж дека ветеното ќе се реализира идната недела.
Договорено е Костов и странските амбасадори да дојдат во селата под Шара на почетокот од наредната седмица. Тогаш ќе се утврди како ќе изгледа посетата на родителите на местото каде загинаа нивните синови. Нивната безбедност ќе ја гарантираат и селаните.
Ако и оваа иницијатива не успее, Костов останува на претходно изјавеното: „Доколку ова не се реализира, ќе поднесам оставка“.
|
melpomena |
Странците ќе го ослободуваат Вејце
Највено е оти во сабота, заедно со роднините на загинатите кон Шарпланинското село, освен министерот Костов, имале намера да тргнат и генералот Марал, амбасадорот на САД Батлер, европретставникот Алексис Брун
Претставниците на меѓународната заедница во Македонија наредниве денови ќе им го пробиваат патот кон Вејце на роднините на загинатите македонски полицајци и војници откако во саботата не успеаја да остават цвеќе на местото на нивното убиство. Како што дознаваме од дипломатски извори, во план е странците да преговараат со локалното население, за да не се повторат блокадите како во саботата, кога дури ни министерот за внатрешни работи Хари Костов, американскиот амбасадор Лоренс Батлер и командантот на мисијата "Конкордија" на ЕУ, генералот Пјер Марал, не успеаја да ги пишманат локалните Албанци да се тргнат од патот за Вејце. Нашите извори велат дека како потврда на одлучноста на странците е и најавата оти во сабота, заедно со роднините на загинатите кон Шарпланинското село, освен министерот Костов, имале намера да тргнат и генералот Марал, амбасадорот на САД Батлер, европретставникот Алексис Брунс и амбасадорите на ОБСЕ и НАТО, Крег Џенес и Николас Бигман.
Од друга страна, вчера со официјални реакции за блокадата излегоа и некои од претставниците на меѓународните организации.
"Прилично сме вознемирени и ги осудуваме дејствијата што се случија во саботата. Прво, базично човечко право на сите е да можат да оддадат почит на своите починати, без оглед на етничката припадност, религијата и националноста. Второ, ваквите видови на патни блокади се контрапродуктивни на имплементирањето на Рамковниот договор. Важна цел од Договорт е токму слободата на движењето на сите граѓани во државата", ни изјави портпаролот на ОБСЕ, Волфганг Гревен во врска со блокадата. Во својата изјава, тој вели и дека во евро-атланската заедница "основно правило е дека во остварувањето на правата, луѓето што инсистираат на своите загарантирани права, истите права им ги допуштаат и на другите".
"Силно се надеваме дека во блиската иднина семејствата и пријателите на убиените полицајци ќе имаат можност за комеморација на своите роднини на мирен, чесен и достоинствен начин", изјави Гревен.
Портпаролката на ЕУ, Ирена Ѓузелова, пак, вели дека Унијата потполно ја поддржува реакцијата на министерот Костов, додавајќи дека тие биле присутни на патот за Вејце и оти се обидувале да им објаснат на луѓето на блокадата што се случува, како и тоа дека го бранеле и бранат правото на роднините да оддадат почит на своите најблиски.
Од друга страна, пак, дипломатски извори велат дека во саботата ситуацијата била најтензична во минатите неколку месеци, но и дека се добро се завршило. Тие тврдат дека не можат да стават политичка етикета на учесниците на блокадата, и дека нема показатели оти ДПА стои зад нив, како што се обидува да објасни владата. Наместо тоа, велат дипломати, поверојатно е дека се работи за реакција на една дезинформација, која тврдела дека конвојот со роднините ќе бил придружуван со масовно полициско вооружување, што е нешто за што се зборувало во МВР, но дефинитивно било отфрлено во петокот. Нашите извори не сакаа да коментираат како таквата информација истекла кај мештаните, и кој ја предимензионирал, а дипломатите немаат одговор ниту на тоа што блокадата не беше тргната и покрај присуството на американскиот амбасадор Батлер, кој досега барем бил авторитативен кај населението.
