Известување до скопјани
Известување до скопјани
melpomena Генералштабот на АРМ ги известува граѓаните на Скопје дека утре, 11. мај, во време од 4,20 часот до 7,20 часот и од 17 до 20 часот армиски хеликоптер на АРМ во низок налет ќе прелетува преку делови од централното градско подрачје, како и пошироката околина. Генералштабот информира дека хеликоптерот ќе биде ангажиран за телевизиско снимање од воздух на делови од градот, а во врска со реализацијата на телевизискиот проект посветен на 40-годишнината од земјотресот во Скопје.
OooOo ne be, ja zborev za onie u hipodrom
fio OooOo, уше живееш у хиподром кај шталите за коњите?
NARCIS` haha sea ima moderni konji !: )
malisha
quote:
Originally posted by OooOo
quote:
Originally posted by NARCIS`
malisha kolku sto znam e zensko,taka da na kuchka mi lici : ) ne na kuce ...e mashki rod .
kje te strela za ova ... nemoj so tie kurshumi .... OooOo se povlekuva od ovaa diskusija ... teshki zborovi bea ova :)
OooOo pameten....[:)][;)][:X][:X][:D] Narcis nepameten....[:(!][}:)][}:)][:(!][xx(]
NARCIS` /me se povlece :)
NARCIS` САБОТНАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА БЕЗ ЕФЕКТ Место да ги снема, по прскањето комарците се намножија Градскиот завод за здравствена заштита, вели дека авиодезинсекцијата не е ефикасна, поради високите температури од кои водата пред да падне на земјата испарила, па препаратот слабо делувал на инсектите Прскањето против комарци, што градските власти минатиот викенд го извршија во Скопје, остана без ефект. Скопјани се жалат дека по аеросолната дезинсекција во градот има многу повеќе комарци, отколку пред тоа. Најпогодени се жителите од приградските населби во близина на реката Вардар, а инвазија од комарци има и во Радишани, Ново Лисиче, Кисела Вода, Козле, Ѓорче Петров, Капиштец и Аеродром. "Комарците не испокасаа, не можеме да отвориме прозор или да излеземе и да прошетаме. Пред прскањето немаше толку, сега е вистински ужас", велат скопјани. Александар Стојанов, директор на Градскиот завод за здравствена заштита, вели дека авиодезинсекцијата не е ефикасна, односно дека од високите температури водата пред да падне на земјата испарила и дека препаратот паднал само на површинските слоеви. Тој објаснува дека во такви услови контактот на препаратот со инсектите е многу слаб, а оттаму и неговиот ефект. "Мислам дека комарците многу поефикасно ќе бидат уништени со замаглување, кое се врши со средството 'делметрин', кое се раствора во нафта. Ова средство беше прогласено како потоксично од 'акварезлин супер', но тоа не е точно. 'Делметринот' како препарат е понетоксичен од 'акварезлин супер', но лошата страна е што се раствора во нафта", објаснува Стојанов. Тој вели дека уништување на комарците со замаглување не смее да се врши по градските улици, туку само на отворените водени површини и парковите. Стојанов тврди дека по барање на градот пред петнаесетина дена Градскиот завод за здравствена заштита извршил дезинсекција со замаглување по кејот на Вардар од населбата Влае до Ново Лисиче. За оваа акција заводот потрошил 100 литри 'делметрин' и 200 литри нафта од своите резерви. "Понудивме и понатаму да вршиме дезинсекција со замаглување, но дали тоа ќе се случи ќе зависи од градот. Факт е дека има многу комарци и дека треба да се преземе нешто поенергично", додава Стојанов.
NARCIS` Кога сме кај кучињата и кучките.....:) Девојче венчано со куче ЊУ ДЕЛХИ, (АП) - Во индиската држава Бенгал едно 9-годишно девојче се венчало со куче скитник на свечена церемонија на којашто имало 100 гости. Според верувањата на индиското племе Сантал со овој необичен ритуал требало наводно да се поништи некој лош предзнак. На девојчето му никнало заб на горното непце што племето Сантал го смета за лош предзнак. Таткото на девојчето немал пари да го венча девојчето со момче, па за да помине поевтино го сторил тоа со куче. Овој ритуал нема да има никакви последици на подоцнежниот живот, и ќе може да се венча кога ќе сака без да се разведе од кучето.
