Sluchuvanja... |
melpomena |
ДЕНЕС ВО ВЕЛЕС
Почнуваат "Рациновите средби"
Пред споменикот на Рацин, во центарот на Велес, денес во 11 часот, со речта на академик Петре М. Андреевски ќе бидат отворени 40 -тите "Рацинови средби" на кои покрај 60 македонски поети, учествуваат и гости од Србија и Црна Гора, Грција и Бугарија. Два часа подоцна во куќата - музеј на Рацин беседа ќе одржи академик Радомир Ивановиќ, а велешките поети ќе говорат дел од своето творештво посветено на Рацин. Попладнето во ликовниот салон ќе биде отворена изложба на цртежи на Перо Корубар, своја постановка ќе има и НУБ " Св. Климент Охридски" со презентација на ракописи за Рацин, а ќе биде одржана и промоција на книгата за неговата поезија и поетика од Радомир Ивановиќ. Вечерва во амфитеатарот на младинскиот парк ќе бидат одржани и традиционалниот меѓународен поетски митинг, по што ќе биде врачено годинашното Рациновото признание на Лилјана Ефтимова за романот "Другата" и почесното Рациново признание на Сретен Перовиќ од Србија и Црна Гора. Манифестацијата ќе заврши со ексклузивниот музички портрет на групата "Синтезис" со нивен целовечерен концерт.
У.Ј.
|
melpomena |
ОД ДЕНЕС ВО НУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ"
Почнува зимскиот саем на книгата
Денес во НУБ "Св. Климент Охридски" на денот на Библиотеката по свеченоста по товој повод, ќе биде отворен и првиот зимски, новогодишен саем на книгата, што го организира Здружението на издавачите и книжарите на Македонија. Саемот кој се организира како еден вид пилот проект, ќе го отвори Венко Андоновски, а во холот на Библиотеката до недела поголем број наши издавачи за посетителите ќе нудат книги од поновата продукција со саемски попусти. (Д.С.)
prevzemeno od Vest
|
melpomena |
Свечен собир во Друштвото на писателите на Македонија
Сто години од излегувањето на книгата "За македонцките работи" од Мисирков
Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, денеска напладне ќе се одржи Свечен собир по повод 100-годишнината од излегувањето на книгата "За македонцките работи" од Крсте Петков Мисирков. Собирот ќе го отвори претседателот на писателската асоцијација, Веле Смилевски, а реч за стогодишнината од излегувањето на ова капитално дело на Мисирков ќе одржи академик Гане Тодоровски.
Свеченоста ќе биде збогатена со музички настап на Катерина Бачевска и Ангелина Катмерова, а извадоци од книгата пред присутните ќе презентира Симон Беличанец. (Н. П.)
prevzemeno od Utrinski vesnik
|