Turcija - Makedonija |
slasa |
Sto mislite za macot. Dali Turcite treba da pobnedat ? |
NARCIS` |
ПО МЕЧОТ ТУРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА
УЕФА ќе покрене дисциплинска постапка против Турција
Европската фудбалска унија (УЕФА) почна истрага за инцидентите на турските навивачи, за недолично однесување во средата на квалификацискиот меч за Евро 2004, против селекцијата на Македонија. Иако двапати имавме водство, Турција победи со 3-2 во Истанбул. Забележано ќе остане фрлањето тврди предмети по македонските репрезентативци, при прославата на второто водство, кога Лазаревски беше удрен во главата. Тоа можеше да се види и за време на ТВ-преносот.
- Врз база на докази што ги имаме ќе почнеме дисциплинска постапка против Турскиот фудбалски сојуз, за мечот помеѓу Турција и Македонија - рече завчера Мајк Ли, директорот за комуникации во УЕФА. Ли најави одлука по разгледувањето на извештајот на делегатот и по прегледувањето на видеозаписот. - Кога истрагата ќе биде комплетирана, сето тоа ќе биде доставено до дисциплинската комисија, која треба да донесе одлука за можната казна - додаде Ли.
Шишиња и монети беа фрлани од навивачите кон македонските фудбалери, кога Артим Шакири вторпат ја доведе Македонија во водство. Турците една минута претходно израмнија. Турската полиција мораше и да ги штити македонските фудбалери и при изведувањето на корнерите.
И Англичаните најавија дека ќе поднесат жалба на однесувањето на турските навивачи, со што очигледно островјаните по секоја цена ќе прават притисок за висока казна на Турците. Ова бидејќи во последните три кола, Англија гостува два пати на жешкиот Балкан, во Скопје на 6 септември и во Турција на 11 октомври, меч што ќе реши за првото место во 7. квалификациска група. Следниот состанок на Комисијата е на 3 јули. |
devil |
Normalno..bas sakav ova da go spomnam ali aj..na nisto ne licese toa.. |
ozonce |
Da!!!
Bev mnogu iznenaden od igrata na nashata reprezentacij vo prvoto poluvreme. Nivnata igra beshe kako igra na evropski shampion. Tolku mirno, disciplinirano, precizno, ednostavno igraa so um. Odbranata beshe besprekorna, nashite odbrambeni fudbaleri go oraa terenot.
No... sho se sluchi.. dojde poluvreme i pochna vtoro poluvreme...
nashite kako na depilacija da bile... nozite kako da im bea vrzani... tolku greshki... hmmmm sho se sluchi so igrata od prvoto poluvreme.
Gi mava u glava popularnosta i mislat " lele jaki sme, lom pravime"
I mislam deka e vreme FIFA ili UEFA da razmisluva za fudbal koj tare 45 minuti... oti nashite ne mozat da izigraat 90.
No vo sekoj sluchaj ubav fudbal, 5 gola... malku treniranje na letechki plastichni shishinja. |
AaaAa |
Eeeeee i jas gledav fudbal :)) posle tolku vreme. Nasive sekogash ko sum gi gledala igrale samo 45 minuti, ne se deckive krivi , kriva e drzavata so nema pari da finansira dovolno da plakja treninzi i podgotovki na svetsko nivo. Turcacive se site pod kreatini "mreatini" i pizdarii ( se dopinguvano do granici na dozvoleno) za razlika od nas koj se cisti ko suza posto nie seuste ne sme dosle do toa nivo tolku da investirame vo niv. Da trca ko konj nikoj normalen covek nemoze ako ne e treniran ko konj... nasive seuste nemaat uslovi za toa, ali mi se cini ko da e malku doveden red, i mi se daleku podobri od shto nekogash bea, i davaat nadez.
Ne mi se cineshe deka se dignaa u vis, igraa strasno korektno( so nekolku mali isklucoci na klizaci udari u zglob, ali za se si krenaa raka i ne se raspravaa) za razlika od turcive koj u eden moment mi se ponasaa ko ligavive italjani, pagjaa ko mockovci da mi prostite na zbor...ama i toa e taktika i talent koj na nasive im fali.
I na kraj sekoja cest na Sakiri , ne zastana coekot, takvi topki mestenje neam videno , genijalec. On mi fati oko poso go neam gledano , odigra bezprekorno i zaedno so site drugi zasluzuvaat cestitki. Spored mene i moite minorni poznavanja na fudbalot odigraa bezprekorno i dadoa neviden otpor zemajki predvid deka vo niv e vlozeno daleku pomalku od shto e vo turcive, i toa deka utakmicava za turcive imashe mnogu pogolemo znacenje nego za nasive.
