Pismeni raboti:)
Pismeni raboti:)
melpomena Природните убавини на нашата земја привлекуваат голем број домашни и странски туристи -------------------------------------------------------------------------------- Писмена работа по македонски јазик и литература, работена на завршниот испит во јунскиот испитен рок од учебна 1998/99г. на 11.06.1999. Средно угостителско туристичко училиште, насока - келнер. -------------------------------------------------------------------------------- Република Македонија или нашата земја е опкружено со голем број странски и домашни туристи. Природни убавини се: Езерата, Реките, Планините. Нашата земја е опкружена со голем број странски туристи кои доваѓаат во нашето училиште зошто нашето училиште прима и странски и домашни туристи. Мојата струка јас што ја завршив ми беше келнерка ја одев низа цела македонија по хотелите во Охрид. Таму има секоје лето странски туристи од други земји и домашни гости. Нашата земја не е толку убава со природни убавини затоа што е загадена околината на Водно. Најубава природна убавина има во Охрид, Струга Маврово. Најмногу странски и домашни гости и природни убавини има во Охрид. Најмногу домашните и странските туристи одат во Охрид. Заради реакција, одмор, расположение, прошетка. Најмногу странски и домашни туристи одат во Охрид заради убавите природни езера и тоа Охридското езеро, Преспанското езеро и Дојранското езеро. Во Охридското езеро природни убавини има целото езеро и позадината е убава со природни убави цвеќиња, со природна убава трева и со природна убава летна бавча со убав чист ваздук за странските и домашните туристи. Охрид е убав град со многу странски и домашни гости кој ги привлекува нашата земја што поубава за рекреација и одмор. Природните убавини на нашата земја ги привлекуваат гостите да одат на одмор да се одморат, рекреираат со убавите гласови на птиците, ластовичките, на бумбарите, нма пчелите, на пеперутките на сите убави природни убавини. Лично мислење за потребните работи кои што треба да се направат за целовито да се искориста природните убавини на нашата земја. Нашата земја треба да преземе мерки за да изгледа нашата земја што поубава и почиста да нема врлање книги или отпат на улиците, да не се кара со постарите да има почит кон старите. Нашата земја треба да ја чуваме и браниме да ни изгледа што поубава како и другите земји.
NARCIS` Гинисов рекорд во депилација на препони Една Австралијка влезе во Гинисовата книга за рекорди со тоа што без никакви проблеми направила 130 депилации на препони во рок од 4 часа. Козметичарката Лариса Гатри од Перт за време на викендот го собори досегашниот рекорд на Британката Дајен Веар од 77 депилации и вели дека единствен проблем и било да ги најде доброволците за потфатот. Таа била принудена да шета низ трговски центар и да ги убедува луѓето да појдат кај неа на депилација. Интересно е тоа што шестмина од доброволците биле мажи. "Дел од жените по постапката имаа болки, но немаше поголеми проблеми, фала Богу. Мислам дека ќе успеев да направам и 200, само да имаше доволно доброволци", вели таа. Како сведоци на нејзиното поставување на рекордот имало двајца козметичари кои морале да водат сметка дека депилациите се одвиваат како што треба. Гатри не била вчера на работа и не била достапна за коментари.
NARCIS` Во Австралија се шверцуваат робови Жени од Тајланд, Мјанмар и Русија се шверцуваат во Австралија каде што работат како проститутки за малку или речиси никакви пари, објави еден дневен весник откако пред суд беа изведени првите случаи на трговија со бело робје. Весникот "Ејџ" наведува дека жените кои се донесени од странство во градот Мелбурн во државата Викторија се принудени да услужат до 800 муштерии за речиси никаков паричен надоместок додека не ги исплатат трошоците за нивниот пат до Австралија. По шест месеци им се дава минимален надоместок, а дозволено им е да задржат половина од заработувачката, се наведува во весникот кој се повикува на неидентификувани полициски извори. Дејв Спенсер, портпарол на државната полиција на Викторија, вели дека полициската истрага која ќе трае извесно време почнала пред две недели. Полицијата се уште не успеала да процени до кој степен е развиена трговијата со бело робје и колку жени се вмешани. Во истрагата се вклучени локалната полиција и социјалните работни групи и засега е утврдено дека во државата функционираат бројни нелегални бордели. Целата на истрагата би била да се најде подобар начин да се контролира индустријата на сексот. Минатата недела по рацијата на полицијата на еден бордел во Мелбурн се покренаа првите судски процеси што се однесуваат на сексуално робување на пет Тајлаѓанки. Обвинетите би можеле да добијат до 25 години затвор ако бидат осудени. Полицијата смета дека жените биле внесени на два начина. Во едниот случај биле внесени претежно сиромашни жени од Тајланд и Мјанмар на кои им биле префрлени пари на сметките за да земат туристичка виза. А во вториот случај, на жени од Русија им биле платени 33 илјади долари за да се омажат за Австралијанци. Откако ќе влезат во државата жените работеле во бордели за да ги исплатат трошоците за нивното внесување во државата.
NARCIS` Иранските сијамки погребани во одвоени ковчези Илјадници Иранци се собраа на погребот на сијамските близначки Лалех и Ладан Биџани во нивното родно село Лохрасб во Иран. Близначките починаа минатиот вторник во временски период од 90 минути.... Илјадници Иранци се собраа на погребот на сијамските близначки Лалех и Ладан Биџани во нивното родно село Лохрасб во Иран. Близначките починаа минатиот вторник во временски период од 90 минути откако подлегнаа на хируршкиот зафат на разделување на главите. Тие беа погребани во одвоени ковчези. Причината за смртаа беше обилното крвавење.
NARCIS` Над илјада деца во Албанија затворени дома поради крвна одмазда Над илјада деца во Албанија се затворени во своите домови од страв да не станат жртви на крвава одмазда, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Според проценките на министерството вкупнот број на деца кои моментално се вмешани во крвави одмазди во државата изнесува 1.024 и поголемиот дел од нив се од северна Албанија каде што се уште владее силната традиција на крвни одмазди. Владата не покажа успех во обидите да ја сузбие оваа појава којашто покажа пораст на почетокот на 1990-тите години. Машките деца на возраст меѓу 5 и 15 години се затвораат дома извесен временски период заедно со нивните татковци, дедовци или останати машки членови на фамилијата. Ним им е дозволено да излезат од дома откако ривалите ќе убијат еден од машките членови. Децата обично се жртви на убиствата кои ги извршиле нивните татковци или најблиски роднини. Тие не одат на училиште и повеќето од нив се неписмени. Традицијата се заснова на Канонскиот закон што го вовел Лек Дукаџини, албански феудалец од 15-тиот век. Според Канонот "крвта секогаш треба да се одмазди со крв". Локалните невладини организации велат дека 1.370 семејства и 7 илјади поединци се жртви на убиствата од одмазда во северна Албанија. Само во градот Скадар над 25 семејства или две илјади поединци ги чувстуваат последиците од крвната одмазда.
NARCIS` Кина направи најголем кондом на светот По повод Светскиот ден на населението светложолт кондом бил поставен на 20-катниот хотел во облик на фалус во градот Гуилин во јужна Кина. "Нашиот хотел има заоблена форма. Прво имавме во план да ја покриеме целата зграда, но поради силниот ветер ја покривме само предната страна", вели менаџерот на хотелот "Фрегрант ривер". Компанијата за производство на кондоми "Гуикин латекс" се пријавиле во Гинисовата книга за рекорди за да се забележи нивниот кондом со височина од 80 метри и обем од 100 метри како најголемиот кондом на светот. Компанијата им се приклучила на локалните власти во промвирањето на контрацепцијата раздавајќи им на минувачите бесплатни кондоми и брошури. Новинската служба "Чајна њуз сервис" соопшти дека поставувањето на кондомот чинело над 24.000 долари, а ја носел пораката: "Контролирајте го порастот на популацијата, посветете внимание на сексуалното здравје, спречете ја СИДА-та". И покрај строгата политика на Пекинг за раѓање на само едно дете која е дел од напорите да се сопре зголемениот наталитет во оваа земја со 1,3 милијарди жители, Кинезите дури од неодамна почнаа отворено да разговараат за сексуалното здравје. Меѓународните експерти и локалните активисти велат дека бил потребен поголем публицитет и активирање на власта за да се спречи катастрофата што СИДА-та можела да ја преедизвика во Кина. Пекинг соопшти дека над еден милион од населението е ноеител на ХИВ-вирусот кој е причинетиел за појава на СИДА-та.
NARCIS` Невестата си отишла дома по два часа брак Една невеста во Индија му ставила крај на бракот два часа по венчавката откако младоженецот од неа побарал мираз. Невестата која имала 18 години, многу се изнервирала кога нејзиниот сопруг, кој инаку по професија бил полицаец, од неа побарал 1.100 долари како цена за тоа што се омажила за него. "Ми рече дека моите родители го излажале. И ми рече да побарам од моите да му платат 1.100 долари во готовина или нема да ме земе со себе. Моите родители побараа да им прости иако не стоирја ништо лошо. Како да го поминам цел живот со таков човек?", изјавила невестата за една локална телевизија. Инаку, по обичај индуските венчавки ги плаќаат родителите на невестата, а понекогаш прославите траат по неколку дена. Покрај овие трошоци, семејството често пати ги покрива и трошоците за мираз. Земањети давањето мираз е легално во Индија, но овој обичај полека се губи. Миразот значи давање пари во готовина или подарување автомобил, мебел или уреди за домаќинството во текот на свадбата.
NARCIS` Индијка танцувала за да добие американска виза Една Индијка била принудена да танцува пред службеникот кој требал да и ја даде американската виза за да докаже дека навистна патува на фестивал за танци во Америка. Сурека Пунекат е позната танчарка на тамаша, популарниот народен танц во Индија и добила покана да учествува на годишниот фестивал на една индиска организација во САД. Кога пошла во американскиот конзулат на разговор за виза, службеникот ја натерал да танцува за да му докаже дека таа навистина е танчарка. Портпаролот на конзулатот за овој случај искоментирал дека е општа практика од луѓето кои бараат виза да се побара да ја демонстрираат својата вештина пред службениците. "Сме имале случаи кога поднесителтите да давале лажни информации за да земат виза. Со тоа што бараме да ги покажат своите вештини, се осигуруваме дека не лажат. Ако поднесителот на виза е готвач, тогаш службеникот бара од него да зготви нешто", вели портпролот на конзулатот.
