Tetovo, Maj 16 2003 |
Whitebaby |
Slushnav imalo masovni tepachki nokta na 16ti. Arbi i Devito bile demolirani, imalo pukanje od ogneno oruzhje... rekoa deka i specijalci doshle so oklopni transporteri, imalo i povredeni vo bolnica... dali nekoj mozhe da mi kazhe shto tochno se sluchuvalo, nekoj shto za nesrekja bil izlezen taa vecher.
Duri i sega dodeka go pishuvam ova mi kazhaa se slushale pukotnici od centar.
Ako znae nekoj neshto poveke, bi bila blagodarna koga bi napishal.
Pozdrav |
Whitebaby |
quote: Originally posted by redstar
I nekoj posle neka kaze deka ziveeme vo normalna drzava.
Makedonija mozhe da bide se samo ne neshto "normalno".
ps. Blagodaram na site koi shto pishavte po neshto za toa sho se sluchuvashe taa vecher. |
AaaAa |
Ima i poloso! Ova me potsekja na Boutros Gali u Sarajevo u sred pekol ko rece "jas mozam da nabrojam 10 mesta u svetot u koj imame pogolemi problemi nego li sarajevo" dur on broeshe 250 000 lugje otidoa...
Aj belkim nas ne ni ide matematika tolku dobro :( |
ViennaBoy |
Ke bidne poubo.[;)] |
ViennaBoy |
Izvor: Makedonsko Radio : http://www.mr.com.mk/Bilteni/Maj2003htm/Biltenvesti17052003color.htm
Vo tekot na izminatata no} vo centralnoto gradsko podra~je na Tetovo vo poseriozni razmeri bea naru{uvani javniot red i mir, a povremeno se slu{aa istreli od ogneno oru`je. Demolirani se pove}e prodavnici vo sopstvenost na samostojni stopanstvenici Albanci i Makedonci. Osobeno golemi {teti im se pri~ineti na izlozite na ugostitelskite objekti na bulevarot "Mar{al Tito", kako i na prodavnicite na akcionersktoto dru{tvo "Teteks". Sektorot za vnatre{ni raboti od Tetovo informira deka vo tekot na no}ta bile povredeni ~etiri lica, od koi dve od ogneno oru`je. Pred polno} vo hirur{koto oddelenie vo Medicinskiot centar vo Tetovo bile preneseni Arxen Isqami i Mevqude Selimi, kaj koi se konstatirani te{ki povredi, predizvikani od ogneno oru`je. I dvajcata deneska bile prefrleni na lekuvawe vo Skopje.
|
nyx- |
za zal ili ne , ja slucajno se najdov tamo... bidna od cista glupost eden decko od kaj nas se zagural so eden albanec... poradi devojkata neso... i posle toa albancite se sobraja okolu 10 dushi... a u isto vreme i nashite... i bidna tepacka u koja nashite gi tepaja do kaj arbi ... posle toa odednash cela albanska carshija (od kaj limenkata pa do poraneshna aleksandrija ... ) se sobra kaj arbi da se tepa..ali i isto i nashite napraeja.. po nekoe vreme pocnaja da frlaa so shishinja i kamenja i makedoncite i albancite.. valjda togaj bea demolirani arbi i devito... posle toa beshe ludnica... ljudive begaja na svite strane pocnaja i da se pukaa... po nekoe vreme dojde i policija proba da gi oddeli so pukanje u vozduh i po nekoe vreme se rascisti... pa posle toa kaj 12:30 pocnaja pak nekoj neznam sea tocno , prvo bomba pa posle dolgi rafali itn niz cela vecer isto..
eve na kratko so se deshavashe vcera vo tetovo |
melpomena |
ОПАСНИ ИНЦИДЕНТИ ВО ГРАДОТ ПОД ШАРА
Крвава матурска ноќ во Тетово
Две тешко повредени лица, огромни штети, гранатирани полициска патрола и тетовската касарна - тоа е билансот на нередите во ноќта меѓу петокот и саботата, кои можеа да завршат и многу полошо
Во изминативе два дена во Тетово е мирно, по крвавиот инцидент што се случи во петокот навече,р, кога две лица беа тешко ранети од огнено оружје, а десетици младинци минале со лесни повреди во масовни тепачки низ центарот на градот. Низ улиците на градот се забележува зголемено присуство на полицајци, кои патролираат и засега ја држат ситуацијата под контрола, но и покрај тоа состојбата е напната и под тензија.
