Vo Bitola lice so mozni simptomi na SARS |
melpomena |
Пеце Стефановски
01.06.2003
Денеска во битолската болница беа забранети посети поради дезинфекција на објектите и опремата. Причина беше завчерашниот прием на пациентот Торонто, Канада со симптоми за можна инфекција од вирусот САРС.
66 годишниот битолчанец А.Ѓ кој живее во Канада во четвртокот пристиганл на аеродромот Петровец каде никој не му кажал на превентивен режим за САРС, иако доаѓал од ризична земја. Одкако пристигнал во Битола, во петокот поради хипертензија се упатил во службата за брза помош.
Наредниот ден со симптоми на малаксаност, кашлица, висока температура неговите роднини го однеле во интетрното одделение, а по лекарската обработка и преглед на ехо и ренген била констатирана пневмонија.
Од тој момент во клиничкот центат се преземаат сите профилактички мерки согласно со упатствата од државниот завод за заштита со вклучување на епидемиолози и инфектолози од Медицинскиот центар во Битола.
Пациентот А.Ѓ бил веднаш изолиран и транспортиран на инфрективаната клиника во Скопје. Во меѓувреме преземена е епидемиолошка анкета, а сите лица што биле во контакт со кандскиот гостин како и персоналот од Медицинскиот центар ствени се под епидемиолшка контрола.
По извршената дезинфекција денеска после 17.00 часот дозволени се повторни посети, а вниманието на персоналот свртен е на Инфективната клиника во Скопје во очекување на епидемиолошките наоди.
Последната информација говори дека од вечера до денеска во Канада регистрирани се нови 29 случаи на заболени од САРС.
|
melpomena |
Никола Пановски: „Граничните служби да бидат повнимателни со патниците од ризичните земји“
Менче Атанасова Точи
01.06.2003
Заменик министерот за здравство др. Никола Пановски ја смирува јавноста и вели дека нема место за паника зошто хоспитализираниот ја нема главната одлика на САРС-от, висока телесна температура. Пановски апелира до граничните служби да бидат повнимателни со лицата кои доаѓаат од ризичните земји.
Никола Пановски: Во саботата бил на преглед на интерното одделение, зошто имал малку повисока температура. Во согласност со епидемиолошката служба решиле дека е подобро да го пренесат во Скопје. Иако немал знаци да биде сомнителен случај немал температура над 38.
Патникот е стигнат од Торонто во среда напладне, значи стигнал во периодот кога ние дававме препорака за патниците од Канада да се преземаат мерки и патниците да се преземаат како ризични.
А1: Дали ова значи дека пациентот може да има САРС и дали Македонија повторно ќе ја воведе препораката да не се патува во Канада со оглед на зголемениот број на случаи?
Никола Пановски: Првин да кажам дека нема потреба од никаков страв кај роднините и медицинските лица кој биле во контакт со овој пациент, бидејќи го нема главниот фактор, а тоа е повисока температура од 38.
Пред малку разговарав со одговорните за случајот и ме известија дека нема знаци на инфекција, нема симтоми на САРС.
Апелирам до граничните служби да бидат повнимателни со патниците од ризичните земји и да ги следат упатствата на СЗО.
|