NARCIS` Почина Селија Круз, Кралицата на салсата Легендарната пејачка со кубанско потекло Селија Круз , екстравагантната и харизматична естрадна уметница попозната како Кралицата на салса почина завчера во својот дом во Њу Џерси. Таа живееше во стан во Форт Ли, преку реката Хадсон. Круз боледуваше од рак и западна во кома во вторникот, соопшти нејзиниот ппортпарол и напомена дека таа е родена на 21 октомври 1924 година иако на веб-сајтовите како година на раѓање се наведува 1925. Пејачката беше позната по својот вокален талент, необичните косутми и перики и енергичниот сценски настап. Нејзината заштитна фраза беше "Асукар!", што на шпански значи "шеќер", што често го извикуваше за време на концертите. Нејзини најпознати албуми се "Јерберито морено" и "Ке ле ден кандела". Добитничката на Греми која сними над 70 албуми пред половина век постигна успех во музичкиот стил во којшто претходно доминираа мажите. Таа настапуваше и во 70-години од својот живот, облечена во екстравагантни костими со шљокици или златно ламе. Првото Греми го доби во 1989 година, а добитничка е и на две латински Греми награди. Многу народ во Мајами, којшто е дом на многумина прогонети од Куба како беше и таа, ја оплакуваше нејзината смрт како симбол на прогонското противење на кубанскиот претседател Фидел Кастро.
NARCIS` На крадците им порачал - пивото е во фрижидерот На еден германски градежен работник му дошло преку глава од крадците кои упорно му провалувале во мобилната куќарка, по што решил да ја остави вратата незаклучена и на неа го закачил натписот: "Пивото е во фрижидерот, ве молам, немојте ништо да уништувате". Градежникот од градот Огершајм пријавил во полиција дека од фрижидерот му украле шест шишиња пиво, а ништо друго не било одземено нити пак имало причинето материјални штети.
NARCIS` Болните од рак не разбираат што им зборат докторите Докторите треба да се преиспитаат како ја објаснуваат дијагнозата и третманот за рак бидејќи многумина пациенти не ги разбираат што им кажуваат, велат истражувачките во Британија. Најновата студија покажува дека употребата на зборови како метастаза, наместо да се објасни дека болеста се проширила или употребата на фразата анбормален израсток наместо да се рече рак, само ги збунува пациентите. Анкетата спроведена меѓу 100 мажи и жени во Британија покажала дека само 60 отсто од нив го разбираат терминот метастаза, а само половина од нив знаат дека ремисија значи дека нема знаци на рак. "Анкетата покажа дека голем дел од луѓето не ја разбираат терминологијата што се користи во консултациите за рак", вели професор Лесли Фалоуфилд, од Универзитетот во Сасекс кој ја спровел анкетата. Педесет проценти од анкетираните не знаеле дека кога докторот ќе каже "туморот напредува" тоа не е добра вест. Пацинетите исто така се збунети од техниките на скенирање на разни типови рак, а некои не ни знаат каде се наоѓаат извесни ограни како што се простатата или црниот дроб. "Многу е важно докторите да не употребуваат терминологија што може да ги збуни луѓето, особено затоа што неразбирањето може да влијае врз изборот на третманот, кавалитетот на животот и опстанокот", вели д-р Ричард Саливан од Британскиот центар за истражување на ракот.
AaaAa Tebe ova na pismeni raboti ti licat be ?:(
NARCIS` Da
dbk
quote:
Originally posted by AaaAa
Tebe ova na pismeni raboti ti licat be ?:(
more toa se predlozi od strana na NARCIS za pismeni raboti od oblasta na istrazuvanjata, covekot ubo pisuva mozebi se nadeva deka nekoj profesor ke gi procita :)
NARCIS` Виетнам забрани реклами за кондоми за време на вечера Виетнам забрани на телевизија и радио да се емтиуваат реклами за кондоми, санитарни влошки и останати слични продуки за време на вечера. Рекламите за такви производи не се естетски и непогодни за психологијата и традиционалните обичаи на Виетнамците, се вели во изјавата што ја издаде Министерството за култура и информации кое е одговорно за цензурата. Забраната што веднаш стапи во сила важи и за рекламите за тоалетна хартија и лекови за кожни болести. Нема објаснување зошто забраната важи само од 18 до 20 часот, а се знае дека тогаш најмногу се гледа телезивија и исто така е време кога повеќето луѓе вечераат. "Ова е разумна одлука, и не е вкусно дваквите реклами да се гледаат на вечера", изјави една деловна жена од Ханој.
NARCIS` 14-годишен скопјанец улови крап тежок 17 кила Минатата недела, кај детското одморалиште Сутјеска во Охрид, 14-годишниот скопјанец, Виктор Илиев, улови крап тежок околу 17 килограми.... Минатата недела, кај детското одморалиште Сутјеска во Охрид, 14-годишниот скопјанец, Виктор Илиев, улови крап тежок околу 17 килограми. Риболовот е најомилено хоби на Виктор
NARCIS` Боксерките на Кенеди продадени за 5 илајди долари Морнарските боксерки на претседателот Џон Кенеди се продадоа на аукцијата во саботата за 5 илјади долари. Еден од купувачите кои наддаваа преку интернет за тетратката која била користена во претседателската кампања од 1960 година помисли дека нејзината цена е 2.250 долари, а не 22.500. Аукцијата на која се продаваа личните предмети, предметите од кампањата и другите предмети кои им припаѓале на претседателот Кенеди и Жаклина Кенеди Онзис се одржа во аукциската куќа "Хантман окшнерс енд апрејзерс" со седиште во Мериленд. Предметите биле одобрени за продажба од личната секретарка на госпоѓата Кенеди од 1957 до 19564 година, Мери Галагер, и нејзината лична помошничка во периодот од 1959 година до 1965, Провиденсиа Паредес. Тетратката од кампањата е црна и содржи 22 страници од списоци, идеи за говори и белешки за кампањата. Нејзе ја користел Кенеди за време на кампањата од 1960 година. Боксерките од 5 илјади долари ги добил од морнарицата за време на Втората светска војна, а на нив е пришиено името "Џек Кенеди". Две парчиња од долниот дел на пижамите на претседателот беа продадени за 2 илјади долари. Неколку од ношниците на сопругата на претседателот беа продадени за цена од 450 до 750 долари. Смокингот на престедателот Кенеди се продаде за 2.750 долари. Фотографијата на госпоѓа Кенеди која ја направил и ја потпишал Ричард Аведон се продаде за 2.250 долари. Фотографијата на претседателот Кенеди и неговите телохранители од тајната служба, на која се имаат потпишано сите кои се сликани на фотографијата, а која е снимена во октомври 1962 година, заедно со прирачникот од тајната служба, се продаде за 4.250 долари. Розевата вечерна свилена чантичка се продаде за 2.750 долари. Дури и делумно употребениот зелен восочен печат кој го користела првата дама беа платени 125 долари. Предметите кои се користеле при крштевањето на Џон Кенеди Џуниор, вклучвајќи ги тука и лижавчето што на Галагер и го подарил помалиот син на претседателот во Белата Куќа во 1963 година, се продаде за 300 долари.
NARCIS` Украле камион со пиво Троца мажи вооружени со пиштоли украле камион со 150 сандаци пиво, соопшти телевизијата "Глобоњуз". Крадците го сопреле камионот во квартот Фламенго во градот Бело Хоризонте, околу 570 километри североисточно од Сао Пауло. По неколку минути го исфрлиле возачот на камионот Роберт Апаресидо и си заминале со пивото.
NARCIS` Заспал на покрив и паднал Топлотниот бран што го зафати Германија однесе една жртва на необичен начин кога човек заспал на покрив за да ги избегне високите температури и се стркалал наземи при што добил фатални повреди. Еден станар на зградата го нашол 28-годишниот човек жив по падот од височина од 20 метри, меѓутоа подоцна починал во болница. Поради високите температури од 30 степени Целзиусови човекот пошол на покривот од зградата со двајца свои пријатели каде што сите тројца заспале. Другите двајцата ништо не забележале додека не ги разбудила полицијата и ги известила за несреќниот случај. "Човекот најверојато заспал на стрмната страна од покривот и паднал", соопшти полицијата во Берлин. Неговата вреќа за спиење останала да виси на олукот од зградата.
NARCIS` Краделе кола, а не знаеле да возат Двајца крадци кои сакале да крадат кола за Нова година морале со тешко да научат дека за да украдеш кола, треба да знаеш да возиш. Имено, двајцата тинејџери викнале да им се испорача пица, но откако дошол пицаџијата му ги побарале сите пици што ги носел и готовината. Тие му рипнале во колата, но бегството не им било успешно зашто едното дете не знаело да вози кола со менувач. По ова се вратиле на првичниот план и ги зеле само пиците. Полицијата ги уапсила за кражба на стока и одземање на готовина во износ од 3.000 долари.
NARCIS` Се самоубиле на три часа пред Новата година На последниот ден од 2003 година еден 85-годишен човек викнал хаусмајстор за да му ги отвори прозорците и да ги отстрани заштитните мрежи на станот на 17-тиот кат. Бидејќи боледувал од белите дробови објаснил дека му требал повеќе свеж воздух. Три часа пред Нова година тој скокнал од прозорец, а веднаш по него пошла и неговата 80-годишна сопруга. Двојката зад себе оставила проштално писмо со упатства како сакаат да бидат закопани и имињата на роднините и на нивниот адвокат. Двајцата сопружници кои живееле заедно 42 години имале многу влошено здравје и не биле многу расположени пред Новата година, раскажуваат соседите кои ги нашле мртвите тела пред влезот од зградата кога се вратиле од новогдишната прослава.