Министерот за внатрешни работи Хари Костов откако убедувањето на локалните Албанци не го даде саканиот епилог и не беа тргнати блокадите, се закани дека ќе даде оставка. Тој рече дека во петок оставката ќе биде на неговата маса ако дотогаш роднините на загинатите не бидат пуштени да положаs цвеќе и да одадат почит на местото кај што беше масакрот во Вејце во време на војната 2001 година.
prevzemeno od Vest
|
melpomena |
Роднините на загинатите ќе го посетат Вејце
Владимир Мирчевски
13.05.2003
Родителите на армиските и полициските специјалци, кои загинаа за време на конфликтот во 2001 година кај тетовско Вејце ќе можат да го посетат местото на настанот во некои од наредните денови.
Ова денеска било договорено на шестчасовните разговори меѓу владините и претставниците на меѓународната заедница, од една страна, и жителите на Лавце, Селце и Вејце, од друга страна.
Како што изјавија учесниците во разговорот, договорот не бил условен со какви било барања од албанска страна.
Во хронологијата на речиси седумчасовните случувања во Селце денеска наутро прв дојде лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој се сретна со претставниците на месните заедници од трите села.
Еден час подоцна пристигна министерот за внатрешни работи Хари Костов, придружуван од американскиот амбасадор Лоренс Батлер и од шефовите на цивилната и воената мисија на Европската унија во земјава, Алексис Брунс и генералот Пјер Марал.
Заедничкиот состанок на сите засегнати страни, кој зад затворени врати се одржа во зградата на локалното училиште, почна во 11 часот и траеше до 16 часот.
Долгите преговори со позитивен епилог: сите жалат за саботниот инцидент, а родителите на загинатите ќе го посетат местото на убиството.
Постоеја две варијанти за ослободување на патот. Со употреба на сила или со дијалог. Бидејќи е ова постконфликтен период кој бара сите проблеми да се решаваат со разбирање, ние ја одбравме мирната варијанта и го отфрливме насилството, изјавија по средбата Костов и Ахмети.
„Многу е потешко да се гради нешто во државата, а многу е лесно да се растури. Со многу едноставен чекот можеме да ги вратиме старите слики кои ги имавме, а мислам дека никој не го сака тоа. Заеднички став на сите кои денеска учествуваа во разговорите е дека иднината на Македонија може да биде само во заедничкиот соживот и во економскиот развој“, рече Костов.
Лидерот на ДУИ истакна дека сите учесници во разговорите го отрфлиле насилството како начин на решавање на проблемите.
„Нашиот фокус останува на дијалогот, кој остава простор за решавање на сите отворени прашања“, изјави Ахмети.
Родителите на загинатите бранители ќе бидат известени за денот на комеморацијата, која ќе биде затворена за медиумите и која најверојатно ќе се одржи претстојниот викенд.
Локалните жителите за време на разговорите зборувале за нивните секојдневни животни и социјални и проблеми и барале тие да се решат, но не го условиле чествувањето.
МВР се обрзало да провери дали на тетовското Кале навистина е оштетен гробот на еден поранешен член на ОНА, локален жител.
|
melpomena |
Владата не расправаше за блокадата кај Вејце
Владимир Мирчевски
12.05.2003
Во саботната блокада на патот кон Вејце покрај локалните жители учествувале и луѓе кои не биле од тој крај, дознава А1. Засега нема потврда на шпекулациите, дека тие биле поддржани од некоја политичка партија.
Присуството на лица отстрана можеби и беше причината поради која претставниците на Меѓународната заедница не успеаја да ги убедат 300-те Албанци да го ослободат патот и да им дозволат на родителите на армиските и полициските специјалци да го посетат местото каде во 2001-та загинаа нивните синови, коментираат извори на А1. Како што дознаваме, дипломатите акредитирани во земјава биле задоволни од тоа како со ситуацијата се справил министерот Хари Костов, не дозволувајќи да ескалира во моменти на вжештена атмосфера.
