Охридска работа
Охридска работа
fio
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО БЕЗМИЛОСНО СЕ ЗАГАДУВА
Изворите кај Свети Наум со фекалии
Угостителските објекти кај манастирскиот комплекс на Свети Наум немаат ниту септичка јама, ниту времена цистерна за собирање на фекалните и на комуналните води, па тие директно се испуштаат во изворите..... Експертите од Хидробиолошкиот завод во Охрид при Министерството за образование и наука тврдат дека фекалиите од угостителските објекти кај манастирскиот комплекс "Свети Наум" ги загадуваат изворите на чиста вода, кои директно се влеваат во Охридското Езеро. Здравко Крстановски, научен советник во Хидробиолошкиот завод во Охрид, на трибината "Да го сочуваме сјајот на бисерот", што минатата недела ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на меѓународниот фестивал "Еко 2003", рече дека проблемот со одводот на фекалните и на комуналните води од угостителските објекти кај манастирскиот комплекс на Свети Наум не бил решен уште од времето на нивната изградба и дека тие директно се испуштаат во изворите. Тој тврди дека Охридското Езеро наместо да се напојува со чиста вода од изворите, тоа дополнително се загадува. Според него, при изградбата на објектите не била изградена ниту септичка јама, ниту времена цистерна за собирање на фекалиите. "Предложивме да се постави бетонска или пластична цистерна, како алтернативно решение додека да се поврзат на колекторскиот систем. Но тоа не беше прифатено. Изворите кај Свети Наум се строго заштитени и не ми е јасно како некој можел да даде дозвола да се изгради угостителски објект, а фекалиите од нужникот директно да одат во изворите", додава Крстановски. Гоце Костоски, директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид, вели дека квалитетот на водата во тој дел од езерото веќе покажувал знаци на загадување, односно дека таа преминала во втора категорија. Тој ова свое тврдење го поткрепува со појавата на организми карактеристични за водите кои според степенот на загаденост влегуваат во втора категорија. "На потегот од Свети Наум до реката Черава е забележано поголемо количество органска материја. Дали се работи само за фекалии или се испушта и нешто друго, не можам да кажам, бидејќи не е наша работа да истражуваме кој и што фрла во езерото или во изворите. Тоа е работа на инспекциите. Можам да кажам дека таму е забележана појава на одредени форми на нижи ракови, кои се појавуваат во води од втора категорија", додава Костоски. Здравко Крстановски тврди дека за случајов биле известени сите надлежни институции, и дека никој досега не презел какви било мерки за заштита. "До ден-денес фекалиите директно се испуштаат во изворите, и покрај тоа што надлежните институции неколку пати беа известени. Ги известивме и водостопанската инспекција и Минисртерството за животна средина, но ниту ни одговорија ниту дошле да прашаат. Ова езеро никој не го штити, иако има проекти за заштита кои, за жал, не се спроведуваат", додава Крстановски. Васко Ложанковски, советник за односи со јавноста во Општина Охрид, ги демантира овие тврдења и вели дека фекалиите од тој дел се собираат во септички јами. Тој објаснува дека објектите на овој потег не се приклучени на колекторскиот систем за собирање на фекалните и атмосферските води, и додава дека во тек е изградба на фекална канализација за целиот град, со која ќе бидат опфатени сите објекти кај Свети Наум. "Најодговорно тврдам дека во изворите кај Свети Наум не се испуштаат фекалии, туку дека тие се собираат во септички јами. Можно е дел од отпадните води да одат во езерото, преку подземните води, бидејќи септичките јами се во земја. Но дека некој директно испушта фекалии во изворите е апсолутно неточно", додава Ложанковски. Роберт Василевски, управник на хотелскиот комплекс "Свети Наум", вели дека од нивниот објект не се испуштаат фекалии во изворите, бидејќи бил приклучен на колекторскиот систем на воениот камп. "Од кај нас не се испуштаат фекалии во изворите, но тоа се прави од другите угостителски објекти. Ресторанот "Острово", киосците и дуќаните што се во долниот дел на изворите, тие испуштаат фекалии", додава Василевски. Сребре Смилевски, управник на ресторанот "Острово", исто така тврди дека од нивниот објект не се испуштаат фекалии во изворите и додава дека одводот на отпадните води го решиле со изградба на пречистителна станица. "Ние сами си изградивме пречистителна станица и воопшто не е точно дека пуштаме фекалии во изворите. Помалите дуќанчиња и киосците не се приклучени на никаков систем и можно е од кај нив да се пуштаат отпадните води", објаснува Смилевски. "Вест" вчера побара одговор за случајот од министерот за животна средина и просторно планирање Љубомир Јанев и од главниот државен инспектор за животна средина Влатко Серафимов. Снежана Наковска, шеф на кабинетот на министерот Јанев, рече дека министерот и инспекторот се презафатени и како можен соговорник го посочи Дејан Пановски, раководител на Одделението за спроведување на проектот за заштита на Охридското Езеро при Министерството за животна средина и просторно планирање. Тој оценува дека менаџментот и заштитата на езерото треба да бидат стратешки приод на државата и дека стратегиите за работа на Министерството не можат да се базираат на шпекулативни изјави. Тој вели дека нема информации дека некој во Министерството го пријавил овој случај. "Колку што ми е познато, во државниот инспекторат не е пријавено загадување на изворите со фекалии, ниту е побарано да се изврши увид. Затоа не е извршен увид", објаснува Пановски.
melpomena znaev deka ova si go stail[;)] nemam komentar na temava[|)]
slasa mimi ne treba dsa imas komentar koga skopjani letno vreme ni go zagaduvat nasiot Ohrid
OooOo ova treba univerzum da go prochita ... znachi nema potreba skopjani da mochaat u ohridsko ezero xixixixixixix
Mufla абе мочајте во езерово, само дан почните да серите еден ден.
OooOo kje dojde i toj den .. ne se sekiraj :)
melpomena
quote:
Originally posted by Mufla
абе мочајте во езерово, само дан почните да серите еден ден.
sho be mufi, dekem sakashd a kazish deka tebe ko ti se mochaT, izlegvish od ezeroto i baresh toalet na plaza, koj shto nigde go nemeT, ili pak go imeT ama ima cela redica 9i toa garant site cheket za serenje:)[:D][:D][:D]
Mufla site sme mocale v ezero :o))) vo pravo si. eve jas ke otvoram firma za klozeti, pa ke stavam na sekoja plaza :o)))
NatusH ahuahuahuahuahuahuhauahuahuhau mufla's public toilets company and ptyd :o)))))))))))))))))))))
fio знаеш дека може да се фати некоја паричка со тоалети. контактирај со toifor од скопје, ќе ги најдеш преку викса, они рентаат кабини :)
NatusH hahahahaha :)))))))))))))