NARCIS` Среќата е вродена мана Во текот на минатата година, една жената го загубила својот сопруг кој боледувал од рак, а потоа го загубила и работното место. Но, таа не ми дојде во ординацијата како пациент; таа бараше совет за својот син тинејџер кој не можел да се справи со смртта на татка си, раскажува еден американси доктор. И покрај големата загуба и стресот, таа воопшто не беше депримирана, беше тажна, но добро се држеше. Бев изненаден од нејзината истрајност. Што и даваше таков оптимизам да може да ја победи тагата? Затоа ја прашав директно. "Цел живот сум среќна без некоја посебна причина. Таква сум по природа, претпоставувам" ми рече таа. Но, беше за повеќе од тоа. Таа беше среќна, екстровертна личност, полна со енергија и ентузијазам, беше многу дружељубива. Осве тоа таа поминуваше само со пет или шест часови ноќно спиење. Исто како и оваа жена, имаше една новинарка што ја познавав којашто кога беше тинејџерка беше поинаква од останатите. "Донекаде е и непријатно да бидеш постојано весел и добро расположен", ми рече. "Кога бев во средно на училиште ја учевме поемата на Роберт Браунинг 'Мојата последна војвотка'. Во песната нараторот вели дека ја убил жена си, војвотката, бидејќи имала срце што пред време се радувало, и тогаш си помислив: 'Еј, еве ме мене'". Овие две жени ја имале среќата да се родат со весел темперамент, што во најекстремните случаи се нарекува хипертимија. Таквите луѓе кои се весело расположени и покрај сите несреќи во животот, и се полни со енергија и се продуктивни, честопати се предмет на завидливост на оние коишто ги познаваат бидејќи тие воопшто не мораат ни да се трудат за да бидат такви какви што се. Во одредена смисла, тие се психијатриски спротивен случај на луѓето кои страдаат од хронична, умерена депресија што се нарекува дистимија што влијае на 3 отсто од возрасните во САД. Дистимиците се постојано нерасположени, немаат речиси никакво задоволство во животот и имаат главно песимистички ставови. Што и да им се случи во животот, тие остануваат мрачни. Хипертимијата не личи на болест; како да нема никакви негативности во тоа човек да биде еуфоричен екстроверт, освен можеби што би можеле да предизвикаат убиствени нагони кај завидливите пријатели или колеги. Но малку работи се знаат за луѓето со хипертимија од проста причина што не одат на психијатар да се пожалат дека се среќни. Доколку дистимијатра е темната страна на хипертимијата, тогаш хипертимијата сигурно не е секогаш розова. Тоа е така бидејќи 90 проценти од луѓето кои имаат дистимија доживуваат епизоди на длабока депресија. Дали и хипертимиците се изложени на ризкиот да имаат нарушувања на расположението? Ако хипертимијата е сродна на некоја психијатриска болест, тоагаш тоа би било биполарното нарушување. Пациентите кои имаат вакво нарушување живеат како на луда железница од депресивни мисли до манијачки восхити. Но, за разлика од хипертимијата, манијата е нестабилна состојба на еуфорија, раздразливост и честопати психоза што предизвикува длабок морбидитет и ненормално функционирање. Извесни истражувачи веруваат дека хипертимиците се изложени на поголем ризик од депресија или хипоманија, која е блага верзија на манијата. А може да има висок степен на пореметувања кај најблиските роднини. Хипертимиците и биполарните лица исто така се склони да бидат многу креативни, поради блиската врска меѓу биполарното нарушување и креативноста. Така на пр., една студија од 1987 година за писателите од Универзитетот во Ајова што ја изработи д-р Ненси Андерсен покажува дека кај писателите биполарната болест се појавувала 4-пати повеќе отколку кај оние кои не биле писатели. Секако, состојбата хипертимија не е нешто ново. Пред 2.4000 години Хипократ говори за постоењето на 4 основни темпераменти - сангвиник, флегматик, колерик и меланголик - и во зависност од тоа кој темперамент преовладува човекот по природа ќе биде среќен, флегматик, нервозен или тажен. Современата наука има имиња за невротрансмитерите на расположенијата како серотонин и допамин, и се обидува да ги поврзува нив со ненеорманлите ментални состоби. Така на пример, депресијата се смета за резулатат на функфионален дефицит на серотонинот или норепинефринот во мозокот.
NARCIS` Две жени продадени на аукција во Индија Две жени биле продадени на аукција на една конференциоја на племенски старешини во индиската држава Мадја Прадеш. За да биде иронијата поголема, конференцијата се одржувала на тема намалување на злосторствата што се извршуваат врз жените во племињата. Една од жените била продадена за 100 долари како казна оти се омжила за човек кој потекнувал од друга заедница. А другата жена била продадена за 140 долари. На крајот проджавата била поништена кога сопругот на првата жена ја известил полицијата која го спречила трансферот на "купената роба" до купувачите.
NARCIS` Кастро телефонски го зафркавал Чавез Зборливиот венецуелски претседател Хуго Чавез, голем сојузник и обожавател на Фидел Кастро останал без зборови кога кубанскиот претседател му се јавил по телефон, но зборувал неповрзани работи. Работата била во тоа што некој го изиграл Чавез со тоа што направил дигитална аудиоснимка монтирајќи зборови од говорите на Кастро и му ја пуштил по телефон, што потоа и јавноста имала можност да ја чуе на една радиостаница во Мајами. "Се уште не можеме да поверуваме што направиваме", вели Енрике Сантос, еден од водителите на утринската програма "Утрински зафрканции" во радиото "Ел Зол". Сантос заедно со колегата Џо Фереро се одговорни за делот од програмата наречен "Кастро ве повикува" кога им се јавуваат на слушателите и се обидуваат да ги наседнат да помислат дека разговараат со комунистичкиот лидер. Јавувањата ги реализираат така што правата монтажа од телефонскиот разговор што Кастро го имал со мексиканскиот престедатл Винсенте Фокс во 2001 година. Чавез кој откако дојде на функција во 1998 година му е близок пријател на Кастро во понеделникот наутро се јавил на телефонскиот повик и мислел дека навистина разговара со Кастро. Во разговорот гласот на Кастро го прашал Чавез дали го добил писмото што му го испратил, на што Чавез потврдно одговарил. Потоа двајцата неколку минути воделе безмислен муабет кога Кастро прашал кој ден е денеска. "Се е..." , рекол Чавез. "Кој ден е денеска? Вторник. Среда. Кажи ми", прашал Кастро. "Да", одговара Чавез. "Кој ден е денеска?", пак го прашал Кастро. "Се е во вторник", одговорил Чавез. Шегите на сметка на Чавез и Кастро добро поминуваат во Мајами каде што живеат голем број кубански и венецуелски доселеници.
NARCIS` Не смее да усвои бебе оти е дебела На еден 21-годишна девојка и било одбиено барањето за посвојување бебе со изговор дека била премногу дебела. Властите во Перт, Австралија процениле дека Џоди Гејвуд која има 120 килограми треба да симне килажа за да може да посвои дете. Таа вели дека вежба секој ден, а понекогаш и двапати на ден, меѓуота килограмите едноставно не се симнуваат. "Што ако една жена која сега има 98 кг утре почне да јаде и се здебели, што ќе сторат власитете? Ќе и го земат бебето?", прашува таа. Гејвуд се пријавила да биде вклучена во програмата за вештачко оплодување, но и рекле дека прекумерната тежина прави третмано да биде премногу ризичен.
NARCIS` 33 години чуваат јагула во када Едно германско семејство 33 години живеат со своето необично милениче јагулата која ја чуваат во када, и која успеале да ја издресираат да се смести во кофа кога газдите имаат потреба да ја користат кадата. "Таа е дел од нашето семејство" вели Еленор Рихтер од градот Бохум во западна Германија чиј сопруг ја фатил јагулата кога бил на риболов во 1969 година и ја донел дома со цел да ја зготват за вечера. Децата веднаш ја засакале јагулата и не им дале на родителите да ја зготват и оттогаш таа живее со нив како неразделен дел од семејството. "Ова е необична ситуација. Таа сигурно ги изгубила способносите да преживее во природната средина. Но, доколку ја хранат како што треба, ќе преживее и во када", вели зоологот Валтер Гетман.
NARCIS` Свештеник со реклама ќе го убедува Буш дека војната со Ирак е против "Божјиот закон" Еден методистички бискуп ќе се појави во антивоена реклама која треба да го убеди американскиот претседател Џорџ Буш, кој исто така е методист по верско убедување, дека нападот на Ирак ќе значи прекршување на "Божјиот закон". Рекламата која трае 30 секунди и во која се појавуваат бискупот Мелвин Талберт и актерката Џанин Гарофало се очекува да почне да се емитува од денеска на кабловските телевизии "Си-Ен-Ен" и "Фокс" во Њујорк и Вашингтон, вели Стивен Дречлер, портпарол на Обединетите методисти во Нешвил. Рекламата почнува со предупредувањето дека некои сцени можеби не се соодветни за деца. Гарофало вели дека речиси половина милион луѓе може да загинат или да бидат ранети ако САД извршат инвазија врз Ирак. "Дали имаме право да го сториме тоа на земја која ништо не ни сторила?", прашува Гарофало. Талберт, поранешен бискуп на Сиетл и Сан Франциско, предава на Универзитетото по теологија во Нешвил. Тој е главниот екуменски службеник на Обединетата методистичка црква која брои околу 8,4 милиони членови во Америка. "Ирак ништо не ни згрешил", вели Талберт кој беше дел од 13-члената делегација на религиозни лидери во петдневната мисија за Ирак која заврши на 3-ти јануари. "Војната само ќе создаде нови терористи". Продуцент на рекламата е адвокатска организација "Трумејџорити", а спонзор е Националниот совет на црквите. "Рекламата во суштина препорачува да им се дозволи на инспекторите да си ја вршат работата", вели Боб Едгар, генералниот секретар на Советот и поранешен Демократски конгресмен од Пенсилванија. Во една своја изјава Талберт го критикуваше инсистирањето на администрацијата на Буш на војна за да го отстрани Садам Хусеин. "Ниедна Божја држава го нема тоа право", вели Талберт. "Тоа го прекршува меѓународниот закон. Тоа го прекршува Божјиот закон и учењата на Исус Христос".
NARCIS` Британски аристократ ја брани работничката класа Еден од најбогатите аристократи во Британија застанал во одбрана на работничката класа во невообичаениот судски процес кој удира во срцето на класниот систем на државата. Осмиот Гроф Кадоган води судска битка со една градежна фирма околу тоа дали терминот "работничка класа" се уште има некакво значење во Британија. Невообичаениот процес се одвива во Високиот суд во Лондон каде што грофот, за кого се верува дека е осмиот најбогат човек во Британија со богатство од 1,5 милијарда фунти, ја игра улогата на херој на работничката класа. Лорд Кадоган сака да го спречи градежното претпријатие да гради луксузни куќи на многу атрактивно место во Челзи кое неговиот дедо го продал на локалните власти во 1929 година за таму да се изградат "станови за работничката класа". Меѓутоа лондонското градежно претрпијатие "Дејно лтд" кое на местото, каде што претходно имало некаков пропаднат паб, сака да изгради луксузни куќи, вели дека класните разлики се надминати и дека не е возможно да се дефинира работничката класа. Сега градежното претпријатие бара од високиот судија Сер Теренс Етертон да го прогласи договорот за неважечки.
dbk melpomena a da si pises ti latinica oti nema sekoj kompjuter kirilicen fond a :)
NARCIS` peer staj da ti eem kirilicen fond : )
dbk abe da sum doma da staam ama ne sum doma ebago znaes deka od net ircam :)) aj uste malku pa drugo ke e ... znaes zas to velam:)
NARCIS` heeh znam znam ...:))))))
NARCIS` Откриен ликер стар 2 илјади години Пекинг - Кинеските археолози открија пет глинени ќупови во една античка гробница кои биле полни со вино од ориз старо 2 илјади години. Се работи за пет литри алкохол со светло сина боја, чиј мирис е се уште доволно силен да го надразни сетилото за мирис. Количината ќе биде доволна за истражувачите да ја проучат старата техника на дестилирање. Археологот Сун Фуџи објасни дека гробницата потекнува од времето на династијата Хан, која владеела со поголем дел од континентална Кина од 206 година п.н.е. до 25 година н.е. "Порано беа пронајдени некои алкохолни пијалоци од истиот период, но тие не беа толку добро зачувани", вели Сун. Напитокот на база на ориз се користел во стара Кина на разни свечености, како и за време на ритуално принесување на жртви. "Во истата гробница беа пронајдени и повеќе чинии со различен облик, стотина каменчиња жад и еден човечки череп, кој најверојатно припаѓал на некој член на династијата", изјави археологот Сун.
