mak timovi u evropski kupovi
mak timovi u evropski kupovi
deni Intertoto Cup 1 kolo prva utakmica trnava(slovacka) - pobeda(mak) 1:5
devil VARDAR - Barry Town 3:0 Strelci: Santos 2 i Ristovski 1
deni ja gledashe nekoj utakmicata ?
DJ_SHEMA Vardar make impressive start Wednesday, 16 July 2003 F.Y.R. Macedonian title-holders FK Vardar made a flying start to their UEFA Champions League campaign with a 3-0 first qualifying round home leg victory against Welsh side Barry Town AFC. FK Vardar's Mario Petkov (left) challenges Barry Town AFC's Jamie Moralee Dos Santos double Brazilian striker Oliveira Wandeir Dos Santos was on top form for Vardar with two of the goals, either side of an effort from Dejan Ristovski. It seemed Barry had subdued Vardar for much of the first half, but Dos Santos delighted the 5,000 home fans on 37 minutes with the opening goal. Victory sealed Ristovski doubled Vardar's advantage four minutes after the break. Dos Santos then claimed his second goal of the night 21 minutes from full time to complete the joint-biggest victory margin of the 2003/04 Champions League's opening night and make Vardar hot favourites to progress to meet PFC CSKA Moskva of Russia in the second qualifying round.
DJ_SHEMA Одлични 3:0 за Вардар во дуелот против Бери таун во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите Резултат за визирање на патот за Москва Со двата постигнати гола Бразилецот Вандаир централна фигура на мечот; На тренерот Стратев неговите избраници на најдобар можен начин му го честитаа роденденот.... Фудбалерите на Вардар со едната нога се во второто коло од квалификциите од Лигата на шампионите, каде што треба да се сретнат со многу силната ЦСКА од Москва. Тие во средата навечер со една рутинирана игра со 3:0 (1:0) го совладаа велшкиот преставник Бери таун и можат спокојно да го очекуваат реваншот што се игра за седум дена. Избраниците на тренерот Зоран Стратев, кои впрочем на најдобар можен начин му го честитаа 43 - тиот роденденот, во текот на сите девеесетина минути доминираа против противникот со потпросечни квалитети."Црвено - црите", како што истакна вардаровиот учител, во целост ја исполниле неговата зацртана тактика и само можат да жалат што не ги искористија уште неколкуте прилики за гол што ги имаа во финишот на мечот. - Одигравме еден квалитетен натпревар и заслужено дојдовме до победата. Во првото полувреме фудбалерите на Бери таун играа поотворено и рамноправно ни парираа. На паузата од полувремето ги советував моите изабраници да играме на резултат и да не се залетуваме, што вроди со плод. Иако 3:0 е висок резултат очекувам да не ни биде лесно во реваншот и сметам дека не е се завршено - изјави на пресот Зоран Стратев. Интересно е што тренерот на гостите Браун Кенет Џемс по завршување на мечот вопшто не делуваше изнервирано, напротив, тој во расположено издание ја анализираше играта на својот тим. - Во првото полувреме игравме отворено, нпаѓавме и создадовме и две шанси кои не ги искористивме. Истата игра не ја повторивме во второто полувреме, кога малку ја имавме топката во свој посед, што ни се одмазди и заслужено сме поразени. Ќе се обидеме во реваншот да направиме нешто повеќе. Треба да се напомене дека, според коментарите на колегите, одамно на "Градски" нема гостувано послаба екипа од странство. Од нафрлените топки, играта со глава и цврстите воздушни дуели, се она што го краси стилот на игра на тимовите од Островото, не видовмо речиси ништо. Само два удари кон голот на Зекир во текот на целиот натпревар беше епилогот од гостувњето на Бери таун на нашиот најголем фудбалски храм За тоа заслуга имаат и вардаровите фудбалери кои не им дадоа глава да кренат на Велшаните. Инаку, стартот на средбата го одбележа шансата што уште во првата минути ја пропушти Георгиевски. Потоа и двете екипи играа претпазливо, кога во 16 и 19 минута Петков и Захариевски се заканија со удари од далечина. Единствените два удари кон вардаровито гол гостире ги имаа во 32 и 33 минута, кога прво Малоу осамен од десетина метри биеше во добор поставениот Зекир, и по добро нафрлената топка од корнер, Јарман силно биеше со глава, но вардаровиот голман повторно беше не висина на задачата. Во продолжението на полувремето вардарците го открија