Promocii na knigi |
melpomena |
ПРОМОЦИЈА ВО МУЗЕЈОТ НА СКОПЈЕ
"Личен роман за личната земја" од Ката Мисиркова - Руменова
Денес во Музејот на Скопје ( 19.30 часот) ќе биде промовирана книгата "Личен роман за личната земја" од Ката Мисиркова - Руменова. За најновиот роман на авторката, кој неодамна го објави издавачот "Македонска книга", ќе говори Мирјана Стојчевска, а извадоци од романот ќе читаат актерите Љупка Џундева и Томе Витанов.
Во романот "Личен роман за личната земја", Мисиркова - Руменова, една од најплодните романописци кај нас, повторно ја преокупираат историските настани кои ги пренесува низ животната приказна и судбина на главниот лик, инжењерот Борјан. Времето на дејствието е подалечно : пред, за време и по Втората светска војна. Низ Борјановата, не така весела судбина, Мисиркова, со многу приемчлива, читлива нарација, всушност, раскажува за исто така не многу веселата судбина на Македонецот и за земјата на која, најчесто, и ги посветува своите пишани редови. (Д.С.)
|
melpomena |
ПРОМОЦИЈА ВО ДПМ
"Македонија - 100 години по Илинденското востание" од Иван Катарџиев
Денес, 11 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, ќе биде промовирана книгата "Македонија - 100 години по Илинденското востание" од академик Иван Катарџиев.
Денес, 11 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, ќе биде промовирана книгата "Македонија - 100 години по Илинденското востание" од академик Иван Катарџиев. Книгата е од Едицијата Илинден на книгоиздателството "Култура".
Студијата што денес се промовира е авторски труд, пишуван и објавен специјално за прославата на стогодишнината на Илинденската епопеја. Се работи за синтеза на историските случувања изминативе 100 години, почнувајќи од почетокот на 20-тиот, завршувајќи со почетокот на 21 век. Ги третира и случувањата од 2001 година, кои авторот ги става во историска врска со сите претходни историски збиднувања. Ова е книга во која историјата се разгледува од национална, социолошка, политичка, меѓународна гледна точка. Академик Катарџиев воедно ја следи и македонистичката идеја, ги демистифицира политиките на соседите кон Македонија, како и противречностите во политичкото организирање во Македонија изминатово столетие. (Д.С.)
|
HaCkEr` |
Melpomena... bi ti ja preporachal "Порака во Шише" - Николас Спаркс |
n/a |
slushaj, a da smeneshe font da mozev da procitam ko covek??? deka dobivam nekoi cudni znaci ---Денес во Музејот на Скопје ( 19.30 часот) ќе биде промовирана книгата "Личен роман за личната земја" од Ката Мисиркова - Руменова. За најновиот роман на авторката, кој неодамна го објави издавачот "Македонска книга", ќе говори Мирјана Стојчевска, а извадоци од романот ќе читаат актерите Љупка Џундева и Томе Витанов.
Во романот "Личен роман за личната земја", Мисиркова - Руменова, една од најплодните романописци кај нас, повторно ја преокупираат историските настани кои ги пренесува низ животната приказна |
melpomena |
Za da chitash kirilica odi vo Explorer/View/Encoding/Cyrilic (windows)
|
n/a |
hehee fala ali... zeznato mi e neshto ... nekoi fontovi gi cita nekoj ne.. ne e do e Explorer-ot, do OS-ot e , pravi problem ovaa fuken :o) turska verzija :o)) ... aj nema vrska .... |
melpomena |
ВЕЧЕРВА ВО ДОМ НА АРМ
Промоција на "Слобода или смрт" од Ванчо Ѓорѓиев
Вечерва ( 20 часот) во Домот на АРМ ќе биде промовирана книгата "Слобода или смрт" од Ванчо Ѓорѓиев. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р. Димитар Димески. Книгата на историчарот Ѓорѓиев, доцент на Институтот за историја на Филозофескиот факултет во Скопје, го третира Македонското национално движење во Солунскиот вилает во периодот од 1893 до 1903 година. Како што вели авторот во водедот на ова издание на издавачот "Табернакул" и коиздавачот Филозофски факултет, историјатот на македоското национално движење е особен предизвик за истражување на секој историчар и вели: "МРО е вистински изразител на стремежот на македонскиот народ за назависна македонска држава. За една деценија 1893 - 1903, МРО ( која опстојувала и како ТМОРО, ВМОРО и најдолго ВМРО), прераснала во масовна народна организација со јасна политичка програма и цел... Едноставно таа функционирала како држава во држава. МРО, преку Илинденското востание, го наметнала македонскот прашање пред меѓународниот фактор како одделно прашање, за разлика од неговиот поранешен третман во глобалното источно прашање." (Д.С.)
prevzemeno od vest
|
melpomena |
Промоција на "Самецот" од Сашо Кокаланов
Утре во 11 ч. во кафе барот "Манда роса" во Градскиот трговски центар ќе биде промовиран романот "Самецот" на младиот автор Сашо Кокаланов. Романот е во издание на издавачката куќа "Култура", во едицијата "Современа македонска проза".
За овој роман утре во "Манда роса" ќе зборува Веле Смилевски.
prevzemeno od vest
|
n/a |
Mel,
dali eventualno znaes koi se najnovite rezultati od konkursot za otkup na knigi (domasni avtori) od Ministerstvoto za kultura?
Blagodaram.
PS: ti isprativ i e-mail |