VARDAR SAMPION !
VARDAR SAMPION !
NARCIS` СО 33. КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА СЕ СПУШТИ ЗАВЕСАТА НА 11. ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА Заврши 11. првенство на Македонија во фудбал, завчера официјално, иако сй беше познато и пред да се одигра последното коло. Но, како што е редот, требаше да се сочека крајот за да може да се даде комплетна анализа. Нов (стар) државен првак е Вардар, кој загуби во Струмица, но, сепак, бодовната предност беше толкава за да не мора да 'брка' победа. Трката заврши, и во тој поглед се повтори ланското првенство. Беласица ГЦ повторно не успеа да се закити со златниот медал. Ќе мора да се задоволи со второто место и учество во Купот на УЕФА. Во Лигата на шампионите ќе нй претставува Вардар. Лигата ја напуштаат Куманово и на големо разочарување Пелистер, клуб од кој потекнуваат големи фудбалски имиња, расадник на таленти. Долго време Беласица ГЦ беше прва, па дури и полусезоната ја заврши на водечката позиција. Во пролетниот дел ја имаше полпозицијата, но не успеа. Струмичани 'кикснаа' кога најмалку се очекуваше. Се чини пресуден беше натпреварот со Куманово, кој го одиграа 1:1, потоа нерешениот резултат во Скопје со Работнички К, а капак на сй беше поразот во Прилеп од Победа. Премногу загубени бодови за струмичани, кои атакуваа на шампионската титула. Осцилираше нивната игра, што е недозволиво за екипа која атакува на првото место. Вардар исто така не беше најубедлив, но освои доволно бодови за да ја обезбеди титулата на едно коло пред крајот. На крајот, сй заврши како што заврши. Заслужено или не, екипите се распоредија на крајот од трката, ги распределија местата во фудбалска европа, но, за жал, се плашиме дека таму ќе минеме исто како и лани. Нема овој пат да се задржуваме на завчерашните натпревари, ниту, пак, на сите клубови. Единствен што заслужува да се проанализира е Пелистер, кој толку падна и организациски и квалитативно, што ете, догодина ќе му прави друштво на Куманово. Колата на битолчани поодамна тргна надолу, уште пред доаѓањето на новата управа, но, се чини, нејзиното инаугурирање беше фатално. Новите луѓе ниту имаа фудбалско знаење, ниту пари, ниту некое влијание не само во фудбалскиот свет. Во една таква констелација на односи, кога на фудбалерите не им се исплаќаа ни плати ни рати, кога не можеше да се одржува стадионот, кога неколкупати целата екипа беше бркана од 'Тумбе кафе'и принудувана да тренира на маалски терени, да се соблекува по искршени автобуси и сл. епилогот беше лесно предвидлив. Но вина сноси и градот. Битолчани покажаа дека не им е грижа што ќе се случи со клубот, кој беше (и е) синоним за битола, еден од елементите по кои се препознаваше градот. Општината дозволи клубот да падне во раце на фудбалски аналфабети, а решението се бараше кога дојде ножот до коска, кога беше предоцна. Големо прашање е што ќе се случи понатаму. Или клубот ќе се врати во Прва лига експресно, за што требаат многу пари, организација и фудбалери, или агонијата ќе продолжи сй до негово расформирање. Жално за Пелистер и Битола. Сосема спротивен пример е Брегалница (Д). Преземањето на клубот од сериозен спонзор, влегувањето на фудбалски луѓе, луѓе со знаење, со влијание, и сето тоа поткрепено со одличен тренер, ги даде резултатите. Брегалница остана во елитата, а според најавите, се очекува догодина да игра и една од позначајните улоги во првенството. Кога сме кај првенството, штотуку завршеното можеби не беше најквалитетно, секако не беше 'чисто', но секако беше интересно. До самиот негов крај не се знаеше која екипа ќе ја напушти лигата, а која ќе биде шампион. Трокружниот систем се покажа како многу поцелисходен отколку системот со плеј-од и плеј-аут. Но, не можеме а да не споменеме дека имаше и премногу 'режирани' натпревари. Не ретко играчите на спортска прогноза успеваа и да го погодат точниот резултат на некои од средбите. Клубовите повеќе се интересираа кој судија ќе суди отколку со кој состав ќе настапи противникот или ,пак, која тактика да се одбере за победа. Така квалитет не се гради, напротив, од година во година квалитетот опаѓа, па