NARCIS` Четири мајмуни избегале од зоолошка и нападнале жена со бебе ПЕКИНГ, (АП) - Четири мајмуни избегале од една зоолошка градина во североисточна Кина и нападнале една жена и нејизното бебе пред полицијата да успее да усмрти три од животните. Четирите мајмуни, од кои три биле возрасни, а едното било младенче, од зоолошката избегале во една шума каде што на гонителите им било тешко да ги фатат. "Еден од мајмуните скокнал врз една жена која во рацете држела бебе, и ја гризна во раката пред повторно да скокне на дрвјата. Полицијата била принудена да ги усмрти трите возрасни мајмуни за спречи било какви нови инциденти, додека пак младенчето се уште е на слобода.
NARCIS` САД сакаат да го депортираат чизмарот Слободан Милошевиќ ХАРИЗБУРГ, САД (АП) - Слободан Милошевиќ работи на машина на шиење во една фарбика за чизми, и освен името нема ништо заедничко со поранешниот југословенски претседател, меѓутоа владата на американската сојузна држава Пенсилванија упорно сака да го депортира човекот. Адвокатот на чизмарот Милошевиќ покренал постапка со цел да ја прекине постапката на депортација на својот клиент кој е затворен во затвор. Според судските досиеја, 45-годишниот Слободан Милошевиќ влегол во САД во 1992 година за да го избегне служењето војска во Косово. Неговата, сопруга Робин Милошевиќ со која во брак е 9 месеци, рекла дека нејзиниот сопруг се противи на политиката на Милошевиќ кој е изведен пред трибуналот за воени злосторства. "Мојот сопруг не е виновен зашто има исто име како неговото", рекла таа.
NARCIS` Мекдоналдс нема да служи месо со антибиотици САН ФРАНЦИСКО, (Ројтерс) - Одлуката на "Мекдоналдс" да ја отфрли употребата на месо кое било одгледувано со антибиотици е директен резултат на зголемената свест кај потрошувачите за опасностите во исхраната и побарувачката на месо кое е прозиведено на поприроден начин, велат истражувачите, активистите за здрава исхрана и неколу големи производители на храна. Новите прописи во "Мекдоналс" се должат на стравувањата дека хранењето на животните со антибиотици за да се поттикне побрз раст предизвикува силна отпорност на антибиотици кај луѓето. Но оваа одлука исто така е одраз на зголемената побарувачка на поздрава храна. "Повеќето луѓе се плашат од употребата на антибиотици во исхраната на животните", вели Боб Скаукрофт, извршен директор на Истражувачката фондација за органско земјоделство. "Познато е дека колку повеќе луѓето знаат за тоа како се произведува храната, толку повеќе се ориентираат кон органски произведените продукти". Од неодамна процесот и проблемите во производството на месото имаат висок публицитет, особено по објавувањето на бестселерот "Нација на брзата храна" каде што се говори за појавата на кравјото лудило, инфекциите со ешерихија коли и ужасниот живот на добитокот. Минатиот месец била спроведена анкета која покажала дека 74 проценти од потрошувачите се загрижени за присуството на антибиотици во производството на месо, а се знае дека природното месо опфаќа само 1 процент од прехранбените продукти.
NARCIS` Холивуд почна љубезна кампања против пиратеријата Филмската индустрија се обидува со нова тактика да ја добие војната против оние кои симнуваат пиратски копии од филмови од Интернет - со љубезна молба. Филмските студија од вчера почнаа кампања со телевизиски реклами и реклами кои ќе се пуштаат пред кинопроекциите во кои уметниците од филмската индустрија велат дека пиратеријата ги лишува од животот. Асоцијацијата на филмот во Америка исто така развил наставен план за авторските права што ќе се користи во нижото и средното образование. Програмата "Дигитално граѓанство" ја изложува историјата на авторските права и кулминира со државен натпревар во кој учениците предлагаат начини како да ги разубедат своите врсници дека разменувањето нелегални копии на музика и филмови не само што не е легално, туку е и погрешно. "Не очекувам никој да сочувствува со мене или останатите директори", вели Питер Чернин, претседател и главен оперативен шеф на "Њуз корп" во чии студија на "Твентиет сенчери фокс" беа снимени рекламите. "Ние сакаме да ја пренесеме пораката дека тоа е погрешно и дека во прашање е жртвата на луѓето, и тоа не е само жртва на милионерите кои ќе земаат помалку милиони". Филмската и музичка индустрија изминатата година и нешто беше поагресивна во спроведувањето на авторските права преку судот и лобираа за построги закони за казнување на оние кои разменуваат музика и филмови преку Интернет. На Интернет не само што може да се најдат копии на популарните блокбастери, туку понекогаш тие се појавуваат и некоку дена пред премерата во кината, меѓутоа квалитетот на тие копии четопати е лош зашто биле направени со рачно држен камкордер. Музичките фајлови за разлика од филмските се помали и го имаат квалитетото на цеде снимка. Така се појавија сајтови за симнување музика како "Напстер" кој беше затворен по законската акција што ја презеде музичката индустрија. Филмските студија сметаат дека ќе поминат неколку години пред Интернет врските да станат доволно брзи да им се заканат на ист начин. Студијата експериментираат со нови модели да работење вклучувајќи го и тоа филмовите законски да се достапни преку Интернет, односно преку сајтови како "Мувилинк". "Ние не седиме со скрстени раце како оние во музичката индустрија", вели Чернин.
NARCIS` Ќе го прелета светот со хеликоптер Американската жена-пилот Џенифер Мари на хелиопортот "Хародс" во Лондон објави дека со хеликопер ќе го прелета светот од едниот до другиот пол, потфат кој никогаш досега не бил направен. Мари овој потфат ќе со изведе со својот британски копилот Колин Бодил со кого ќе тргнат од Њујорк на 22 октомври по што ќе се упатат долж источното крајбрежје на САД, низ Централна и Јужна Америка до Јужниот Пол, а потоа ќе се вратат назад кон Северниот Пол преку западното крајбрежје на трите Америки и Канада. На крајот ќе слетаат повторно во Њујорк. Целта на ова патешествие е да се крене свеста на јавноста и да се соберат пари за организацијата "Фонд на дивиот свет", а воедно и ќе ја обележат и 100-годишницата од првиот лет со авион.
NARCIS` Ореден за спасениот војник Линч Генерал Џејмс Б. Пик од американската војска и додели Пурпурно срце на војникот од прва класа Џесика Линч на свечената церемонија во Воениот медицински центар "Волтер Рид" во Вашингтон. Линч исто така доби и Бронзена sвезда и Медал за воен заробеник зашто беше заробена за време на воената акција во Ирак. По акцијата на спасување на американските специјални сили таа цело време беше сместена во воената болница. Неодама Би-Би-Си- емитуваше снимки со кои тврдеше дека акцијата за нејзиното спасување била предраматизирана во холивудски стил, а се со цела за медиумски публицитет на војната. Ирачките доктори тврдеа дека ако маринците ја побарале Линч од болницата, во која немало војска туку само доктори и сестри, тие ќе им ја даделе по мирен пат.
NARCIS` Го возел 2 илјади километри на трицикл синот што умира Еден човек во централна Кина ја исполнил последната желба на својот 10-годишен син кој бил пред умирање со тоа што го седнал во такси-возило на три тркала со педали и минале 2 илјади километри за стигнат до Пекинг каде што синот сакал да го види плоштадот Тјен-ан-мен. Хуанг Ксиаојонг (44 години) патувал цели 62 дена со својот син од провинцијата Хунан до главниот град на Кина во такси-возилото кое всушност е велосипед на три тркала со две седишта позади за патниците. Инаку, синот на Ксииаојонг страда од прогресивна мускулна дистрофија и е неизлечиво болен.
NARCIS` Кинез изел 3 тони камења Земјоделец во источна Кина кој бил зависник од јадење камчиња бил однесен во болница откако изел речиси 3 тони камчиња во период од 9 години. Ху Ершун од Нанџинг почнал да јаде камчиња кога имал болки во стомакот како 12-годишно момче, а таа зависноста постепено го довела до состојба кога јадел по 90 камжиња на ден. Откако бил однесен во болница со хирурши зафат му биле извадени сите камчиња од стомакот, и сега се наоѓа во стабилна состојба.
melpomena Природните убавини на нашата земја привлекуваат голем број домашни и странски туристи -------------------------------------------------------------------------------- Писмена работа по македонски јазик и литература, работена на завршниот испит во јунскиот испитен рок од учебна 1998/99г. на 11.06.1999. Средно угостителско туристичко училиште, насока - слаткарска. -------------------------------------------------------------------------------- Јас кога пораснав бев на чист воздух и убавина во Охрид на планина и многу убаво си поминав. И јас кога се запишував средно училиште прво сакав во трговачко а после се решив во угостителско училиште. Кога појдов првиот ден прво ми беше досадно а после се вклопив со другарки и ми беше убаво. Кога ја почна 1 година ми беше многу убаво и на крајот кога ја завршив И година ми беше жал оти кога се запознав со другарки. И после кога дојдов во 4 година кога ги видов другарките ми беше многу убаво и ја почна 4 учебна година. На крајот на 4 учебна година ни дадоа на летниот распуст да одиме на пракса за слаткари во “Гранд Хотел” 1 месец и ми беше многу убаво. И кога дојдов во 3 и последна година ми беше најубаво зошто се оделував од другарките од клас и си зборевме за матурата и што ќе носиме за вечерта. И одевме на пракса во „Гранд Хотал“, „Континентал“ „Жито лукс Топаанско“ и „Египет“ и др. И кога дојде да се оделиме од школо и од другарки ми беше многу жал зошто во Мај се распуштаме и одиме на пракса 10 дена. Кога завршивме пракса се договоривме за матурска вечер и кога дојде денот за матура ми беше најубаво и си помина најсреќна. И после кога дојде кој за школо за на пракса и се завршивме на право и тоа се беше. Туризмот и угостителството е најубаво се објектите и летните и зимските објекти. И јас сум одела тамо на пракса и јас можеби би сакала да влезам во тој објект во што сум била на пракса. И јас така го знам туризмот и угостителството зошто тоа учев школо и ми беше многу убаво во тој објект завршив и ќе почнам да работам и толку.
