OooOo |
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МОСКВА
Специјалец настрада демонтирајќи чанта бомба во ресторан
[img]http://us.news2.yimg.com/us.yimg.com/p/ap/20030710/capt.1057833846.russia_explosion_mosb804.jpg[/img]
Претставник на антитерористички полициски одред настрада вчера изутрина при обид да демонтира бомба во чанта оставена во ресторан во центарот на Москва, јави Ројтерс.
Чантата ја оставила една жена, која е уапсена и се поврзува и со самоубиствениот бомбашки напад на рок-фестивалот на московскиот аеродром Тушино пред една недела. При нападот загинаа 20 луѓе, а 40 беа ранети. Уапсен е и еден соучесник на жената, за која се претпоставува дека е чеченска "црна вдовица". Зарима Мужхојева (22) е родена во Чеченија, а нејзиниот сопруг загинал при престрелка со руските сили за безбедност во кавкаската република.
Жената доцна во средата се заканила дека со бомба ќе го уништи ресторанот "Имбир" на главната улица "Тверскаја" откако редарите пред објектот и забраниле да влезе. Жената била совладана и уапсена, а полицијата го евакуирала реонот и ангажирала робот за деактивирање бомби. Меѓутоа откажал далечинскиот управувач на роботот, па по 10 часа еден специјалец се пријавил рачно да ја деактивира направата. Веднаш откако тој се обидел да ја отвори чантата, бомбата експлодирала и го убила. Силната експлозија ги искршила стаклата на прозорците на ресторанот и ги потресла бутиците и другите продавници на луксузната авенија.
Рускиот министер за внатрешни работи, Борис Гризлов, вчера најави дека ќе се заострат контролите на граѓаните во Москва за да се евидентираат илегалните жители. |