можеби го имавме најслабото првенство во историјата на македонскиот фудбал. Нешто мора да се пресече, а тоа може да го стори само ФФМ. Кратење на лигата, воспоставување на строги правила на игра, сериозен Одбор на прволигаши и, се разбира, ригорозни казни за оние кои имаат намера да 'режираат' се едни од мерките кои мораат да се преземат за следното првенство. Сега како и секоја година доаѓа преодниот рок, претстојат пазарења со играчи, секој клуб ќе се 'засили'со фудбалери кои тренерите или управите ќе ги донесат и на крајот, сите ќе бидат задоволни од преодниот рок. А вистината е дека доколку нешто под итно не се преземе во ФФМ, догодина првенството ќе биде исто како и оваа година. П. Једиковски ИГРАЧ НА КОЛОТО Љубиша Савиќ Тим: Слога Ј Роден: 23.4.1975 (СЦГ) СЛИКА: ЉУБИША САВИЌ ТИМ НА КОЛОТО ЗЕКИР (ВАР) ПОЦЕВ (БЕЛ) ВЕДЕРСОН (СИЛ) МАРКОВСКИ (ЦЕМ) КОСТОВ (БЕЛ) МЕГЛЕНСКИ (ПОБ) МАСЕВ (БЕЛ) ГЛИГОРОВСКИ (СИЛ) СТАНКОВСКИ (СЛО) БАЛДОВАЛИЕВ (БЕЛ) САВИЌ (СЛО) Статистика за 33. коло ФЕР - ПЛЕЈ Ж.К Ц.К ВК. 1. ВАРДАР 55 1 58 2. ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 53 2 59 3. БЕЛАСИЦА ГЦ 57 1 60 4. СЛОГА Ј 57 3 66 5. СИЛЕКС 56 5 71 6. БРЕГАЛНИЦА 64 4 76 7. ТИКВЕШ 69 4 81 8. НАПРЕДОК 73 4 85 9. КУМАНОВО 84 3 93 10. РАБОТНИЧКИ К 79 5 94 11. ПЕЛИСТЕР 81 8 105 12. ПОБЕДА 91 10 121 ПОСЕТЕНОСТ Дома Гости Вкупно 1. ВАРДАР 20.300 39.900 60.200 2. БЕЛАСИЦА ГЦ 31.500 23.800 55.300 3. НАПРЕДОК 35.500 12.000 47.500 4. БРЕГАЛНИЦА 31.000 12.500 43.500 5. ПОБЕДА 20.700 21.100 41.800 6. ТИКВЕШ 18.800 14.000 32.800 7. СЛОГА Ј 11.800 19.000 30.800 8. СИЛЕКС 5.800 21.400 27.200 9. ПЕЛИСТЕР 13.400 13.500 26.900 10. РАБОТНИЧКИ К 6.300 16.200 22.500 11. ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 5.300 14.700 20.000 12. КУМАНОВО 10.900 8.200 19.100 ГОЛОВИ По големата ефикасност во минатите две кола, во ова последно, 33. коло стрелците беа просечно расположени. На шест средби постигнаа вкупно 15 голови или во просек по 2.50. Најмногу имаше во Делчево, шест, каде Брегалница и Слога Ј одиграа 2:4, додека без голови се играше во Кавадарци. Инаку, домашните екипи постигнаа 6, а гостите 9 голови. КАРТОНИ Доделени беа вкупно 18 картони од кои три црвени. Исклучување заработија Стоилов (Беласица ГЦ), Ќумбев (Победа) и Шарац (Пелистер). Значи на шест средби имало 15 жолти картони или во просек исто како и кај головите 2.50 на меч. Домашните екипи 'пожолтеле' во седум, а гостинските осумпати. СУДИЈА РЕКОРДЕР Ангел Бунгуров од Кавадарци на дербито во Струмица покажа осум жолти картони и еден црвен. Тој го исклучи Стоилов од Беласица ГЦ. Инаку, на домашните им подели пет, а на гостите три жолти картони. НАЈБРЗ СТРЕЛЕЦ Аце Толески од Цементарница 55 на средбата со Работнички во 48. секунда го постигна првиот гол не само на оваа средба туку и во целото коло. Овој гол по сй изгледа дека е и најбрз во целиот шампионат. ПЕНАЛИ Трипати покажано е на белата точка и сите три пенали беа реализирани. Љубиша Савиќ од Слога Ј во Делчево против Брегалница двапати беше сигурен реализатор. Исто така и Гаранду Ведерсон од Силекс на средбата со Пелистер од белата точка го совлада голманот на битолчани Томе Пачовски. ГЛЕДАЧИ За разлика од минатите кола, во ова последно, солидна посета. На шест наши прволигашки стадиони на трибините се нашле 7.400 гледачи или во просек по 1.230 по средба. Најмногу имаше на дербито во Струмица, 2.500 љубители на фудбалот, додека најмалку на Цементарница и во Кратово, само по 200 посетители. ПЕНАЛИ ЗА ПРОТИВ КУМАНОВО 10/8 9/7 НАПРЕДОК ТИКВЕШ 8/7 7/7 СИЛЕКС СИЛЕКС 7/5 6/6 СЛОГА Ј ВАРДАР 6/6 6/5 ВАРДАР ПОБЕДА 6/4 6/4 РАБОТНИЧКИ К БЕЛАСИЦА ГЦ 5/5 5/4 ПОБЕДА НАПРЕДОК 5/4 4/4 ПЕЛИСТЕР ЦЕМЕНТ.55 4/4 4/4 БРЕГАЛНИЦА ПЕЛИСТЕР 4/2 4/3 ТИКВЕШ РАБОТНИЧКИ К 3/3 4/3 КУМАНОВО СЛОГА Ј 3/3 4/2 ЦЕМЕНТ.55 БРЕГАЛНИЦА 2/2 2/2 БЕЛАСИЦА ГЦ [:)]
NARCIS` Da mu se mnozat titulite na VARDAR !
DJ_SHEMA [img]http://www.hallo-spass.de/smilies/smilie_tanz.gif[/img] Site pet titupi pod vodstvo na hadzievski.
NARCIS` Momentalno najdobar trener e toj spored mene ...i Vardar ne bi trebalo da go dava na nekoj drug klup.Ama Makedonce lakomo za pari...go sitka..