melpomena Испитот по Екоклиматологија -------------------------------------------------------------------------------- Транскрипцијата е направена, без ниту една печатна грешка, што значи, како што се чита така е напишано! -------------------------------------------------------------------------------- 1. Привидно движење на Сонцето по небескиот свод во текот на годината. Одговор: Сонцето има привидно движенје по небесниот свод во текот на годината. Тоа движенје е најраспросрането на целата земјина површина. Сонцето го опфаќа целиот меридијан. Сонцето врти кон орбитата и потоа се спуша по небескиот свод на Земјата. Исто така има и затемнување на Сонцето, кој што се случува на секој 200 години. Знаеме дека и кај нас оваа година имаше затемнуње на Сонцето кој изнесуваше 3% од целото делумно помрачување на Сонцето на Земјината површина. 2. Состав на воздухот. Одговор: Составот на воздухот е извор од Сончевото зрачење. Тој е составен од 2 вида на слоја и тоа: Горен и долен слој. Во горниот слој на воздухот спаѓаат: облаците, маглата додека пак во долниот слој на воздухот спаѓаат: град, дожд и слично. Исто така во воздухот се наога неограничен број на количество материи како што: Азотот, кислородот и слично. Знаеме дека денес сигурно без воздух би немало живот. Исто така воздухот како што е потребен за луѓето тој е од голема корист и за растенијата, животните и слично. 3. Атмосферско зрачење. Одговор: Атмосферско зрачење е она зрачење кое произлегува од атмосферата. Има неколку вида на атмосферско зрачење и тоа: Атмосферско зрачење од воздухот, Атмосферско зрачење од облаците и Атмосферско зрачење од водената пареа. Атмосферското зрачење најраспространето е во атмосферата бидејки во него настануваат воздушни струења. Тие воздушни струенја се појавуваат во текот на годината и предизвикуваат многу материјални штети како што се Земјотреси, поплави и слично. Атмосферското зрачење исто така не влијае само од атмосферата туку и од сферата на честичките во атмосферата.
dbk lelele na ARAPSKI jazik da ne e nisto ne se razbira :))
melpomena
quote:
Originally posted by dbk
lelele na ARAPSKI jazik da ne e nisto ne se razbira :))
are ti da ne nemash kirilichen font?[;)] Explorer/View/Encoding/Cyrilic(Windows)
dbk abe ti aren si !?:)
dbk e sega e druga rabota na drug kompjuter ima i go procirav ko sto treba:)
NARCIS` melopomena toa e od nekoj ucenik so go napisa ?
melpomena da da, dvete pismeni se od razlichni uchenici, tretoto e od student [:D]
NARCIS` da fala na prasannje : )
NARCIS` Јапонска експедиција ќе го бара Јети Јапонска експедиција опремена со камери што се активираат на сензори предводена од аматер криптозоолог ќе оди на Хималаите со надеж да го најде Снежниот човек. Седуммината алпинисти ќе поминат 6 недели во Непал во обид да направата снимки од легендарното човеколико суштество попознато како Јети кое живее неколку илјади метри надморска височина, изјави водачот на групата Јошитеру Такахаши. Такахаши е 60-годишен градежен работник кој планинари од хоби и сега оди на својата втора потрага по јети. Тој вели дека во претходната експедиција во 1994 година нашол човеколики стапалки кои ги оставило некое крупно животно во една пештера на височина од 4.600 метри во планината. "Сакам да дознаам кој ги оставил тие стапалки. Нив дефинитивно не ги направила мечка", вели Такахаши. Експедицијата која ќе тргне в недела планира да му постави заседа од 15 камери кои автоматски се активираат со инфрацрвени сензори за да може да го сними суштеството за кое Такахаши верува дека е некаков вид примат. Експедицијата која не добила поддршка од јапонската академска заедница Такахаши ја нарекува само "група планинари" кои виделе непознати стапаки при симнувањето од планинскиот венец Дулагири. "Ова не го сметам за никаква мистерија. Јети постои, сакам само да утврдат каков вид на животно е тоа", вели Такахаши.
NARCIS` Доживотна залиха цигари за славните пушачи Еден тутунски комбинат нуди доживотна залиха на цигари за славните пушачи како дел од герилската маркетиншка кампања за да ги популаризира своите нови цигари. "Фридом тобако интерешенал" соопшти дека сака да ги популаризира своите цигари со лицата на познатите sвезди. Потрагата по славни фаци фирмата ја изведе со објава на оглас на една веб страница на која се претплатени стотина агенции за односи со јавноста. "Најискрено, славните лица или го популаризираат или го уништиваат продуктот. Ако ви е важно кој што пие и такви работи, тогаш рекламата со славните фаци многу значи", вели Патрик Керол, основач и директор на тутунскиот производител. Ваквиот маркетиншки потег веднаш предизвика реакција кај активистите против пушењето. "Нападните маркетиншки тактики во тутунската индустрија од овој тип многу вознемируваат, меѓутоа не не изненадуваат", вели Гвендолин Јанг, член на Асоцијацијата за белодробни заболувања во Калифорнија. "Ова покажува дека тутунската индустрија продолжува да користи заведувачки стратегии за да ги привлече луѓето од сите возрасти кон таа смртоносна навика". "Фридом" првата серија цигари ја лансираше во март годинава. Продажбата од цигарите "лејгал" изнесувала 500 илјади долари. "Фридом" им плаќале на познати актерки неколку недели да ги пушат тие цигари во баровите ноќните клубови во Менхетен за да ја промовираат новата марка. Тутунскиот производител исто така стои зад Коалицијата за право на пушење, група која се бори против забраните за јавно пушење како онаа што беше донесена со закон во Њујорк.
NARCIS` Мобилките в кола не се поопасни од шминкање при возење Мобилните телефони навистина го одвлекуваат вниманието додека човек вози автомобил, меѓутоа според најновата студија излегува дека возачите се повеќе преокупирани со радиото, јадење или дотерување зад воланот. Студијата ја спровел Универзитетот на Северна Каролина со поставување на видеокамери кои ги следат навиките на возачите по што било утврдено дека на 70 возачи во период од 3 часовно возење постојано нешто им го одвлекувало вниманието во и надвор од автомобилот. Сите возачи биле деконцентрирани 16 отсто од времето на возење, без да се вклучи разговорот со совозачот или патниците. "Луѓето често ја потценуваат сериозноста на деконцентрирањето бидејќи тоа не води секојпат до несреќен случај", вели Питер Кисинџер, претседател на фондацијата за безбедност во сообраќајот при автоклубот "ААА". "Меѓутоа ако нешто ви го одвлече вниманието во моментот кога некој пред вас закожува, последиците може да бидат катастрофални". Цифрите за безбедност во сообраќјот покажуваат дека 25 отсто од сите сообраќајни несреќи се предизвикани од одвлекување на вниманието. Околу една третина од возачите вклучени во студијата разговарале по мобилен додека возеле, а 25 отсто од разговорите се случувале додека автомобилот стоел. Речиси сите возачи ракувале со радиото во автомобилот, додека пак 71 отсто јаделе или пиеле при возењето. Речиси половината се чешлале, а 40 отсто читале или пишувале иако најголемиот процент од чистањето, пишувањето и чешлањето се случувало додека автомобилот стоел.
NARCIS` Муслиманите во Малезија ќе се разведуваат со СМС пораки Муслиманите во Малезија може да се разведуваат од своите сопруги со СМС пораки преку мобилни телефони, соопшти еден верски советник на владата. Хамид Отман, кој му е советник на премиерот Махатир Мохамад, изјави дека разводот со СМС пораки е во согласност со шаријатскиот закон, дека е сосема јасен и недвосмислен. "СМС пораките се само еден нов обилк на пишување", изјави Хамид за еден дневен весник по одлуката што ја донел исламскиот суд во полза на еден маж кој токму на тој начин се развел од сопругата. Исламскиот закон му дозволува на мажот да се разведе од жена ако трипати и изјави "Се разведувам од тебе".
NARCIS` Британец кој живеел во сиромаштија оставил милион фунти за кучиња Еден Британец кој живеел во руинирана куќа, носел облека што ја купувал на старо, и гледат телевизија кај соседите за да заштеди струја, оставил милион фунти за добротворни цели за кучиња. Џозеф Лик, кој починал на 90-годишна возраст, и оставил 1,1 милин фунти (1,77 милиони долари) на организацијата "Кучиња водичи за слепи лица", но ништо не им оставил на своите ќерки кои не знаеле за богатството на татка си. "Не можевме да поверуваме дека има толку пари. Тој не ја поправаше куќата и не фрлаше пари на ништо што не го сметаше за неопходно", вели ќерката Патриша Пилгрим која не знаела дека татко и тајно го собирал своето богатство на берзата. Пилгрим којашто се грижела за Лик последните 10 години од неговиот живот вели дека татко и одел на гости кај соседите зашто не сакал да троши струја. Ќерките се разочарани зашто не добиле ништо од наследството на татка си, но ја почитуваат неговата одлука. "Неверојатно е тоа што го стори, многу се гордеам со него", вели Патриша.
NARCIS` На Ирачаните им требаат психијатри за се ослободат од стравот од Садам Ирак има голема потреба од подобра служба за ментално здравје што би им помогнала на Ирачаните да го надминат хроничниот страв што го претрпеле за време на режимот на Садам Хусин, соопшти висок претставник на Пентагон. Вилијам Винкенвердер, заменик секретар на одбрана за здравствени прашања, вели дека здравствениот систем во Ирак треба да работи на подобрување на здравјето на мајките и децата како и на општото ментално здравје во државата. "Постои голема потреба од служби за ментално здравје со оглед на траумата, како ментална, така и психолошка, што ја претрпеле луѓето", изјави Винкенвердер на брифингот во Пентагон каде што ги изложил своите наоди од минатонеделната посета на Ирак. "Всушност, еден доктор кој разговараше со мене за тој проблем го опиша како нов синдром што светото треба да го проучи. Тој го нарече 'синдром на хроничен страв'", додаде Винкенвердер. "И самиот се уверив откако зборував со голем број луѓе дека овој фактор на страв многу тешко ќе им го опиќам на американците. Тоа е страв што луѓето го претрпувале долги години". Винкенвердер не наведе како тип на служби за ментално здравје би требало да се воспостават во Ирак.
