melpomena |
Откриен мозаик во црквата "Св. Климент" на Плаошник
Во црквата "Св. Климент" на Плаошник во Охрид е откриен исклучително вреден мозаик од ранохристијанскиот период со врвна изведба и мајсторско совршенство.
Мозаикот датира од втората половина на четвртиот век, а се наоѓа во монументалната крстилница од базиликата на црквата "Св. Климент". Археолозите до мозаикот дошле по ископувањето на подот на крстилницата, каде што се откриени две фази на градба.
На ова врвно мајсторство на уметноста е претставена слика од рајот со двостепена фонтана, хералдично поставени два пауна и стилизирана калинка.
"Понатамошните истражувања ќе покажат што уште не содржи овој раритет", истакна археологот Владо Маленко, кој раководи со археолошките истражувања на Плаошник.
"Ова е еден од многубројните мозаици во 22 базилики во Езерскиот басен, што упатува на заклучок дека на овие простори постоело училиште за мозаик, бидејќи вкупниот фонд на ваквите дела зборува дека тука работеле исклучително талентирани мајстори и уметници", објасни Маленко.
prevzemeno od dnevnik
|