NARCIS` СВИЊАРСКИТЕ ФАРМИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ Камиони со свињи за десетина дена ќе се истоварат пред Владата Групацијата на свињарите ја предупреди Владата дека ако до крајот на месецов не се стопира увозот на месо од Полска, свињите ќе ги донесат пред министерствата и Владата во Скопје Македонските свињари ќе ги донесат своите свињи пред Владата на Македонија, ако до крајот на месецот не се стопира увозот на евтиното свинско месо од Полска. Одлуката била донесена на минатонеделниот состанок на Групацијата на свињарите во Стопанската комора на Македонија. Тие ги предупредуваат министерствата за економија и за земјоделство дека 7 до 8 камиони полни со свињи ќе бидат истоварени во нивните дворови, ако во најбрз можен рок не ги превземат заштитните мерки за домашното производство, што требаше да ги превземат пред Македонија да влезе во Светската трговска организација. "Свињите ќе ги пуштиме да прошетаат пред овие институции, а сите амбасади во земјава ќе ги известиме за лошата состојба во свињарството", вели Перо Колевски, директор на АД Свињарска фарма Градско. Колевски кажува дека само изминатите 3 месеца за купување на странското месо се потрошени 6 милиони евра кои можеле да завршат во касите на домашните производители. "Производната цена на свинското месо сега е намалена за 15 денари. Пред увозот на свинско од Полска килограм свежо месо чинеше 80 денари, а сега тоа чини 55 денари", вели Колевски. Претседателот на групацијата на свињарски фарми Веле Ристевски вели дека во моментот во Македонија има вишок од околу 8.000 животни. "Никој не го купува нашето месо, сега и без пари да го дадеме нема да ни го земат", вели тој, предупредувајќи ги владините институции дека ситуацијата кулминира и тие се спремни животните да ги донесат пред Владата. Најголемите производители како што се "Жито Вардар", "Челопек" и свињарските фарми од Берово, Штип, Свети Николе и Битола во протестот ќе бидат поддржани од индивидуалните фармери. Кога ке дојдат овие со прасињава не искачајте надвор.:)
NARCIS` ГРАДОТ ГО ОДРЕДИ НОВИОТ ПРАВИЛНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ Кафулињата квадрат тераса месечно ќе ги чини 300 денари Правилникот треба да почне да се почитува веќе оваа недела, според него Скопје е поделен на три зони - првата е централно подрачје, цената е околу 300 денари, втората е околу центарот каде ќе се плаќаат 200, а.... Градскиот комитет за урбанизам ги одреди цените за закупнина на јавните површини на плоштадите и тротоарите низ Скопје. Според таканаречениот трошковник градот е поделен на три зони, од кои во првата, која важи за најскапа и најатрактивна ќе се плаќаат по околу триста денари за користење на метар квадратен од јавната површина. Првата зона е во централното градско подрачје, втората зона е делот околу Центарот, а трета зона се населбите. Во втората зона ќе се плаќаат по околу 200, а во третата метар квадратен ќе чини близу 100 денари. Трошковниикот, како што вели Нада Митревска, помошник претседател за урбанизам во градскиот комитет за урбанизам, веќе оваа недела треба да почне да се почитува. "Правилникот е изготвен, заедно со трошковникот и веќе оваа недела чекаме да почне да се почитува. Комуналните инспектори се на терен, а во комитетот пак секојдневно стигнуваат барања од сопствениците на кафулињата и сите други кои се корисници на јавните површини за да им се утврди каде може, а каде не може да постават урбана опрема. Ќе го разгледуваме секое барање посебно и пред се ќе настојуваме да овозможиме непречено пешачење по јавните површини, а со тоа делумно ќе ги ограничиме желбите на сопствениците на објектите", рече Митревска. Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов очекува новиот правилник да се примени во градот, но не е оптимист во однос на неговото почитување од кафеанџиите. "И со новиот правилник ние не можеме ништо да сториме сами. Се што може градот да направи доколку некој не го почитува правилникот е да поднесе прекршочни пријави. Треба да дејствуваме заедно со инспекцијата од Министерството за транспорт и врски која има можност да ја отстрани бесправно поставената урбана опрема на јавни градски површини", вели Пенов. Во градскиот комитет пристигнати се околу 30 барања за годишни, сезонски или пак временски дозволи за поставување урбана опрема по плоштадите, тротоари, премини и слично. Во меѓувреме слободните јавни површини масовно се окупираат од кафулињата, колонијалните продавнички и слично. Најзагрозен е центарот, каде се узурпираат пешачките улици, Кејот 13 - ти Ноевмври, а во последно време голем проблем стана и Трговскиот центар Бисер. Таму кафулињата го зафатија секое можно делче и ќоше и ги затворија премините, па пешаците многу често за да стигнат од една на друга страна принудени се да кружат низ целиот Трговски центар.