Fina utakmica u sekoj slucaj , odavna neam vaka navivano :)) |
sfetle |
pa bogami so plata od 500 evra igraa daleku podobro od shto trebaa |
DJ_SHEMA |
E se fino, ama rezultatot go krasi deloto, a i rezultatot se pamti a ne igrata. Ama dobro, barem imame nadez. Sekogash postoi sledna kvalifikaciska runda. Odime vo Germanija! |
NARCIS` |
Во рамките на седмата квалификациска група за ЕП -2004 година нашата фудбалска репрезентација со 3:2 поразен од Турција
Само едно добро полувреме против Турците
Успешно деби на Васко Божиновски во националниот дрес.- Поради жолти картони против Англија ќе играме без Седлоски, Васоски ....
Специјално од Истанбул: Тони Зографски
Нашата фудбалска репрезентација во рамките на 7. квалификациска група за Европското првенство, што во 2004 година ќе се одржи во Португалија, во Истанбул загуби од домаќинот Турција со резултат 3:2 (1:2). Како и на четирите меча одиграни во последните две години, нашите репрезентативци во дуелите против Турците успеваа само во првиот дел од мечевите да поведат, и на крајот, веќе по традиција, на три пати да бидат поразени, а еднаш, на натпеварот во Бурса, да одиграат и нерешено. Нешто слично се случуваше и во средата навечер на стадионот Бешикташ Инони. Во првото полувреме домаќините не знаеја каде им е главата, и наполно беа надигрина, додека во вториот дел, кога подзастанавме, со двата гола постигнати во период од само десетина минути, капитулиравме. Инфериорноста на своите избраници во првото полувреме ја призна и турскиот селектор Шенол Ѓунеш.
- Македонската репрезентација во првиот дел беше далеку подобра и заслужено водеше. Ние имавме само еден удар кон голот на Милошевски, кој го претворивме во погодок. Во второто полувреме ги консолидиравме своите редови и со многу подобра игра заслужено победивме. Сакам да кажам дека Македонија одигра еден одличен натпревар. Тие како да се специјализираа играат добро против посилни противници и верувам дека така ќе биде и во дуелот со Англија, кад очекувам да освојат бод" изјави на пресот Ѓунеш.
Нашииот селектор Никола Илиевски - Џиџи видно изнервиран поради пропуштената шанса да се совлада големиот противник, уште еднаш ја потенцираше слабата игра на нашиот среден ред.
- Задоволен сум од она што го прикажвме во првото полувреме. Можеби клучен момент беше пропуштената шанса на Стојков, при резултат 2:1 за нас. Во вториот дел од мечот немавме доволно подготвени играчи во срединот ред, кој впрочем направи и повеќе грешки. Во финишот, недоволната концетрираност и брзоплетост на Толески, кој пропушти да изедначи, им ја донесе победата на домаќините".
На овој меч успешно деби имаше Васко Божиновски чија игра со пофални зборови ја оцени и самиот Илиевски. Треба да се истакне и калкулантското судење на Италијанецот Роберто Росети, кој ги пожолте и ги елиминира од комбинација за престојниот меч со Англија: Васоски, Седлоски и Шумуликоски.
Играта што ја демонстриравме во првото полувреме можеби беше една од најдобрите последниве неколку години. Селекторот Илиевски очигледно добро ја имаше проучено играта на домаќините и со формација 4-4-2, со истурените во нападот Стојков и Шаќири, постави одлична тактика. Откако домаќините во првите двесетина минути се "издуваа" , Гоздановски со нашето водство ги занеме френетичните турски фанови. Но, четири минути подоцна Нихат, со постигнатиот евро гол, докажа дека во моментов е најдобриот турски фудбалер. Само минута подоцна, Шаќири го исполни ветувањето даден за нашоиот весник , и го постигна својот тринаести репрезентативен гол. Радоста на нашата "десетка" во стилот од мечот во Саутемптон ги разгневи домашните навивачи кои со пластични шишиња го поплавија делот од теренот покрај корнер знаменцето. Во тие моменти, Турците деорганизирани, беа тотално разбиени, па Стојков и Шаќири со удар од 30 метри пропуштија да го дотолчат противникот.
Во второто полувреме вистинска опсада на нашиот гол, и по само три минути, домаќините го изедначија резултатот. Нашите хаотични, не успеваа да ја нагазат топката, а и во своите редови немаа играч кои ќе ја организира средината. Затоа казната стигна десетина минути подоцна, кога Шукур стави печат на мечот. По водството на противникот, Илиевски стави се на една карта- напад, па во игра внесе дури тројца напаѓачи. Но, од тоа имавме мал "фајде" бидејќи Турците, чекајќи не на контри, во последните пет минути, на два пати преку Окан, прво го погодија дирекот на нашиот гол, па истиот играч осамен пред Милошевски, пропушти уште еднаш прилика да се запише во листата на стрелците. "Резервистот" Толески на крајот можеше да им ја расипе вечерта на домаќините, но многу размислуваше како да шутне, и шансата што можеше да го прослави, не беше реализирана.
