OooOo |
Ni Bardovci ne e vekje toa shto beshe ... malisha bez vrski vleze tamu, sega verovatno i vrski treba da se fakjaat za da se vozish u zhuto kombe
ОБИД ЗА УБИСТВО ВО СТАН ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЧАИР
Душевно болен со нож го прободел татка си, а болницата "Бардовци" одбила да го згрижи
Завчера, околу полноќ, во стан на улицата "Љуба Ивановиќ" во скопската населба Чаир се случувала вистинска семејна драма. 40-годишниот З.Н. со кујнски нож се обидел да го убие татка си К.Н. (63 ), но во тоа бил спречен од неговиот брат. Веднаш по крвавиот настан ранетиот К.Н. бил пренесен во Градската општа болница каде лекарите утврдиле сериозни повреди во стомакот. Ранетиот бил задржан на лекување.
За настанот била известена и полицијата која извршила увид во станот. Таму бил затекнат и З.Н. а бил пронајден и ножот со кој го ранил татка си. По увидот осомничениот бил приведен во полиција. Од разговорот и проверките било утврдено дека тој боледува од душевна болест, по што бил пренесен во болница во Бардовци. Но таму лекарите одбиле да го примат на болничко лекување. Осомничениот З.Н. бил во душевно растројство па бил повторно вратен во полициската станица во Чаир. По целосното расветлување и документирање на случајот против него ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
|