Владата денеска не расправала за случајот Вејце, но изрази решеност неделава да се спроведе чествувањето на загинатите бранители, како што во саботата се договорија селаните и министерот Костов.
„Владата жали за инцидентот она што можам да го соопштам е дека чествувањето на паднатите борци сепак ќе се одржи“ изјави Чолаковски.
„Ваквите инциденти не се начин за враќање на меѓуетничката доверба и подигнување на степенот на толеранција“ оценуваат пратениците од владеачките и од опозициските партии.
„СДСМ ја осудува блокадата кај Вејце тоа не е начин за градење на меѓуетничко општество и враќање на меѓусебната доверба и верувам дека ова ќе биде последна непријатан ситуација од овој тип“ изјави портпаролот Ивановски.
„За имплементирање на Рамковниот договор не може да се прават отстапки од стран на македонскиот народ туку треба да има одстапки и од албанска страна“ изјави Караџовски од ВМРО ДПМНЕ.
Претставници на Европската Унија во земјава, чии сили беа присутни кај блокадата, се надеваат дека ќе се реализира договорот за посета на местото каде што пред две години загинаа припадниците на безбедносните сили.
|
melpomena |
ОСТВАРЕНА КОМЕМОРАЦИЈА
Роднините на седум убиени бранители запалија свеќи кај Вејце
Се уверивме дека тоа што се случи пред две години било класична стапица, изјавија роднините на убиените припадници на безбедносните сили
Семејствата на припадниците на безбедносните сили вчера го посетија местото кај тетовското село Вејце, каде што беа убиени нивните најблиски. На комеморацијата, која по првичното одложување поради блокада од месните жители на селата Вејце, Селце и Лавце, беше овозможена по дополнителните преговори со локалното население, не присуствуваше семејството на еден од загинатите полицајци од Битола. Неофицијално се тврди дека тоа семејство било револтирано од блокадата и од односот на МВР, кое наместо денеска, посетата на Вејце ја организирало вчера.
Посетата на местото на злосторството, до каде што роднините на убиените биле однесени со полициски џипови, поминала во најдобар ред, изјави за "Дневник" Живко Божиновски, татко на еден од загинатите битолски полицајци.
- Видовме дека тоа што се случи пред две години било класична стапица. Положивме венци и свежо цвеќе и запаливме свеќи - изјави Божиновски.
МВР соопшти дека "на комеморативната свеченост присуствувале дваесетина роднини на трагично загинатите македонски бранители", а бил одржан и говор од претставник на Министерството за одбрана.
Боби Христов
|
melpomena |
ОСТВАРЕНА КОМЕМОРАЦИЈА
Роднините на седум убиени бранители запалија свеќи кај Вејце
Ce уверивме дека тоа што се случи пред две години било класична стапица, изјавија роднините на убиените припадници на безбедносните сили
Семејствата на припадниците на безбедносните сили вчера го посетија местото кај тетовското село Вејце, каде што беа убиени нивните најблиски. На комеморацијата, која по првичното одложување поради блокада од месните жители на селата Вејце, Селце и Лавце, беше овозможена по дополнителните преговори со локалното население, не присуствуваше семејството на еден од загинатите полицајци од Битола. Неофицијално се тврди дека тоа семејство било револтирано од блокадата и од односот на МВР, кое наместо денеска, посетата на Вејце ја организирало вчера.
Посетата на местото на злосторството, до каде што роднините на убиените биле однесени со полициски џипови, поминала во најдобар ред, изјави за "Дневник" Живко Божиновски, татко на еден од загинатите битолски полицајци.
- Видовме дека тоа што се случи пред две години било класична стапица. Положивме венци и свежо цвеќе и запаливме свеќи - изјави Божиновски.
МВР соопшти дека "на комеморативната свеченост присуствувале дваесетина роднини на трагично загинатите македонски бранители", а бил одржан и говор од претставник на Министерството за одбрана.
Боби Христов
|