ZANIMLIVOSTI |
dbk |
29 годишните сијамски близначки не ја преживеаа маратонската операција за нивно раздвојување. Едната сестра починала веднаш по операцијата поради изгубено големо количество крв а другата била во критична состојба час и половина по што исто така била констатирана смрт. Хирурзите ги сечеле главите точно 21 час а целата операција траела 53 часа.
|
dbk |
Од лицето на американскиот претседател Џорџ Буш деновиве хируршки биле отстранети 4 израстоци од кои две биле предканцерогени. Тие биле смрзнати и отстранети со течен кислород а интервенцијата е превземена затоа што постоела опасност израстоците да мутираат и да станат малигни. Релјефното лице на Буш било зачинето со по една тртка на образите, една на челото и една на слоопчницата. Портпаролот Ari Fleischer на новинарите им изјави дека ваквите израстоци се вообичаени за човек во негови години, особено ако тој поминува долго време на сонце. |
dbk |
Централната јубилејна прослава ќе може да следи насекаде во светот преку Интернет и сателитските канали на Македонската радио-телевизија. Преносот од манифестацијата го организира Министерството за култура во соработка со скопскиот интернет-провајдер Он.нет и со МРТВ. - За достоинствено и свечено одбележување на јубилејот МРТ ќе ја емитува пригодната програма на сите расположливи сателитски канали. Информациите треба да бидат достапни во цел свет, во моментот на случувањето. Провајдерот Он.нет ги постави на располагање сите технички средства и линковски врски. Така, на цел свет ќе му биде овозможено да го следи одбележувањето на јубилејот - соопшти вчера Горјан Тозија, државен секретар во Министерството за култура |
dbk |
Роди ме мајко со ксмет
Пензионерот кој во Хрватска важеше за најсреќниот човек на планетата, ја круниса својата 'гзлачка' кариера со добивање премија на лото вредна околу 1 милион евра. 74 годишниот Фране Селак кој има преживеано 7 неверојатни несреќи, ја добил премијата со првото лото ливче кое го купил во животот. А неговото лаки бастард портфолио изгледа вака:
- Во 1962 г. возот со кој патува излетува од шините и паѓа во река. Загинале 17 луѓе. Тој испливал.
- 1963-та. Испаѓа од DC-8 во лет кога вратата на авионот случајно се отворила. Загинале 19 лица. Фране паднал на стог сено и заработил само неколку гребнатинки.
- 1966, автобус со кој патува кон Сплит паѓа во река. Гинат 4 лица. Тој повторно испливува од реката мртов -ладен.
- 1970 година. Автомобилот му се запалува во вожња. Излегува од него само неколку секунди пред да експлодира.
- Во 1973 година се запалува кога расипана бензиска пумпа исфрла бензин врз загреаниот мотор на неговиот Вартбург. Притоа, ја губи само косата.
- 1995 година го прегазува автобус за јавен превоз во Загреб. Проаѓа само со помали повреди.
- Последната будалаштина му се случува во 1996 година, кога губи контрола врз својата Шкода (оној Вартбургот веќе не се поправаше ), ја пробива банкината на автопатот и паѓа во бездна. Фране излетува во последен миг од колата и по неколку секунди ја гледа како експлодира стотина метри подолу.
И што да се каже на крај, освен да се додаде уште еден интересен биографски податок кој ја потврдува благословеноста на хрватскиот хрватски пензионер: Фране 4 пати е среќно разведен а моментално се дружи со жена 20 години помлада од него!
|
dbk |
Ценети Дами и Господа,
Во одговорот на вашата молба за добивање дополнителни информации можат да ви ги кажам следниве зборови:
Кај прашањето 3 од формуларот го наведов непланираното реагирање како причина за несреќата. Ме замоливте тоа да го појаснам, што планирам сега и да го сторам. Како што знаете, јас местам покриви на куќи. Тој кобен ден се наоѓав на покривот на една шестокатница. Кога завршив со работата имав 250 килограми црепови вишок кои требаа да се симнат. Бидејќи немав намера безброј пати да ги симнувам по скали, решив да ги ставам во голема канта. Канта која и онака служи за дигање или спуштање товар. Се симнав долу влечејќи јаже со кое ја врзав кантата која потоа ја дигнав на потребната висина. После отидов на кровот и ја натоварив кантата за пак да се симнам долу. Го одврзав јажето со намера контролирано да ја спуштам кантата која ја натоварив со 250 кила црепови.... Ако го прочитате прашањето 11 од претходниот формулар, знаете дека јас сум тежок некои 75 кила...Крајно изненаден од губењето на тлото под нозете, ја изгубив 'духовната присебност' и заборавив навреме да го пуштам јажето од раце. Можам да кажам дека во тие моменти не бев при себе. Мислим дека не треба овде посебно да наведувам дека со голема брзина одев нагоре. Некаде кај третиот спрат се сретнав со кантата... Таа средба ја објаснува фрактурата на черепот и кршењето на клучната коска... Нешто побаво продолжив накај врвот и запрев кога врвовите на прстите ми влегоа во ролната која ја означуваше највисоката кота. Болката која не можам да ви ја опишам доаѓаше од трите скршени прсти и два нокта.... Покрај целата болка, јас не ја губам својата присебност и се одржувам на јажето кое не смеам да го испуштам од раце по никоја цена... Кантата која во меѓувреме стигна на целта, со сета сила удира на земја и го избива своето дно. Со тоа доаѓа до празнење на истата... Како што реков во минатиот формулар под точка 11, тежок сум околу 75 кила и со самото тоа сум многу потежок од празната канта во тој момент. Како што моижете да замислите, почна брзо спуштање. Во висина на третиот спрат повторно ја сретнав кантата која овојпат доаѓаше одоздола. Оваа средба донесе: скршени зглобови на двете нозе, скршеница на левото колено и низа гребнатини. Значително успорен го продлжив спуштањето кон тлото каде што се приземјив на искршените црепови и скршив 3 пршлени и болка која не ја ни регистрирав... Додека така лежев долу, повторно останав без својата 'духовна присутност' и го пуштив јажето... Овој пат, кантата, без никакви попатни пречки тргна кон мене и ми изби 4 заби а ми го скрши и носот...
Жалам заради сето ова но се надевам дека со ова ви го олеснив понатамошното разгледување на случајот. Во случај да ви требаат уште попрецизни детали, ви стојам на располагање.
|
dbk |
Bruls li doaga vo Mostar
Група граѓани на Мостар, покренале иницијатива за подигнување споменик на Брус Ли во нивниот град. Веќе е побарано од помош од кинеската амбасада да помогне околу реализирање на иницијативата да му се оддаде почит на еден од најголемите балкански херои пред започнување на војните во 90-тите. 'Сакаме да покажеме дека политиката не е единственото нешто во нашите животи. Сакаме да покажаме дека сме имале мирно детство. Сакаме да покажеме дека некогаш сме имале нормални херои, херои од работничката класа како што е Брус Ли,' изјави еден од иницијаторите. Со подигнувањето на споменикот би се обележила 30 годишнината од смртта на мајсторот кој умре во Хонг Конг на 32 годишна возраст.
|