резултатот, а во последните пет минути извршија вистински притисок кон голот на Овендал. Во вториот дел целосна доминација на нашиот шампион, што беше ефектирано во 48 минута, кога резултатот беше зголемен. Иако и со овој исход "цевено цринте" може мирно да патуваат на реваншот, тие и натаму напаѓаа и во 69 минута ги постигнаа конечниот резултат. Во овој период од играта Влшаните речиси не го поминаа центарот на теренот, а камо ли да шутнат на голот. Во финишот, нововлезениот Начевски на два пати имаше одлични прилики за гол, но и во двата случаја беше непрецизен. Со фудбалската престава што "црвено-црните" ја демонстрираа во средата навечер, сметајќи дека реваншот во Велс би требало да биде чиста формалност, можеме да очекуваме достојен отпор да му пружат и на фудбалскиот гигант наречен ЦСКА од Москва. Т. Зографски *** Рамка: Директорот на ЦСКА Салков: Вардар беше супериорен На трибините на "Градски" беше присутен и техничкиот директор на ЦСКА од Москва Владимир Салков кој ја "снимаше" играта на домаќините. - Вардар беше супериорен и заслужено ќе биде наш противник во второто коло. Неговат сила неможев во целост да ја проценам бидејќи противникот беше слаб. Во редовите на домаќините впечаток ми оставија Ѓошевски, Гроздановски и Ристовски - истакна Салков.
NARCIS` Barry Town - FC Vardar 2:1 Sleden protivnik na Vardar CSKA od Moskva.
NARCIS` sekoja cest na igracite na pobeda .
fumfudge Aj barem malce da im vratime na Slovacite makar i na klubsko nivo, zashto stalno ja tepaat Makedonija, a igraat eden od najodvratniot, najbezlichniot i najdosadniot fudbal na svetot. Bravo Pobeda!
NARCIS` Прилепчани го обелија образот Прилепска Победа направи вистински подвиг на гостувањето во Трнава, Словачка, совладувајќи го тимот на Спартак со убедливи 5:1, во првото коло од Интертото купот. Реваншот е на програмата на 29 јуни, но би.... Прилепска Победа направи вистински подвиг на гостувањето во Трнава, Словачка, совладувајќи го тимот на Спартак со убедливи 5:1, во првото коло од Интертото купот. Реваншот е на програмата на 29 јуни, но би требало да претставува чиста формалност. Прилепчани го започнаа мечот без тронка респект за Словаците, кои важеа за благи фаворити, и уште во 4. минута поведоа преку Капинковски, кој одлично се снајде по центаршутот на Николче Здравевски. Сепак, домашните брзо се созедоа и по само пет минути израмнија преку Фал. Во тие моменти се чинеше дека првиот гол на Победа беше случаен, а Спартак ќе стигне лесно до победата, бидејќи првиот упатен шут кон нашиот гол заврши зад грбот на голманот Пандев. Но, се случи спротивното. Прилепчани воопшто не западнаа во криза, а посебно опасни беа во контранападите. Во 15. минута, токму при една "контра", играчот на Спартак, Хлушко во обид да расчисти пред налетот на Гешоски, ја затресе сопствената мрежа за ново водство на Победа. Во продолжение, Словаците ја презедоа теренската иницијатива, но играа без идеја, што нашите "црвено-бели" знаеја сурово да го казнат. Еден лош дегажман на домашниот голман, Илизи, Гешоски во манир на Дејвид Бекам го претвори во прекрасен гол со лоб удар од 20-тина метри. Тоа се случи во 28. минута за конечни 3:1 за Победа на крајот од првото полувреме. Вториот дел беше реприза на првиот, Словаците напаѓаа, но нашата одбрана на чело со суперталентираниот голман, Томе Пандев, не дозволи никакво изненадување. И четвртиот гол за Победа, следеше по добра акција, овојпат Николче Здравевски со долга дијагонала "како на тацна" го послужи Димитровски, на кого не му беше тешко да ја испрати топката зад грбот на немоќниот домашен голман. За триумфот да биде комплетен, се погрижи Бразилецот Жилсон, кој на минута до крајот ги дотолчи грогираните Словаци со гол за конечни 5:1. Ако на ова се додадат и неколкуте промашени "зицери" и трите диреци, се добива впечаток дека прилепчани годинава имаат сериозна шанса да се пробијат далеку во Интертото купот. Најверојатно, наш следен противник ќе биде победникот од дуелот помеѓу австрискиот претставник Пашинг и ВИТ од Грузија. Првиот нивни натпревар заврши со 1:0 за Австријците. Доколку успееме да ја поминеме и оваа пречка, во третото коло не очекува поуспешниот од двомечот помеѓу белгискиот Сент Труден и победникот од дуелот Полонија-Тобол.