NARCIS` Изел ќотек оти бранел пајки Еден човек кој се обидел да заштити едно мало јато пајчиња од група тинејџери кои ги мавале со камења на крајот самиот завршил со повреди кога тинејџерите му се навртеле нему. Човекот се шетал во еден парк во Ванкувер кога ги видел децата како фрлаат камења по птиците во езерцето. Кога се обидел да со спречи, тие се свртеле кон него, го нападнале со тупаници и го удриле со камен. Полицијата соопшти дека се во потрага по пет лица за кои се претпоставува дека се на околу 16-годишна возраст, и би можеле да бидат обвинети за напад на човек и пајчиња.
NARCIS` И во Рим се купуват оценки на факултет Италијанските судии кои го водат случајот за купување оценки во познатиот Универзитет "Ла Сапиенца" во Рим обвинија 18 студенти, професори и службеници за измама на испит. Извори блиски до судот велат дека некои студенти од Правниот факултет на универзитетот платиле 3 илјади евра за да си загарантираат преодна оценка. Овој случај следи по серијата скандали за корупција во Италија што покажува дека митото се уште владее во државата дури и една деценија откако истрагата наречена "Чисти раце" собори цела една политичка класа. Еден професор, четворица асистенти, шест административни службеници и седуммина студенти се обвинети за вмешаност во скандалот за потмитување во "Ла Сапиенца". Деканот на факултетот е ставен под официјална истрага, но не е обвинет.
NARCIS` Го фрлиле в река бидејќи не им дал цигара Неколкумина изнанервирани минувачи фрлиле еден маж во реката Сена во Париз, бидејќи не сакал да им даде цигари. Во момент кога човекот со својата пријателка поминувал преку мостот Карусел, група мажи му побарале цигари. Бидејќи тој не сакал да го задоволи нивното барање, тие го фрлиле во реката. Човекот не бил повреден при падот и успеал да дојде до брегот на реката. Француската полиција приведе неколкумина за кои постои сомневање дека го фрлиле човекот во Сена.
NARCIS` Жешка реклама стопи сладолед ВЕЛИНГТОН, (ДПА) - Австралиското биро за стандарди во рекламирањето ставило ограничување на емитувањето на една жешка реклама за сладолед на која се појавуваат две разголени жени и еден маж. Рекламата, што ја добила етикетата "само за возрасни" и може да се емитува само по 20.30 часот, се опишува како реклама која ја користи сексуалноста за да го привлече вниманието на производ кој нема врска со она што се прикажува и поради тоа го прекршува етичкиот код за реклама. Еден гледач пак, се пожалил зашто името на сладоледите "Магнум девет од 60-тите" алудира на позата 69 во сексот. Производителот на сладоледот "Анливер Австралија" објаснил дека серијата сладоледи со девет вкуса биле инспирирани од 60-тите години и затоа рекламата ги користи најпрепознатливите теми од тоа време "сексот, дрогата и рокенролот". Натаму следи и образложението дека сексот бил вметнат бидејќи сладоледот кај консументите треба да предизвика интензивно чувство на задоволство. "Анливер" изјавија дека рекламата добила целосна забрана за прикажување.
NARCIS` ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА ПОЈАСНУВА ЗА ПРОЕКТОТ ХИМНА НА ОРИЃАНСКИ Преку медиуми не се докажува патриотизмот Мелпомени Корнети вели: "Законите ги донесуваат избраните претставници на народот во Собранието, а министерствата меѓу кои и Министесртвото за култура се одговорни за нивно спроведување. Заменик-министерот за култура Мелпомени Корнети вчера до "Вест" пушти одговор на реагирањето на Златко Ориѓански, кој јавно и се обрати преку нашиот весник. Повод за сите овие јавни обраќања и на Корнети и на Ориѓански е новото цеде на Ориѓански на кое има снимено свое дело со музика на тема на македонската химна. Корнети овој повод го искористи за "Вест" да даде принципиелна изјава дека во државава треба да има дополнување во Законот за заштита на химната, знамето и грбот, каде што ќе биде заштитен и аранжманот на Тодор Скаловски, оти би се случило "секому кому ќе текне да снима химна". Корнети и во првичната изјава за "Вест" и во ова нејзино реагирање тврди дека цедето на Ориѓански не е финансирано од Министерството за култура. Туку дека му се дадени пари само за цеде да сними соло-албум со негови компилации. Според Мелпомени, дадени му се 300.000 денари за "Ноктурел" и дека тоа се половина од парите - 10.000 вера што Ориѓански ги барал. Корнети со факсимили од барањата на Ориѓански ја кажува целата постапка и преписка што се случувала на релација Министерство за култура и авторот и дека тој го информирал (со писмо) министерот за култура дека ќе изработи и свој аранжман на македонската химна, без натамошни финансиски побарувања и дека на Министерството ќе му подари 300 копии од овој проект. Мелпомени Корнети и вчера во јавното обраќање вели: "Почитувајќи го апослутното право на секого, должни сме да кажеме дека химната на РМ е третирана со три закони - Законот за химна на Република Македонија, Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија и Законот за авторски и сродни права. Законите ги донесуваат избраните претставници на народот во Собранието, а министерствата, меѓу кои и Министерството за култура, се одговорни за нивно спроведување. Според тоа, г. Ориѓански нема потреба да докажува кој е во областа на музиката - тоа не му е ниту оспорено, поради неговите досегашни творечки достигнувања му се одобрени споменатите средства од овој министер. За другите негови наводи, меѓу кои и омаловажувањето на наши професионални национални институции и други ансамбли, нема потреба да коментираме, како што е неумесно и под ниво на овој начин (преку медиумите) да се докажува патриотизмот", вели Мелпомени Корнети на крајот од своето писмо. На нашето повторно прашање до Ориѓански за што, всушност, побарал и добил пари, тој ни одговори: "Барав средства со две барања за две работи. За соло-албум и за химна. Со тие средства јас ќе ги завршев двете работи, без денар хонорар за себе", вели Ориѓански и појаснува дека парите ги барал за нов албум, а не за албумот "Ноктурнал" како што мисли Корнети, бидејќи, како што вели тој, "Ноктурнал" е последниот албум на "Анастасија" објавен пред пет години, а дека тој прави нова музика која ќе биде готова наесен. СТАВ НА СОКОМ ОКОЛУ НАЦИОНАЛНАТА ХИМНА Државата да преземе мерки за заштита на химната Сојузот на композиторите на Македонија, по пишувањата во "Вест" околу аранжманот на химната направен од Златко Ориѓански во це - дето насловено "Денес над Македонија се раѓа" се јави со свој став во кој СОКОМ искажува загриженост од честата појава на интонирање на националната химна со, како што велат, неретките промени на мелодијата, хармонизацијата, формата и погрешните презентирани информации за нејзините автори. Во својот писмен став упатен до нашата редакција СОКОМ на крајот заклучува: Се надеваме дека надлежните државни институции ќе ги превземат сите неопходни мерки и дејствија согласно пропишаните норми со Законот за химна, знаме и грб, Закомот за авторските и сродни права и Одлуката на Собранието за избор на химната на Р. македонија за заштита на еден од втемелувачките симболи на нашата државност.
NARCIS` Во Турска драма се славеше за победата на "Чернодрински" Вчера во Турската драма се направи скромна но полна со емоции прослава за успехот што го постигна овој актерски ансмал откако 38 години постои театарскиот фестивал "Војдан Чернодрински" . Турската драма ги доби двете најголеми награди во двата програма на Фестивалот: за "Куќа на граница" како најдобра претстава во целина и за "Малечката " како најдобра претстава во ОФФ-програмата. Турска драма во Скопје се врати и со награди за најдобри актерски остварувања на Атила Клинче и на примадоната од овој театар Бедија Беговска за реализација на улоги во "Куќа на граница" на Мрожек во режија на гостинот од Турција Јуџин Ертел. За истата претстава Филиз Ахмет зеде најграда за најдобар млад актер. "Малечката е текст на Сема Али, а режијата е на Димитар Станкоски. "Куќа на гранбица", по повод наградите, ќе се игра вечерва, а "Малечката" утревечер на сцената во Турска драма во театарот на народностите.
NARCIS` Го заклала мажот оти се скарале за боја Бојата на sидовите во домот на едно семејство била прашање на живот или смрт. Жената смртно го избодела својот маж кога се скарале околу тоа со каква боја да го варосаат sидот. Расправијата се разжестила кога 53-годишниот маж и неговата сопруга, која има 50 години, го преуредувале домот, а и двајцата биле под дејство на алкохол. Изнервиран и бесен мажот зел кујнски нож и го дал на сопригата и ја предизвикал да го заколе. Жената го зела ножот и му го забила во срцето. Итната служба која дошла потоа не успеала да му го стаси животот на мажот. Полицијата ја уапсила жената против која е поднесена кривична пријава. Не е познато која била спорната боја заради која се случил овој трагичен настан.
