Usvoen zakonot za amnestija!
Usvoen zakonot za amnestija!
AaaAa www.a1.com.mk 18.07.2003 Законот за амнестија кој денеска го усвои собранието важи и за оние кои се над 30 години На сите оние кои избегнале да одат во војска, а се од 27 до 30 години државата денеска им прости и со закон ги ослободи од кривично гонење. Нивната единствена обврска е во рок од 6 месеци од денска да се јават во подрачните единици на МО. За да одберат дали ќе го служат воениот рок или ќе бидат запишани во резервниот состав. Законот за амнестија кој денеска го усвои собранието важи и за оние кои се над 30 години, а кои го избегнале служењето на воениот рок во поранешната СФРЈ. Аргументите во прилог на законот пред неговото изгласување ги дадоа пратениците од владините партии. Опозицијата не го поддржа законот. „Со примена на амнестијата државата јасно ја изразува совјата добра волја и хуманост како преуслов за промена на односот на граѓаните кон државата и правниот поредок“ изјави пратеникот од СДСМ Никола Апостоловски. „Мислам дека се создаваат услови оптимални од почетокот на 2004 година и натаму да младите Албанци слободно одговорат на поканата за служење на воениот рок во АРМ“ рече пратеникот од ДУИ Талат Џафери. Опозицијата не го поддржа законот. „Сето ова ќе создаде привид дека воената обврска е непотребна, што може да има тешки последици за одбраната на РМ“ рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски. Министерот за одбрана реагираше на тврдењето на вмровските пратеници, дека слабиот одзив во јулската класа ја докажува демотивирачката улога на законот за идните војници. „Во 2000-та година одѕивот бил 38,4; 2001-та 19,2; 2002-та 41,10 и во 2003-та 48,07%. Бидејќи се уште трае упатот, сега над 1.500 лица се во касарните во касарните на АРМ“ изјави министерот за одбрана Владо Бучковски. Со 55 гласа за Законот за амнестија на тие што требало, а не отишле во војска беше усвоен.