NARCIS` Комплетни резултати од 1. коло: Пашинг (Австрија)-ВИТ (Грузија) 1:0 Енкамп (Андора)-Лирс (Белгија) 0:3 Копер (Словенија)-Загреб (Хрватска) 1:0 Жалгирис (Литванија)-Оргрит (Шведска) 1:1 Видеотон (Унгарија)-Черно Море (Бугарија) 2:2 Тампере (Финска)-Пјатра (Романија) 1:0 Сутјеска (СиЦГ)-УС (Луксембург) 3:0 Полонија (Полска)-Тобол (Казахстан) 0:3 Алијанси (Финска)-Хибернијанс (Малта) 1:0 Партизани (Албанија)-Макаби (Израел) 2:0 Брно (Чешка)-Котајк (Ерменија) 1:0 Ѓер (Унгарија)-Етникос (Кипар) 1:1 Бангор (Велс)-Глорија (Романија) 0:1 Дубница (Словачка)-Олимпијакос (Кипар) 3:0 Дачија (Молдавија)-Готу (Ф. Острови) 4:1 Слобода (БиХ)-Акурејри (Исланд) 1:1 Шахтјор (Белорусија)-Омаг (С. Ирска) 1:0 ОФК Београд (СиЦГ)-Транс (Естонија) 6:1 Динабург (Летонија)-Вил (Швајцарија) 1:0 Одра (Полска)-Шамрок (Ирска) 1:2
deni e narcis go znaes Tome Pandev golmanot na pobeda ?
DEOS` goni gi u kurac ke izgubat u vtoro kolo .
fumfudge Navivaj za Zvezda, oni ke izgubat u treto, edno kolo poishe, koj ti dava.
Cyber-Man Фала за честитките и повелете в сабота во Прилеп www.majmuni.cjb.net
deni cyber man od koga e tome pandev u timot na pobeda ?
Cyber-Man Мислам дека од пролетната сезона е во Победа негде од кај февруари,инаку ако сакаш повеќе информации за него: година на раѓање 07.03.1983 висина -183цм тежина -78кг
NARCIS` posto deni se sramese da go prasa cyber-man,mene me zamoli da go prasam : Kolkav mu e na toj Pandev Potparolot na deni !:)))
deni Narcis prekini ( ke dobiesh od BorisVM u PM eden message so naslov Spam) cyber man go znam mnogu dobro, nema potreba od poveke info samo toa mi beshe da prasham od koga e u pobeda , neznaev deka otishol tamu fala na informacija
NARCIS` Deni...jas ne rekov nisto bezobrazno....prasav kolkav mu e.Ne citirav nisto .:)))))))))
deni
quote:
Originally posted by NARCIS`
Deni...jas ne rekov nisto bezobrazno....prasav kolkav mu e.Ne citirav nisto .:)))))))))
abe ako ti dojde malisha tukaaaa ke vidish ti kaj se ragja lebot
Cyber-Man Нарцис и Дени избегавте од темата и по можност администраторот да ги избрише последниве постови
NARCIS` ej ne mi ja spominjaj ziti se..
deni abe jas snosti koshmari imav od nea be
Cyber-Man Победа-Спартак 2:1 http://www.uefa.com/competitions/IntertotoCup/FixturesResults/Round=1687/Match=71189/index.html
Cyber-Man Победа-Пашинг 1:1