NARCIS` Maziiiii pazete seeeeee :)
NARCIS` Биолошкиот часовник им отчукува и на мажите Не им отчукува само на жените биолошкиот часовник. Имено, како стареат мажите потешко можат да имаат дете, велат научниците од американскиот универзитет Хал. Во медицината одамна е познато дека жената со стареењето постепено има поголеми тешкотии да забремени, а мажите по теорија можат да направат дете додека не умрат. Меѓутоа, испитувањето на 1.200 трудници покажало дека не е секогаш баш така лесно. Мохамед Хасан и д-р Стивен Килик им поставувале секакви прашања на трудниците, од тоа дали пушат и колку време им било потребно да забременат. Времето за зачнување било подолго ако нивните партнери имале од 45 години нагоре. "Исто како кај жените, и кај мажите постарата возраст се поврзува со времето потребно за жената да зачне", се вели во извештајот што бил објавен во журналот "Плодност и стерилност". Таму исто така се наведува дека половината од двојките кои се обиделе да направат дете, успеале во намерата за период од 3 месеци, а 85 проценти успеале за половина годинна. Секоја шеста двојка имала проблем да зачне за една година, а 70 проценти успеале дури по две години. Дури и покрај дополнителните фактори како што е зачестениот секс и младата возраст на жената, на мажите кои имале над 45 години им било потребно петпати повеќе време за да зачнат дете. "Возраста не е проблем само за жените. Многу пациенти се вознемируваат поради времето кое им е потребо да зачнат. Оваа студија е вредна бидејќи дава поширок поглед на крајните ефекти на возраста врз плодноста кај мажите", вели д-р Маријан Дејмвуд, претседател на Американското општество за репродуктивна медицина
NARCIS` Германските евра имаат кокаин Речиси сите банкноти на еврото во оптек во Германија имаат траги од кокаин бидејќи банкнотите кои корисниците на дрогата ги виткаат во цевчиња го контаминираат готовинскиот систем, велат научниците. "Деведесет отсто од банкнотите содржат мерливо количество на кокаин", вели Фриц Соргел од Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг кој ја спровел студијата што опфатила 600 евро банкноти. Студијата не можела да даде конкретни докази за степенот на злоупотреба на кокаинот во Германија и евро зоната, меѓутоа Зоргел вели дека постои јасна врска меѓу наодите и степенот на регистрираната злоупотреба на кокаин во европските држави. "Студиите покажаа дека количеството на кокаин на банкнотите во држави каде што има помала злоупотреба на дрогата како Франција, Финска и грција, е многу помало отколку во државите каде што е повеќе распространета", вели тој. Резултатите од една посебна студија што институтот го спровел на евро банкнотите во Барселона биле особено изненадувачки. "Бевме шокирани, од она што го утврдивме таму. Концентрациите на кокаин на шпанските банкноти беше речиси 100 пати поголемо од она во Германија", вели тој. Студијата спроведена во Лондон во 1999 година покажала дека 99 отсто од банкнотите во оптег биле извалкани со дрогата. Според тестовите што во 2002 година ги спровела Европската унија за валутите на државите кои сега го користат еврото покажале дека германската марка е на трето место според контаминираноста со кокаин, по шпанската пезета и ирската фунта. Присуството на траги од кокаин во банкнотите се должи на машините за броење пари во банките кои ги мешаат новите со старите банкноти. Наркоманска работа .
dbk booooooooooooooooooooo
NARCIS` Конзервативец од партијата на Ширак за прв пат на Љубовнаста парада во Париз Годинава за првпат во парадата на околу 600 илјади хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци низ улиците во Париз се вклучи и претставник на конзервативната партија на претседателот Жак Ширак. Учесниците на парадата облечени во оскудни кожни облеки, со украси од пердуви на главите или речиси сосема голи беа предводени од социјалистичкиот градоначалник на градот, Бертран Делано, и една група левоориентирани политичари. За првпат во 13-годишната историја на Парадата на хомосексуалците во маршот се приклучи и официјален претставник на француската водечка конзервативна партија Жан-Лик Ромеро кој е национален секретар на партијата на Ширак УМП. "Долго време се борам за правата на хомосексуалците, па беше природно да бидам првиот човек кој ќе ја претсавува УМП на маршот", изјави Ромеро за една француска телевизија. Меѓутоа УМП е далеку од едногласна во поддршката, а член на партијата го искритикува Делано зашто излегол на маршот. Општинскиот градоначалник Франсоа де Панафју кој порано се кандидраше за функцијата на Делано за еден весник изјави дека не е достоинствено еден градоначалник да маршира во парада. Делано, кој во маршот учествува одкако е избран за градоначалник во 2001 година, не предивикува никакви контроверзии поради својата сексуална определба и ретко е предмет на медиумите во Франција.
NARCIS` Германец 3 години лежел мртов дома Еден човек во Германија бил мртов речиси три години во својот кревет пред да го најде полицијата. По обдукцијата што била извршена на неговото тело било утврдено дека човекот кој бил во 50-тите години од животот починал од повреди што сугерира дека се работело за убиство. Полицијата претпоставува дека бил убиен во септември 2000 година, а како осомничена во случајот ја уапсила жената која се грижела за човекот кој бил врзан за инвалидска количка. Инаку, полицијата го нашла телото откако соседите се пожалиле на лошата миризба. Во Германија често има вакви случаи на наоѓање мртви тела на луѓе во нивните домови неколку месеци или години по смртта - феномен за кој социолозите велат дека се должи на општествената изолација и распад на семејството. Дури и ефикасниот банковен систем придонесува кон ова бидејќи сметките и пензиите на луѓето може да платат и исплатат долго откако ќе починат.
NARCIS` Полиција спаси крадец заглавен во оџак Еден човек речиси три часа седел заглавен во оџак во еден семеен ресторан во Квинс, Њујорк. Полицијата и пожарникарите биле повикани во италијанскиот ресторан "Луиџи" за да го спасат човекот и по тричасовната со бушалки и чекани интервенција конечно го извлекле од оџакот. По некоја случајност сопственичката на ресторанот со сопругот седеле дома и гледале смешни видеоинсерти меѓу кои имало и таква на крадец кого го одглавувале од оџак мачкајќи го со путер. "Не поминаа ни пет минути, полицијата се јави и рече дека влегла во ресторанот и дека во оџакот има некој човек", рекла газдарицата која отпрво помислила дека се работи за шега. Крадецот кој е обвинет за обид за грабеж завршил во болница со мали повреди. Инаку, тоа што тој не го знаел е дека газдите во ресторанот не ја чуваат готовината, и дека оџакот води право во подрумот.
NARCIS` И научно е докажано: тешко е да се откажеш од пушење Секој пушач знае дека е тешко човек да се откаже од пушењето, а сега постојат и научни докази за тоа. Студијата спроведена меѓу 1.600 тешки зависници од цигари кои се обиделе да ја откачат лошата навика, со или без помош на никотински фласери, покажала дека само 5 проценти од вкупниот број не пушеле 8 години по првиот обид да прекинат со цигарите. Додека, пак помалку од половина од оние кои успеале да ги откажат цигарите во период од 12 месеци повторно запалиле цигара во текот на наредните 8 години. "Откажувањето од цигарите е добро по здравјето, и како што покажа студијата, ако успееш да не пушиш цела една година, имаш поголеми шанси сосема да се откажеш од цигарите", вели Џин Кинг од добротворната организација за истражување на ракот во Британија која ја финансираше студијата.
NARCIS` ПРОМОЦИЈА Трифун Костовски со песни од срце и за душа Совет од пославниот колега: Трифун Костовски и Тоше Проевски "Музиката е мојата прва љубов. Иако се посветив на професијата никогаш не се откажав од неа, а резултатот од таа љубов се моите песни". Вака Трифун Костовски ја почна промоцијата на неговото прво ЦД "Душа Македонска", што се одржа завчера во скопскиот летен клуб "Кабрио". Покрај поддршката од неговото семејство, дел од промоцијата беа и многу негови пријатели, новинари и по некој политичар. Честитки за албумот доби од министерот за одбрана, Владо Бучковски, од Тоше Проески, Калиопи, "К-15"и многу помалку или повеќе познати фаци од јавниот живот. Ова ЦД навистина е од душа и за душа, зашто нема да се појави во продажба. Сите што добија примероци ќе може да си ја збогатат својата ЦД-тека со уште еден албум, со уште девет песни за кои се заслужни Александар Митевски, автор на најмногу песни, семејството Димитрови, Калиопи. Дел од овие нумери се збогатени со спотови, а ќе се снимаат уште седум во "3Д", "100%" и "К-15" продукција, а на спотовите нема да се појавува Костовски. И на крајот уште едно ветување дека ова нема да биде единствениот албум, туку ќе има уште многу песни, секако, од срце и за душа.
NARCIS` Ханибој Едвардс прошета низ векот на блузот 90-годишниот гитарист Едвардс жива блуз легенда Дејвид Ханибој Едвардс од САД, жива легенда на блузот чии корени овој деведесетгодишен гитарист и сам ги доживеал во триесеттите години на 20 век, го затвори годинашниот скопски "Блуз и соул фестивал". Тој во летниот клуб "Колосеум" настапи покрај "Мамас Пит",најпопуларниот блуз бенд во Италија во овој момент и французинот Нико Вејн Тусен, прогласен за еден од најдобрите музичари на усна харминика. "Блуз и соул фестивалот" беше кусо но убаво освежување во изгор скопското лето, особено за фановите на оваа музика.
NARCIS` Багдат Еден музеј во Багдад беше повторно отворен со изложба на предмети од едно од најзначајните археолошки откритија на 20. век - богатствата од Нимруд- кои биле откопани од древниот асириски град Нимруд во близина на денешниот град Мосул. Богатствата беа најдени речиси неоштетени во трезорот на една банка во Ирак на почетокот на неделава. Тие не биле изложени пред јавноста од 1990-тите години, а датираат од 900 година пред н.е. и се состојат од скапоцени камења и златни артефакти, како круната на фотографијата.
NARCIS` Сообраќајна кајгана од 10 тони јајца Еден камион што пренесувал 10 тони јајца се удрил во друг камион што пренесувал градежна машинерија на автопат во Германија при што направил вистинска кајгана во сообраќајот. "Тоа беше еден огромен омлет", вели портапролот на полицијата. "Во камионот имало околу 200.000 јајца, и сите се најдоа на автопатот. Потребни беа 4 часа да го расчистиме хаосот".
NARCIS` И го продала сопругот на љубовницата Една Виетнамка, која не успеала да го убеди сопругот да ја напушти љубовницата, на крајот се согласила да и го продаде на својата конкурентка за 516 американски долари. Љубовницата и ги исплатила договорените пари на лутата сопруга и ведаш побегнала заедно со купената "стока". Тажната сопруга сега живее сама во јужната провинција на Виетнам, Донг Нај.
NARCIS` Месечарка преживеала пад од седми кат Една жена месечар од југозападна Кина преживеала пад од седми кат, здобивајќи се само со полесни повреди. Триесет и двегодишната Хе Дејинг, сонувајќи како некој ја вика додека одела, стигнала до терасата, по што паднала. Градските власти ја пронашле жената во раните утрински часови како лежи под терасата која се наоѓа на височина од 20 метри. Лекарите биле изненадени од фактот што таа поминала само со мала фрактура и модрици, без поголеми повреди.
