AaaAa |
Ja neznam , Marquis de Sade i Hanif KUreishi se mozda previse za nekoi , ali mi izgleda deka u Saudiska Arabia se poobrazovani od ova :(
СЕКСОТ С¦ УШТЕ ТАБУ-ТЕМА
Ученичките забременуваатдодека да стасаат до лекцијата за контрацепција
Од 20 девојки-Македонки осум се информирани од родителите што е контрацепција, додека од исто толку девојки-Албанки само една дознава како да се заштити од несакана бременост
Три од четири девојки на возраст од 15 до 17 години не се информирани од своите родители за тоа како да се заштитат од несакана бременост. Од 20 девојки од македонска националност само 8 се информирани од своите родители, за разлика од албанските девојки - кај кои на 20 од нив само една е информирана за контрацепција од нејзините родители. Употребата на пилули за заштита од несакана бременост во Македонија е под европскиот просек.
Овие фрапантни податоци се дел од резултатите од истражувањето на Брима галуп, кое е спроведено во март оваа година.
Во истражувањето учествувале 1.000 испитанички и 350 гинеколози од земјава.
Најнеинформирани за тоа какви средства за контрацепција има се младите од 15 до 17 години - само 39 отсто познаваат три средства, а најдобро запознаени се жените на возраст од 26 до 35 години - 72 отсто.
Гинеколозите предупредуваат дека едукацијата за заштита од несакана бременост мора итно да се почне уште во основното училиште, бидејќи во средното образование веќе има "последици" од неинформираноста.
- Лекцијата за заштита од несакана бременост, според образовниот план, до скоро ја изучувавме на крајот на учебната година. Но, додека да стигнеме до таа лекција, неколку наши ученички во меѓувреме забременија! Затоа го сменивме планот и за контрацепцијата сега предаваме уште во почетокот на годината - вели д-р Славјанка Поповска, професорка во Средното медицинско училиште "Панче Караѓозов" од Скопје.
Експертите предупредуваат дека тинејџерите немаат информации за употребата на средства за заштита поради типичната патријархална атмосфера во семејствата. Гинеколозите предлагаат сексуалното воспитание многу порано да стане задолжителен предмет во образованието.
- Едукацијата мора да почне во семејството, но и во основното училиште мора да се воведат задолжителни програми за сексуално образование, кои не треба да се оценуваат. Резултатите од истражувањето ќе бидат доставени до Министерството за образование. За да ја подобриме лошата информираност за контрацепцијата, мора повеќе да се вклучат и медиумите - вели д-р Марјан Стојовски, в.д. директор на Клиниката за гинекологија.
Истражувањето покажува дека помеѓу Македонките пет отсто не слушнале за ниедно, а 74 проценти слушнале за три средства за заштита од несакана бременост. Помеѓу Албанките 16 проценти не слушнале за ниедно, а 38 отсто слушнале за три средства за заштита од несакана бременост.
Контрацепција користат 42 отсто од испитаните Македонки, 21 отсто Албанки и 36 отсто од припадничките на другите националности. Истражувањето на Галуп покажа дека на 14 отсто од партнерите на испитаничките користат кондом при сексуалниот однос, спирала четири отсто, а орална контрацепција - три отсто.
Љубица Балабан
|