***
Билетити со компјутерско читање
Турците превзедоа големи безбедносни мерки при влезот на стадионот. Со цел да се спречи можен фалсикат, секој билет беше компјутерски читан, а и контролатата беше ригорозна. Нешто слично се очекува да примени и нашата Федерација за престојниот квалификациски дуел со Англија.
***
Сашо Лазаревски погоден со паричка
По постигнување на вториот наш гол, речиси целата наша резервна клупа, на чело со помошникот на Џиџи, Антонио Филевски, кој понесе и македонско знаме, се стрчаа кон стрелецот Шаќири. Во тој метеж вистинска канонада од предмети од трибините, а една паричак во челото го погоди Сашко Лазаревски. Тој се се струполи на земја, а од зад грб, неможејќи до го види, го нагази и Шаќири.
***
Наезда од менаџери на трибините
На трибините на стадионот " Бешикташ Инони" имаше и голем број на фудбалски скаути. Така, на Шаќири веќе око му фрли најбогатиот турски клуб Фенербахче, а еден овдешен прволигаш се интересирал и за Гоце Седлоски. Што е најинтересно, иако не настапи на овој меч, Ѓорѓи Христов бил интересен за новиот турски прволигаш Коњаспор.
|
NARCIS` |
Btw: nekoj sto ja gledase utakmicata,primeti nesto somnitelno vo tekot na vtorite 45 min ? |
NARCIS` |
Како играа денеска, се надевам дека на Англија ќе и скинат барем два бода во септември - рече Шенол Ѓунеш.
|
AaaAa |
quote: Originally posted by NARCIS`
Btw: nekoj sto ja gledase utakmicata,primeti nesto somnitelno vo tekot na vtorite 45 min ?
Primeti ama za toa ne se zboruva javno:)))Se vika "smo se dogovorili na pouvrjeme." :-) |
fio |
imate televizija vo Stip? |
NARCIS` |
quote: Originally posted by fio
imate televizija vo Stip?
[8D]zabega fio ? |
DJ_SHEMA |
Што? Нашиве се договориле да им ја шитнат? |
NARCIS` |
Vtoroto poluvreme beshe sitnato 100%.Ni edna sansa da se nemalo.Da ne moze da ja zadrzat topkata u noze 2 min ,nemoguce.Ama toa ti e .Ajde moze Anglija ke ja tepame :) |
AaaAa |
Shema jas neznam ti si po fudbalot, ama da vodish 2:1 i se otvarash ja taa taktika ne sum ja videla ;)) vazno ubavi paricki se zemeni slusam spekuliraat :) |
AaaAa |
quote: Originally posted by fio
imate televizija vo Stip?
KOj rece deka u Stip sum ja gledala...bev u skopje da ja gledam [8D]
Stip ko imashe kablovska vie uste so A1 se prskavte be :)) na pola skopje kablovskata od tuka vi se drzi samo dugme treba da stegnam nekoja vecer, da sustish ti celo vreme posle toa... taman se zalish nemas rabota [;)] |
DJ_SHEMA |
quote: Originally posted by AaaAa
Shema jas neznam ti si po fudbalot, ama da vodish 2:1 i se otvarash ja taa taktika ne sum ja videla ;)) vazno ubavi paricki se zemeni slusam spekuliraat :)
Napadot e najdobra odbrana i milo mi e shto se otvorile nashite. Ako se branish od turcite vo sred turcija celo poluvreme toa znachi deka koga togash kje primish gol. Samo so napad i dodeka topkata e vo drugata polovina mozesh da zadrzish rezultat. |
AaaAa |
da se otvorish ama da ne gi ostavash lastik da si igraat pred tvojot gol, utakmicata bese de facto prodadena u vtoro poluvreme i mene toa me raduva-ima sansi da odigraat dobro protiv anglija, i da i praime surprise pak :)turcacive neka idat dalje ako platile dobro:) |
KoPiLe |
podobro e reprezentacijata na makedonija da odi na modna pista ...manekeni ... |
NARCIS` |
devil zaso ne spomna neka znaat site so ne ja gleale utakmicata deka beshe sitnata za Turcija da bide prva vo grupata ... a nereseno mozese da izvadime 100 % ako ne pobeda ama pari u pitanje . |