ViennaBoy |
Тројца манијаци вооружени со пиштоли истепале и силувале две девојки откако ги грабнале од автомобилот во кој тие биле со нивните момчиња, во понеделникот околу полноќ, во близина на скопското село Побожје. По немилиот настан силувачите ги оставиле девојките во населбата Чаир и избегале. Дознаваме дека станува збор за скопјанките Ј.К. (18) и Х.Т. (19), кои се од македонска националност.
Министерството за внатрешни работи во интерес на истрагата не соопшти никакви детали за учесниците во тешкиот инцидент.
Скопската полиција вчера информира дека во понеделникот околу 23.30 часот, во близина на месноста Турчинска Река, тројцата насилници што биле во автомобил, му го попречиле патот на автомобилот "форд ескорт" со скопски регистарски таблички во кој биле девојките со две момчиња.
Двајца од насилниците излегле од автомобилот, ги впериле пиштолите кон фордот и на девојките и им наредиле да излезат од возилото.
Тогаш непознатите ги грабнале девојките и ги качиле во автомобилот, во кој ги чекал третиот насилник, и заминале.
Манијаците ги однеле девојките на некое место на падините на планината Скопска Црна Гора и ги тепале, а потоа и ги силувале. Откако си ги задоволиле страстите, силувачите ги качиле девојките во автомобилот и ги оставиле пред ќебапчилницата "Хаваи" на улицата Втора македонска бригада во скопската населба Чаир.
Во изјавата што жртвите ја дале во полициска станица тврделе дека силувачите најпрвин ги тепале со тупаници по телото и главата, а потоа ги силувале.
Скопската полиција презела мерки за идентификување и апсење на силувачите. |