ViennaBoy |
По самоубистовто на Соња, се обиде да се обеси нејзиното момче Ивица
БОРОВО, КРИВОПАЛАНЕЧКО - Деветнаесетгодишната Соња Марковска, на 31 мај во 15,30 часот, во моменти на тешка депресија поради разочарување во љубовта, се самоуби скокајќи од мост висок 20 метри, по што од инфаркт почина нејзиниот татко. Несреќната девојка во смрт со себе однесе и неродено дете. Соња и нејзиниот татко беа погребани наредниот ден, на 1 јуни, а два дена подоцна, во вторникот попладне, исто така околу 15,30 минути, во селото Борово, во близина на Крива Паланка, по својот живот посегна и нејзиниот несуден сопатник, 19-годишниот Ивица Илиевски. Тој, исто така, во тешка психичка растроеност, откако со него во неговата куќа имале разговор инспектори на полицијата од Крива Паланка, незабележан од никого, влегол во плевната, префрлил јаже на една од гредите на чатијата и се обидел да се самоубиство.
Неговото отсуство на ручек и станало многу сомнително на една од неговите тетки која излегла надвор и по две минути дотрчала викајќи дека Ивица е обесен во плевната. Несреќниот самоубиец од јажето го симнал неговиот две години постар брат и со вештачко дишење успеал да го врати во живот. Ивица почнал да дава знаци на живот, меѓутоа останал во кома. Избезумените родители и роднини побарале брза помош од Медицинскиот центар во Крива Паланка, но оттаму одговориле дека немаат возач за возилото за итна помош, со препорака да се снаоѓаат како умеат. Потоа, во несвест со приватно возило е пренесен на Неврохируршкото одделение на Клиничкиот центар во Скопје каде што му е дадена неопходна помош и веќе следниот ден почнува физички да се чувствува подобро, со извесни проблеми во движењето на горните и на долните екстремитети. Според последните информации и тие проблеми се надминати, меѓутоа Ивица мора да продолжи да се лекува на невропсихијатрија, бидејќи се наоѓа во состојба на тешка депресија.
Во понеделникот го посетивме родното село на Ивица, Борово, сместено во пазувите на Осоговијата, на 900 метри надморска височина, десетина километри воздушна линија до Крива Паланка. Од главната магистрала Куманово - Деве Баир до селото се пешачи два часа по нагорнина. Со автомобил се патува од дупка на камен речиси половина час. Населбата има триесетина "живи" куќи меѓу кои и куќата на четиричленото семејството на Ивица. Живурка сў уште и селското училиште "Илинден" со пет ученици. Учителката Соња Стојановска изрази желба нивните имиња да бидат објавени во весник и, без дневник, почна да ги реди: во прво одделение - нема ученик, второ - Маја, трето - Мартин и Јасмина, четврто - Синиша и Станко.
За редот и хигиената во училиштето како прислужничка се грижи мајката на Ивица. Беше толку видливо депримирана и скршена од тоа што ја снајде. Уште повеќе беше уплашена и збунета од нашата ненајавена посета. Таткото Стојко беше заминат за Крива Паланка. Мајката вели дека не е точно тоа што го пишувало. "Не е точно дека сме имале расправија со Ивица и Сања и дека сме им бранеле да се земат. Ние не сме знаеле дека таа била бремена. Дури, јас ја немам видено инаку, освен на слика. Точно е дека мојот Ивица многу ја сакаше. Според сликата, таа е навистина многу убава. Инаку, како човек, не ја знаев. Точно е и тоа дека децата ноќта пред самоубиството на Сања преспале во училиштето кое е на дваесетина метри од нашата куќата", вели таа.
Сторијата за фаталниот крај на љубовта на двајцата матуранти на Средното ветеринарно училиште од Свети Николе во понеделникот ја запишувавме во присуство на неколку први сосетки на мајката на Ивица, за цело време во длабока тишина што единствено ја нарушуваше песната на птиците. "Само да ни се врати нашиот Ивица оздравен и онака мил како што го знаеме", велат тие.
[V][V]
|
Whitebaby |
Bash go prochitav ova vchera... navistina zhalno. [:(]
Ne sakam da zvucham deka neshto opravduvam ili kritikuvam, arno ama ova e znak na mentalna nedorazvienost... Tuka doagja do izraz ona shto za zhal se ushte postoi vo svesta na mladite vo Makedonija... lele moite ke me ubijat koga ke im kazham deka sum bremena i zatoa podobro da se utepam. Huh!!! Sekoj problem (makar shto za mene ova voopshto ne prestavuva nikakov problem) ima reshenie, megjutoa treba da se razgovara... a razgovorite od vakov tip za zhal ne postojat ili se epten mali na broj. Mislat deka "prav sovet" ke dobijat od drugarka ili pak od dechkoto koi vo sekoj sluchaj se na ista mentalna razvienost kako i tie samite. Sexualnoto vospituvanje e na "0"... da kupish kondom vo Makedonija e isto ko da si ubil chovek, i koga veke ke se odluchat na sexualna aktivnost na rana vozrast mislat deka prekinat koitus e edinstvenoto reshenie za sprechuvanje na bremenost. Huh!!! Ima ushe edno chudo za zboruvanje na ovaa tema, arno ama mora da se odi na rabota. [V]
I za kraj se postavuva prashanjeto: "Koj e ishodot na seto ova"? Sonja i bebeto se mrtvi, tatkoto na Sonja isto taka od shok e mrtov, Ivica za srekja e dobar, no koj garantira deka nema da pokusha povtorono da go napravi istoto??? Pa lugje moi site nie sme bile vo depresii, nema chovek shto ne iskusil depresija no dali samoubistvoto e reshenie??? NE!!! [:(!] Vo zhivotot treba da se borish... e tuka doagja do izraz taa "menatlna nedorazvienost" sho ja spomenav pogore...
Zhalno vo sekoj sluchaj. [:(][:(][:(] |