melpomena |
10.05.2003
Хрватскиот министер за внатрешни работи Шиме Лучин донесе одлука за распишување јавна награда во износ од околу 50.000 евра за информација која би придонела за пронаоѓање и апсење на генералот Анте Готовина, кој е обвинет од Меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства во војната во Хрватска, јави загрепската агенција „Хина“.
Како што е соопштено денеска во Загреб, наградата за информација за Готовина, по кого е објавена потерница од страна на хрватската полиција, е распишана со оглед дека „до сега преземените мерки не резултираа со пронаоѓање на бараното лице“.
|