NARCIS` ПОРАДИ ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧАКА, А НАМАЛЕНА НАПЛАТА "Водовод" викендов ќе исклучува колективни објекти Сите згради во кои наплата е помала од 20 отсто ќе бидат исклучени од мрежата за водснабдување Овој викенд ЈП "Водовод и канализација" ќа ја исклучува водата во колективните згради кои важат за неплаќачи. Акцијата за исклучување на водата почна минатиот викенд кога од водоводната мрежа беа исклучени 55 домаќинстава, а веќе овој викенд, како што најавува директорот на "Водовод" Јане Ценев, ќе се оди на подрастични мерки и ќе се исклучува водата и во колективните објекти. Во "Водовод" решиле да го преземат овој чекор поради опаѓањето на наплатата, забележано последниот месец, но и поради долгот што претпријатието го има кон "Електро - Скопје". "Викендов ќе ја почнеме да ја исклучуваме водата и во колективните објекти каде што наплатата на вода е помала од 20 отсто. Акцијата за исклучување ќе се одвива едновремено во целиот град. Секој раководител со екипа ќе работи на својот терен. Од мрежата ќе бидат исклучуваани и домаќинствата кои имаат две и повеќе неплатени сметки, не земјаќи го предвид тековниот месец. Настојуваме да ја зголемиме наплатата за да можеме да продолжиме да го намалуваме долгот што го имаме кон 'Електро - Скопје'", рече Ценев. Тој нагласи дека ова лето скопјани можат да останат без вода само доколку "Електро - Скопје" ја исклучи струјата на "Водовод". Последниов месец потрошувачката на вода е зголемена 15 насто повеќе од вообичаената. Од Рашче и од бунарите Нерези - Лепенец за 24 часа во Скопје се трошат 320 илјади кубни метри вода. Тоа, спореред Ценев, е над сите стандарди и норми за потрошувачка на вода. Проблемот е, вели тој, во тоа што за да се испумпа тоа количество вода, се зголемува и потрошувачката на струја и долгот многу брзо се зголемува. Сега "Водовод" му должи на ЕСМ 12 милиони денари за струја и уште 8 милиони камата на долгот. Иако се користи максимумот од Рашче и од бунарите Нерези - Лепенец, Ценев вели дека ова лето рестрикции на вода нема да има, освен "природните" рестрикции во одредени делови на Скопје. Такви се Припор, Бардовци, Лисиче, Визбегово, Козле и дел од Кисела Вода, кои важат за населби кои се или на диво приклучени или водоводот не им е направен според план, па има преголема потрошувачка, а нема толкав капацитет за снабдување. Во овие делови , преку ден кога потрошувачката на вода во целиот град се зголемува, нема притисок и тие немаат вода, но тоа е градежен проблем и проблем на инвеститорите кои кога градат вискои згради мора да одвојат средства и за изградба на пумпни станици во самите објекти.
NARCIS` НОВ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН САМО ЗА СТАРА ЧАРШИЈА Чаршијата со четири заштитни зони Општината Центар најавува дека за неколку месеци ќе биде готов планот за Стара чаршија, според кој Чаршијата ќе добие посебен третман, како за градење така и за понатамошниот развој За неколку месеци, од Општина Центар најавуваат дека ќе го стават на дневен ред урбанистичкиот план за локалитетот Стара чаршија. Со новиот план, Чаршијата ќе се оддели од останатиот реон и ќе добие посебен третман, односно ќе претставува заштитно јадро. Откако планот ќе се усвои ќе се создадат посебни услови за градење и за развој. Со новиот детален урбанистички план е планирано да се воспостават 4 нови заштитни зони. Тие ќе се протегаат околу јадрото на Чаршијата, и тоа северно, јужно, источно и западно од него. Тенденцијата е да се прецизира режимот на заштита, а наедно и да се поврзат некои делови, како што се тврдината Кале, Саат кулата и други. Во иднина, како што велат од Општината, секоја изградба ќе биде строго контролирана, не само во Чаршијата туку и околу неа. Тоа би значело дека доколку некој сака да гради, ќе мора најпрвин да изврши археолошки истражувања на тој простор, поради античките вредности кои постојат на овој локалитет. Длабочината до која ќе може да се оди во копањето, како што пред некое време објаснија од Заводот, ќе биде до шест метри. Во моментов, во тек е изработка на фотодокументација на веќе изградените објекти во Чаршијата. Таа ќе се спореди со онаа од 1967 година, со цел да се има увид во постојната состојба. Со помош на оваа документација ќе се одредат и критериумите, според кои сопствениците ќе знаат какви интервенции ќе може да прават. Ке ја реновираат мала Албанија .