NARCIS` Го осудиле на казна затвор од 99 години поради една песна Еден Тексашнец го осудиле на 99 години затвор поради убиство на музичар, кој не ја знаел песната што му ја нарачал. Рамон Кабрера (48) му се налутил на Дејвид Сенц (57) затоа што овој не знаел да ја свири "Ел гвајолоте" или "Мисирка", и поради тоа го застрелал во главата со пиштол, изјави помошникот на јавниот обвинител. "Како обвинител сум видел многу бесмислени убиства, но ова, едноставно не може да се објасни", вели тој. Сенц инаку, често свирел гитара и армоника и им пеел на своите соседи. Кабрера живеел од другата страна на улицата и биле пријатели. Сведоците велат дека и двајцата пиеле пиво, кога Кабрера инсистирал Сенц да ја свири песната, но Сенц рекол дека не ја знае. Тие се скарале и Кабрера отишол дома, и по неколку минути со пиштол во раката. "Им рече на луѓето да се тргнат од патот, и потоа го погоди Сенц во челото со 38-ката", изјави Скурка. Сенц умрел на самото место со гитарата и армониката покрај нозете. Кабрера сведочеше дека не бил пијан кога го застрелал Сенц, но дека не се сеќава на убиството. Тој беше осуден од поротата, и според законот на Тексас, ќе има право да бара условно пуштање дури по 30 години. Типичен балканац бил типов :)))))
NARCIS` Најки ќе мора да повлече од пазарот 225.000 згрешени чифта патики Американската Комисија за безбедност на стоката за широка потрошувачка, соопшти дека гигантот за производство на спортска опрема "Најки" ќе мора да полече од пазарот околу 225.000 чифта патики, од моделите "Џордан Транер ИКС-ЕЛ" и "Џордан Транер 2003". Овие модели се продавале во периодот од јуни 2003 година до јули 2003 година. Како што се наведува во соопштението на Комисијата, овие модели имаат тенка метална лента на наворешниот дел од петата, која може да предизвика сериозни повреди на стапалото на тој што ги носи. Како што се додава во соопштението, "Најк" веќе добил 16 поплаки за здобиени повреди од овие модели на патики.
NARCIS` Палестинка убила Израелец преку Интернет Една Палестинка, признала дека е виновна за убиството на израелско момче, со кое разменувала пораки преку Интернет, соопштија израелските власти.По едномесечна истрага, 25-годишната, Амана Јауад Мона, признала дека е виновна за убиството на 16-годишниот Офир Раум, бидејќи го убедила да се сретне со неа на автобуската станица во Еруслалим. На автобуската стабица во Ерусалим, тој бил пречекан од двајца припадници на воената формација Танзим, која е поврзана со партијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат, кои со автомобил го однеле момчето на Западниот Брег, каде го убиле. Мона изјавила дека таа не знаела дека момчето ќе биде убиено односно била известена дека тоа ќе биде киднапирано во знак на протест поради убивањето на едно палестинско момче од страна на израелската војска. Нејзиниот адвокат изјавил дека таа не била свесна за својата изјава, бидејќи при нејзиното испрашување полицијата користела разни репресивни методи.
NARCIS` Родители си ги изгладнувале своите деца "по наредба на Господ" Шест истоштени кениски деца, кои биле држени затворени и без храна четири недели"по наредба на Господ", биле одведени во дом за деца, а нивните родители, христијани- фанатици, биле уапсени. Полицијата упаднала во домот на бившиот универзитетски професор Питер Камау Мванги и неговата сопруга Хана во Нгонг, во предградието на Најроби, на повик од соседите. Во куќата, шесте деца седеле заедно на кревет, заслабнати и рамнодушни поради нивното искушение, прикажале локалните телевизиски станици. "Родителите се уапсени, но ние ги очекуваме резултатите од психијатриските испитувања, пред да преземеме мерки", изјави еден службеник од полициската станица. Мванги изјавил во полицијата дека бил инструиран од Господ за време на Божик, да пости со семејството, с&ицирц; до натамошни инструкции. Неговото семејство пиело само вода за време на неделите на постење. Шесте деца на возраст од две до 11 години, не биле во состојба да застанат на своите слабички нозе, и кај сите биле забележани кожни инфекции и опаѓање на косата. Најмладото дете тежело нешто повеќе отколку новороденче. Мванги ја напуштил својата работа како професор-електроинженер при Универзитетот во Најроби, кога станал христијанин, и почнал да ги минува деновите во молитви со своето семејство, велат соседите.
NARCIS` Жена го нокаутирала сопругот до смртоносен удар Една средовечна жена во Каиро го убила својот маж со еден бокс, а потоа лажела дека умрел од природна смрт. ПОлицијата во Каиро вели дека 43-годишната жена признала дека го удрила својот 66-годишен сопруг, по една жестока караница. Кога увидела дека е мртов, го убедила медицинскиот инспектор дека тој како дијабетичар починал од природна смрт така докторот не дал наредба за абдукција. Жената всушност ја издале соседите кои биле скарни со неа кога рекле дека ги чуле двајцата како се расправаат. . По ова полицијата наредила телтото да биде ископано и се извршила обдукција. Жената моменатлно е во притвор.
NARCIS` Турски деца уапсени во Интернет кафе Анкара, Околу 130 турски деца беа накратко задржани во полиција во анадолискиот град Кирикале поради редовно посетување на Интернет кафе. "Проверката е направена со оглед на поплаките дека Интернет кафеата се полни со чад од цигари и дека децата можеби гледаат порнографски материјали ", вели шефот на полицијата на Кирикале и им се обраќа на децата: "Ние сакаме вие да станете луѓе кои ќе придонесат за доброто на државата. Ние сакаме да ве гледаме на добри места, а не на лоши". Тој предупреди дека децата повторно ќе бидат приведени доколку се вратат во Интернет кафеата.
NARCIS` Се разбудил од кома по 20 години Фотографија од Тери Волис пред да падне во кома по сообраќајката во 1984 Еден човек се освестил од кома во која западнал пред 19 години и поздравил мајка си која седела покрај неговиот кревет. "Првиот збор со кој ја изненади мајка си беше 'мамо', а потоа рече 'пепси', па 'млеко'. А сега си зборува се нормално", вели Алеша Бедгли, директорка на Центарот за нега и рехабилитација во градот Маунтин Вју, во американската сојузна држава Арканзас. Тери Волис кој сега им 39 години, се наоѓа во центарот откако имал сообраќајна несреќа во јули 1984 година. Неговиот татко вели дека првпат прозборел на 12 јуни, а оттогаш постојано напредува. Неговата сопруга Санди вели дека се возел со пријател кога со автомобилот паднале во мала река. Следниот ден биле најдени под еден мост. Пријателот бил мртов, а Волис бил во кома. Ќерката на Волис Амбер се родила непосредно пред несреќата. Таа сега има 19 години , а Волис вели дека би сакал повторно да прооди заради неа бидејќи во несреќата му се парализирале екстемитетите. Неговата мјака Енџили Волис вели дека освестувањето на нејзиниот син е вистинско чудо. "Не можам да ви кажам која мисла прво ми дојде во главата, просто паднав на подот", вели таа. Додека бил во кома Волис најдолго време лежел во центарот за рехабилитација, а семејството повремено го изнесувало за време на викендите и за специјални прилики. "Докторот рече дека тоа е причината зошто се сеќава на работите; ние најверојатно сме помогнале мозокот да продолжи да му работи", вели Сенди Волис.
NARCIS` Жените имаат и повеќе од една овулација месечно Научниците од Канада утврдиле дека периодичниот метод не функционира беспрекорно како метод на контрацепција затоа што жените понекогаш овулираат неколкупати во еден месец. Нивните наоди, ако се потврдат како точни, ќе ги побијат традиционалните верувања дека телото на жените произведува јајце клетки еднаш месечно. Тие исто така би можеле да објаснат зошто природните методи на контрацепција, кои се засноваат на идејата дека овулацијата може да се предвиди, честопати потфрлуваат. "Ние буквално ќе ја измениме медицината", вели д-р Роџер Пирсон, директор на Одделот за истражување на репродуктивата биологија при Универзитетот во Сескечуан. Научниците знаат дека луѓето имаат посебен циклус на овулација кој се разликува од животните. Кај животните, кога влегуваат во сезоната за парење мажјаците преку миризба и визуелни сигнали знаат дека женката овулира и е подготвена да зачне. Но кај луѓето тоа не функционира така, зашто имаат "скриена" овулација. Стандардната медицинска наука вели дека жената минува низ циклус од 28 дена кога јајце клетката созрева, се ослободува од фоликулата, и паѓа во јајцеводот каде што или се оплодува или се исфрла за време на менструацијата. Пирсон и колегите сега докажаа дека тоа не се случува секогаш така. "Не го очекуваваме ова. Навистина не го очекувавме", изјави Пирсон. фио стварно ?:)
NARCIS` Зошто слонот не носи кондом? За потребите на Светската конференција за СИДА-та што ќе се одржи во Бангкок тајландските општински работници планирале да употребат лого на два слона во сексуален чин, меѓутоа претставниците на здравството се спротивставиле на оваа идеја бидејќи слонот не користи кондом. "Логото не пренесува никакво значење", рекол д-р Сомбат Танпрасерцук од Управата за контрола на болеста при тајландската влада. "Тоа ќе пренесе само една порака: дека луѓето кои го организираат ова се опседнати со секс. А и не покажува дека мажјакот носи кондом". Инаку, официјалното лого на средбата прикажува три слона како стојат во редица. Познато е дека слоновите се националниот симбол на Тајланд.
NARCIS` Се продава забот на Елвис Можеби е премногу доцна за обожавателите на Елвис Присли да ги купат познатите комбинезони со шљокици во кои настапуваше, меѓутоа затоа може да купат едно делче од кралот - неговиот заб. Бисерниот бел заб за кој се вели дека е автентична реликвија од рокенрол легендата, заедно со локна од косата е позлатениот примерот на хит-синглот "Сакај ме нежно" се дадени на аукција на Интернет-сајтот Ибеј со минимална цена од сто илјади долари. Овие сувенири од Елвис претходно беа изложени во еден фризерски салон "Жолта јаготка" Форт Лоренделј, Флорида од 1992 година. Сопственикотна овие сувенири бил мотивиран да ги продаде предметите делумно поради цената на осигурувањето и обезбедување. Забот претходно бил во сопственот на Линда Томсон поранешната девојка на Присли, а во Музејот на Елвис Присли се нашол по пат на аукција. Локната коса која му била отсечена пред да замине во војска Елвис му ја дал на водителот на ток-шоу Џо Френклин. Поратпатолот на Ибеј вели дека сајтот во принцип не дозволува продажба на делови од човечкото тело, и нема коментар за понудата на забот и локната на Елвис.
n/a NARCIS` Кажи им со колку женски беше у Охрид [^]
NARCIS` :))))))))
slasa Margis Maratonec postanal