melpomena |
СО АКЦИЈА НА СТАЦИОНАРОТ ВО МИРКОВЦИ
Во Карпош фатени 147 кучиња скитници
За ловењето и третирањето на кучињата скитници, Општина Карпош плаќа по 1.800 денари од едно куче
Општина Карпош почна да се справува со кучињата скитници на своја територија. Во акцијата за ловење на скитниците која почна на осми овој месец, за тринаесет дена фатени се 147 кучиња. Од нив 66 се машки, 81 се женски, а фатени се и 38 мали кучиња. работите околу фаќањето на кучињата скитници во Општина Карпош, мрднаа од "мртва точка" откако градоначалникот Стевчо Јакимовски одлучи Општината да ги покрива финансиските трошоци за кучињата фатени на нејзина територија.
"Засега акцијата дава резултати и сметаме дека во следните 2 месеци кучињата скитници во Карпош ќе се сведат на минимум. Апелирам до колегите градоначалници и до Градот и тие да се вклучат во ловењето бездомни кучиња и да почнат да си ја вршат работата во своите општини, односно на своја територија. Тоа е неопходно бидејќи во спротивно и ние во Карпош ништо не сме направиле, зашто кучињата од другите општини ќе доаѓаат овде", рече градоначалникот Јакимовски.
Сите фатени кучиња се носат во стационарот за бездомни кучиња во село Мирковцки кој пред три години го отвори градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов. Од уловените кучиња болните се еутанизираат, односно се успиваат, а другите се кастрираат и по краткиот период на закрепнување, повторно се враќаат на улица. Кучињата што повторно се враќаат на улица на себе имаат ремени кои покажуваат дека кучето е третирано и не е опасно. За едно третирано куче Општина Карпош плаќа на стационарот по 1.800 денари.
М.Илиевска
Prevzemeno od Vest
p.s.navistina treba da se prevzeme neshto vo vrska so kuchinjata. Nasekade gi ima, bashka mnogu se agresivni.
|
melpomena |
Изготвен Правилник за однесување со домашните миленици
Градот ќе спроведува нова тактика спрема уличните кучиња
ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА
Градските власти сериозно ќе се зафатат за работа за да ја ублажат состојбата со уличните кучиња. Проблемот во голема мера ќе се реши доколку се воспостави ред со домашните миленици, во кои, според градоначалникот Ристо Пенов, лежи основата на проблемот.
?Донесовме Правилник за однесување со домашните миленици, бидејќи клучот на проблемот е токму во нив. Семејствата се откажуваат од домашните миленици и ги пуштаат на улица, по што се создаваат глутници", вели Пенов.
Правилникот, односно новите пет члена во Законот за комунален ред се однесуваат на начинот на однесување на сопствениците на домашните миленици при нивно движење по јавните површини. Граѓаните ќе мора задолжително да ги шетаат своите миленици со поводник и заштитна маска. За зголемена безбедност и хигиена на јавните површини, на сопствениците им се забранува влез во спортско-рекреативни објекти, водни површини и јавни пазари. Забрането е и користење на јавните чешми и фонтани за потребите на домашните миленици, како нивно капење или чешлање. Сопствениците на домашни миленици се должни да го отстранат фецесот од јавните површини во посебни садови за таа намена. Доколку, пак, сопствениците постапуваат спротивно на некој од овие членови, ќе им биде изречена казна согласно со Законот за комунални дејности, се вели во дополнетиот закон за комунален ред. Од старите членови на Законот останува да важи правилото што предвидува ерадикација на домашните миленици доколку тие не се регистрирани, вакцинирани и дехелментизирани.
Според градоначалникот Пенов, дополнувањето на Законот за комунален ред во делот на ерадикација на животните-скитници, ќе изврши дистинкција на домашните миленици од животните скитници, со што милениците, под одредени услови ќе се изземат од третманот пропишан за уличните животни. Новите одредби ќе придонесат и за поголема сигурност на скопјани од безбедносен, здравствен и хигиенски аспект, нагласи Пенов.
Инаку, за поголем ефект во борбата за справување со кучињата-скитници, покрај новините кои ги налагаат градските власти на сопствениците на домашните миленици, надлежните оствариле и контакти за соработка со неодамна отвореното прифатилиште за домашни миленици ?Оаза 2003". Според градоначалникот Пенов, неопходно е проширување на соработката и со ова прифатилиште, за да се подобри незавидната состојба со уличните кучиња во градот.
prevzemeno od utrinski vesnik
|