fio |
Австралија ќе наплаќа данок за дебелина
СИДНЕЈ, (Ројтерс) - Во Австралија бројот на дебели луѓ достигнува рекордно ниво и затоа државата треба да наплаќа "данок за дебелина" на чипсот, хамбургерите и безалкохолните пијалоци. Неодамнешното истражување што Австралиската медицинска асоцијација го спроведе на над 11 илјади луѓе, покажува дека над 60 отсто од Австралијанците се дебели или имаат зголемена тежина, што е двојно повеќе отколку пред 20 години.
Потпретеседателот на асоцијацијата Мукеш Хајкервал вчера изјави дека данокот на дебелина ќе биде една од идеите за борба против дебелината кои ќе бидат предложени на министрите за здравство наредниот месец.
Според предлогот, храната која содржи многу масти и шеќер ќе биде оданочувана со повисока даночна стапка.
"Ова не е поради пари. Ова е дел од стратегијата за да се зголеми свеста кај луѓето за содржината на храната која ја купуваат" - изјави тој.
Вознемирувачки е што промените во начиниот на исхрана и намалувањето на физичката активност имаат придонесено за зголемиот број дебели деца кај кои се јавува диајбетес од вториот тип, како кај возрасните. Австралија има една од највисоките стапки на појава на оваа болест во светот.
© Вест 2001
Кај е сеа Легал да прочита колку ќе и се намали домашниот буџет [:D]
|