NARCIS` НОВ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН САМО ЗА СТАРА ЧАРШИЈА Чаршијата со четири заштитни зони Општината Центар најавува дека за неколку месеци ќе биде готов планот за Стара чаршија, според кој Чаршијата ќе добие посебен третман, како за градење така и за понатамошниот развој За неколку месеци, од Општина Центар најавуваат дека ќе го стават на дневен ред урбанистичкиот план за локалитетот Стара чаршија. Со новиот план, Чаршијата ќе се оддели од останатиот реон и ќе добие посебен третман, односно ќе претставува заштитно јадро. Откако планот ќе се усвои ќе се создадат посебни услови за градење и за развој. Со новиот детален урбанистички план е планирано да се воспостават 4 нови заштитни зони. Тие ќе се протегаат околу јадрото на Чаршијата, и тоа северно, јужно, источно и западно од него. Тенденцијата е да се прецизира режимот на заштита, а наедно и да се поврзат некои делови, како што се тврдината Кале, Саат кулата и други. Во иднина, како што велат од Општината, секоја изградба ќе биде строго контролирана, не само во Чаршијата туку и околу неа. Тоа би значело дека доколку некој сака да гради, ќе мора најпрвин да изврши археолошки истражувања на тој простор, поради античките вредности кои постојат на овој локалитет. Длабочината до која ќе може да се оди во копањето, како што пред некое време објаснија од Заводот, ќе биде до шест метри. Во моментов, во тек е изработка на фотодокументација на веќе изградените објекти во Чаршијата. Таа ќе се спореди со онаа од 1967 година, со цел да се има увид во постојната состојба. Со помош на оваа документација ќе се одредат и критериумите, според кои сопствениците ќе знаат какви интервенции ќе може да прават. Ке ја реновираат мала Албанија.
NARCIS` по повод светскиот ден без автомобили Скопјани, в недела оставете ги автомобилите! Под мотото "Тура низ Скопје" министерот за животна средина Љубомир Јанев в недела со велосипед ќе го предводи дефилето на велосипедисти по повод Денот без автомобили. Светскиот ден за користење велосипеди наместо автомобили во другите земји беше одбележан пред една недела. Во ресорното министерство очекуваат во дефилето да учествуваат околу пет илјади велосипедисти. Учесниците ќе тргнат од центарот на градот во близина на споменикот на Мајка Тереза и ќе се движат по улиците Македонија, Димитрија Чуповски, 11 Октомври и по булеварите Кочо Рацин и Илинден. Турата треба да заврши во Градскиот парк. Таму за велосипедистите, како и за сите граѓани што в недела ќе пешачат или ќе возат ролери и скироли, ќе биде организирана манифестација на која ќе учествуваат естрадни уметници. За учесниците ќе биде организирана и наградна игра. Кумановската фирма за производство на велосипеди "Собим" на најсреќните ќе им додели 10 велосипеди. Deka ke gi ostavat :)))))
sfetle
quote:
Originally posted by melpomena
Генералштабот на АРМ ги известува граѓаните на Скопје дека утре, 11. мај, во време од 4,20 часот до 7,20 часот и од 17 до 20 часот армиски хеликоптер на АРМ во низок налет ќе прелетува преку делови од централното градско подрачје, како и пошироката околина. Генералштабот информира дека хеликоптерот ќе биде ангажиран за телевизиско снимање од воздух на делови од градот, а во врска со реализацијата на телевизискиот проект посветен на 40-годишнината од земјотресот во Скопје.