Нередите низ градот кои почнаа во петокот навечер, според очевидци ги предизвикала група матуранти од албанска националност, кои по прославувањето на матурата, под дејство на алкохол, поминале низ делот од Тетово во кој се наоѓаат кафе-баровите во кои се собираат Македонци. Групата наводно ги испровоцирала гостите во локалите. По ова настанала тепачка меѓу Македонци и Албанци. Тие почнале да фрлаат стаклени шишиња и други предмети едни кон други.
Веста за инцидентот брзо се проширила низ тетовската чаршијата, по што почнала масовна тепачка низ улиците на градот меѓу младинци од двете етнички групи. Тепачката, во која учествувале стотина младинци, набргу прераснала во вооружен инцидент.
Во пукотниците низ толпата биле ранети две лица, од кои едното се здобило со повреда во градниот кош, а другото во натколеницата. Повредените Арџен Исљами (20) и Мевљуде Селмани (20) биле веднаш префрлени во Медицинскиот центар во Тетово. Двајцата повредени имале огнострелни рани. Според директорот на Медицинскиот центар, Шинаси Гафури, Исљами и Селамни се вон животна опасност. Тие биле префрлени во Клиничкиот центар во Скопје каде што им била извршена хируршка интервенција.
Во нередите, кои според очевидци траеле до полноќ во петокот, биле демолирани многу угостителски објекти, продавници и автомобили во центарот на Тетово.
Веднаш по почнувањето на нередите, интервенирала патрола на тетовската полиција. Полициската патрола се обидела да ги раздвои "завојуваните" младинци, но не успеала во тоа. Полицајците испукале и неколку предупредувачки истрели во воздух. Кога виделе дека се немоќни, повикале засилување. Откако засилувањето пристигнало, состојбата била ставена под контрола, а во центарот на Тетово биле распоредени поголем број полицајци, кои таму останале и во текот на целата ноќ. Полицајците уапсиле само едно лице, кого го виделе како пука со пиштол од прозорец од станбен објект на улицата Јане Сандански.
Но, инцидентите не запреле. Еден час по масовната тепачка и по пукотниците, на раскрсницата меѓу улиците Киро Ристоски - Дрнц и Благоја Тоска, со проектил од рачен ракетен фрлач било погодено оклопно возило "хермелин", во кое имало шестмина полицајци. За среќа, проектилот завршил во тркалото на транспортерот и не е повреден ниту еден полицаец од патролата, која ја сочинувале четворица Албанци и двајца Македонци.
Околу 04.30 часот истата ноќ бил извршен терористички напад врз касарната "Кузман Јосифовски - Питу" во Тетово. Пет проектили испукани од рачен фрлач на гранати, од правец на селата Дреновец и Порој, паднале пред касарната на АРМ, но не предизвикале штета.
Дејан Николовски - Драган Стојановски
zemeno od Dnevnik
|
redstar |
Vo vrska so natsanot od Petokot vo tetovo se javuvam posle nekolku dena se so cel da gi sumiram reakciite i izjavite na oficijalnite i neoficijalni lica i institucii.Uste ednas se potvrdi totalnata anemicnost i nezainteresiranost za megjunacionalnite problemi vo Tetovsko.
Fakt e deka od ubistvoto na mladiot Vanco kaj stariot gradski stadion,vo gradot ne se slucil vakov ili slicen incident do petokot,megjutoa ocigledno e deka e potreben samo eden zbor ili los pogled pa da dojde do nesto nesakano.Golema sreca vo celava ovaa rabota e sto ne zaginaa lugje,iako malku falese spored toa sto se slucuvase taa vecer.Mladiot Vanco zagina kako posledica-osveta na prethodno ubien pripadnik na teroristive od Ana,Ona,Uck itn,od strana na policiskata kontrola,pa lesno mozese da pogodime sto ce se slucese ovie denovi vo Tetovo dokolku zaginese nekoj od ovie tesko povredeni lica od albanska nacionalnost.Poentata na ovoj tekst e deka aktuelnata vlast namerno saka da gi stavi ovie nastani od tetovo vo vtor plan izvestuvajci za niv kako da izvestuva za dozdot sto zavrna vo sabotata vecer vo tetovo bez nekoe posebno znacenje.
Napadnata bese kasarnata vo tetovo so proektili od raketen frlac, slucajno ili namerno neme steti i povredeni a MTV toa go objavi vo tekst od 15 sekundi,bez nikakov komentar ili reakcija od strana na Ministerstvo za odbrana ili nekoj si niven portparol.Za nekoja pogolema reakcija od strana na policijata i da ne zboruvam ko nisto da ne se slucilo.I nekoj posle neka kaze deka ziveeme vo normalna drzava. |