OooOo |
Куба го прослави 75 роденден на Че Гевара
ХАВАНА, (Ројтерс) - Кубанците одржаа маршеви, церемонии и гледаа специјални телевизиски програми со кои завчера ја одбележаа 75-годишницата од раѓањето на легендарниот герилец Ернесто Че Гевара.
Че Гевара роден во Росарио, Аргентина во 1928 година, доби речиси митски статус по својата смрт во џунглите во Боливија во 1967 година. Повеќе од 30 години подоцна неговиот лик на брадест револуционер со беретка на главата останува како симбол на бунтовник секаде во светот.
Че стана еден од најзначајните команданти на претседателот Фидел Кастро во неговата успешна револуција во 1959 година против диктаторството на Фулгенсио Батиста поддржуван на САД.
Че ги држеше клучните положби за време на првата година од кубанската револуција пред да замине во герилските војни во Африка и Јужна Америка.
Околу 10 илјади луѓе се собраа во Санта Клара, главниот град на провинцијата Вила Клара за да му одадат почит на револуционерот .
Остатоците на Че се чуваат во мавзолеј во Санта Клара, местото каде што се случиле некои од неговите најзначајни борби, заедно со остатоците на останатите борци кои загинале со него од оружјето на боливиската армија на 9 октомври 1967 година додека се обидувале да ја прошират кубанската револуција во Боливија. Остатоците од Че биле вратени во Куба во 1997 година
|