fala na informacijata ,da si legnam porano :)
NARCIS` ГРАДОТ ПОД ОПСАДА ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ Градоначалникот на Карпош бркал куче што каснало минувач Во Карпош за време на викенд куче скитник каснало жена, па бидејќи стационарот не работи во сабота и недела, градоначалникот Стефче Јакимовски со уште неколку граѓани го бркале кучето за да проверат дали ...Градот е преплавен од кучиња скитници. Поплаки од граѓани од сите делови на Скопје секјдневно стигнуваат до општинските власти, а многу често се реагира и во градот. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, информираше дека речиси целата територија на Општината е под опсада на кучиња скитници и зачестуваат нападите врз минувачите. "Имаме многу поплаки од граѓани за кучињата скитници, а во последно време има и напади. Имаше напад во Козле, кај "Млечен ресторан", во Лептокарија, а во Влае 1 имаше каснување на жена", вели градоначалникот Јакимовски, наглсувајќи дека гризнувањето било за време на викенд, службите во Мирковци не работеле, па затоа тој заедно со уште неколку граѓани го бркале кучето за да утврдат дали тоа има беснило. Јакимовски е револтиран од, како што вели, "неработењето" на стационарот. "Треба ли да се појави епидмија на беснило, па нешто да се направи", вели тој. За да се подобри состојбата, тој ќе предложи градот да ја подели работата на стационарот заедно со општините, со што и тие ќе можат да учествуваат во финасирањето на болницата за бездомни кучиња. Одговорните од градот, пак, велат дека немаат проблем со стационарот. Бранка Станојевска, претседател на Градскиот комитет за урбанизам, вели дека стационарот во Мирковци има капацитет да третира 300 кучиња месечно, што значи дека има капацитет да го реши проблемот на Скопје со кучиња бездомници. Од стационарот во Мирковци објаснуваат дека со средствата што ги имаат одвај успеваат да третираат по осумдесетина кучиња месечно. Велат дека градот постојано им должи пари и доцни со префлањето на средствата, па мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. "Сите трошоци кои се направени во стационарот и за кои сме добиле фактури се покриени. Сега имаме долг од околу 150.000 денари кој во најскоро време ќе го намириме. За овој долг немаме фактури од стационарот и не можеме да го исплатиме", вели Станојевска. Одговрните од стационарот, пак, велат дека состојбата ни од далеку не е таква, туку дека е влошена бидејќи немаат пари за ловење и кастрирање или за еутанизирање на кучињата. Стационарот не работи за време на викенди, освен ако не се работи за некој итен случај, кога екипата што ги лови кучињата се вика од дома. М.Илиевска PAZETE SE LJANGARIVE OPASNI SE :)
melpomena se dodeka shetam so Sfetle ne se plasham od nishto. Sfetle ima sprej[:)]
NARCIS` imate i sprej za kucinja ?:)))
OooOo NARCIS` tebe malisha na kuche ti lichi?
NARCIS` Ne :)
OooOo [:D] dobro ... poshto mene mi lichi na pit bul :P
NARCIS` malisha kolku sto znam e zensko,taka da na kuchka mi lici : ) ne na kuce ...e mashki rod .
fio ОД ДЕНЕСКА Еднонасочно по "Мито Хаџивасилев Јасмин" и "Железничка" Денеска на улиците Мито Хаџивасилев Јасмин и Железничка ќе почне еднонасочен режим на сообраќајот, најавија градските власти. Надлежните велат дека на тој потег веќе се обележени улиците и дека се поставени 90 сообраќајни знаци. За да може да се воведе новиот сообраќаен режим, на тие улици се заменети и неколку патоказни табли. Според новиот сообраќаен режим возилата во една насока ќе се движат по улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и тоа од дирекцијата на "Макпетрол" кон крстосницата кај НИП "Нова Македонија". Во спротивен правец ќе се вози по улицата Железничка и тоа од клучката кај Водњанска до крстосницата со улицата Огњан Прица. Проектот за еднонасочен сообраќај во центарот на Скопје, градските власти го воведуваат за да се растовари сообраќајниот метеж. За да не се создава сообраќаен метеж, кај надвозникот кај Црниче ќе биде проширена и улицата Бихаќка. Во Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај велат дека од идната недела ќе почне проширување со уште една коловозна лента на "Бихаќка". Во градскиот комитет за сообраќај најавија дека уште една коловозна лента ќе добие и улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и тоа за свртување десно кон клиничкиот центар. (М.Т.)
fio ova familijarno izvestuvanje? :)
melpomena [:D][:D][:D][:D][:D]
Whitebaby malisha lichi na pudla... obrijana pudla. [:D]
NARCIS`
quote:
Originally posted by OooOo
[:D] dobro ... poshto mene mi lichi na pit bul :P
loooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooooool[8D]
OooOo
quote:
Originally posted by NARCIS`
malisha kolku sto znam e zensko,taka da na kuchka mi lici : ) ne na kuce ...e mashki rod .
kje te strela za ova ... nemoj so tie kurshumi .... OooOo se povlekuva od ovaa diskusija ... teshki zborovi bea ova :)
NARCIS` mislev za zenski rod kuchka,mashki rod kuce :)
OooOo neznam ja tie raboti ... OooOo nije odavle (c) zabranjeno pushenje :)
NARCIS` Odakle si ti OooOo : ) Zivela Jugoslavija !:)
OooOo ja zhiveam pozadi sendvicharata, levo od semaforite, odma karshi kontejnerite
NARCIS` abe toa e nekade od kaj so pazel fio decava kako se banjale u fontanive :)))))))))))))))kaj na cicko stoilko sendvicarite :)))
fio Нарцис, има повеќе сендвичари у Ск :)
NARCIS` Misev na onie so se karsi Bly Cafe :),u GTC.