Vardar vo Kup na Uefa | |
Barneys | Prijatna vest od sajtot na UEFA... CSKA - VARDAR 1:2 Cestitki do site navivaci na Vardar i do site ljubiteli na fudbalot vo Makedonija. http://www.uefa.com/Competitions/UCL/FixturesResults/Round=1710/match=72022/index.html |
OooOo | http://www.mia.com.mk/mak/images.asp dobri sliki :)) |
Strelec | Od site preostanati 48 ucesnici vo ovogodisnata Liga na Sampionite, tim so najnizok koeficient vo UEFA e sekako Vardar. Oficijalniot koeficient sto Vardar momentalno go ima e 1.748 poeni. I kolku za sporedba, na prvo mesto e Real Madrid so 151.769 poeni. Vprocem, eve ja i taa lista... spored mene, mnogu e interesna... Real Madrid CF 151.769 Manchester U. 136.170 Bayern Mьnchen 124.566 Lazio 106.155 Arsenal 105.170 Juventus 100.155 Dep. La Coruсa 98.769 Milan 97.155 Internazionale 93.155 Porto 86.791 Celta de Vigo 86.769 Galatasaray 78.495 Olympique L. 76.734 Panathinaikos 72.391 Borussia D. 70.566 Chelsea FC 70.170 PSV Eindhoven 60.749 Celtic 57.187 AEK Athens 56.391 Dynamo Kyiv 55.291 Ajax 54.749 Olympiacos 54.391 Newcastle U. 51.170 Rangers 50.187 Sparta Praha 49.975 Olympique de M. 49.734 Stuttgart 49.566 Lokomotiv M. 49.520 Anderlecht 49.250 Slavia Praha 48.975 Real Sociedad 47.769 Monaco 45.734 Club Brugge 44.250 Rosenborg 42.787 Wisla Krakуw 33.812 Besiktas 33.495 Grasshopper 33.125 Dinamo Zagreb 32.312 Benfica 30.791 Grazer AK 26.687 Shakhtar D. 22.291 Partizan 20.915 Kшbenhavn 20.687 CSKA Sofia 18.332 Austria Wien 13.687 Hungбria FC 13.395 Zilina 6.832 FK Vardar 1.748 HAOS Rejting!!![:p] |
NARCIS` | Prognozi ke moze :) za sledniot ishod na VARDAR |
NARCIS` | ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 2. КВАЛИФИКАЦИОНО КОЛО Вардар ја елиминира големата ЦСКА Бескомпромисен во одбраната. - Блесинг Вардар одигра натпревар за македонската фудбалска антологија. Ремито од 1:1 остварено на "Градски" во реваншот против ЦСКА, заедно со победата во Москва од 2:1, беше доволно да ги однесе во 3. квалификациско коло на Лигата на шампионите, што претставува најголем успех во историјата на нашиот клупски фудбал. Таму ќе се сретнат со чешкиот првак, Спарта Прага, и како што кажа тренерот Стратев нема да биде трагедија и да се загуби, бидејќи и пораз ќе значи продолжување со евро-натпревари во Купот на УЕФА. Сепак, "црвено-црните" не влегуваат во дуелот со Чесите со бело знаменце, а и со триумфот над рускиот вицешампион, кој во најмала рака е со ист квалитет како и Спарта, тие докажаа дека се кадарни за големи успеси. Инаку, мечот беше реприза од Москва. Првото полувреме, играта ја контролираа Русите, додека нашите делуваа изгубено на теренот. Фудбалерите на нашиот шампион беа повлечени на својата половина, со Вандаир осамен во нападот. Според зборовите на Стратев, тоа било последица на стравот на неговите пулени, кои се исплашиле да играат фудбал, да покажат што знаат. "Армејците" знаеја да казнат и по половина час игра дојдоа во водство со случајниот гол на Гогниев, по малиот и единствен кикс на Блесинг. До крајот на првиот дел постигнаа уште два погодоци, кои поради очигледни офсајд ситуации, шпанскиот судија Торес оправдано ги поништи. Бразилецот Вандаир имаше одлична прилика во 36. минута да изедначи, но со глава биеше покрај празниот гол по несмасната интервенција на гостинскиот голман, Мандрикин. Вториот дел започна со факели и огномет на трибините, а на теренот вардарци заиграа посмело. Вардаровиот тренер, откри дека помалку уплашен од резултатот, на свој ризик, во 56. минута во игра внесе напаѓач, Оливеира, на местото на Гроздановски. Ризикот се исплатеше, Бразилецот внесе живост во играта, посебно до десната страна. Оливеира беше и клучниот во акцијата за изедначувачкиот гол, што го постигна неговиот сонародник, Вандаир. Потоа, "црвено-црните" воспоставија рамнотежа на теренот. ЦСКА имаше јалова иницијатива, а Блесинг, како Турам ја расчистуваше секоја опасна ситуација по голот на Зекир, кој исто така се покажа во одлично светло. По мечот, на вообичаената прес-конференција, Стратев изјави дека времињата кога македонските тимови се задоволуваа со меч-два во Европа се зад нас. - Пред нас се барем четири натпревари. Нема да биде трагедија ако загубиме од Спарта, но во никој случај не се предаваме однапред. Во првиот дел не се оствари мојата тактика, затоа што нашите играчи се плашливи и дури во вториот дел се опуштија, задоволно прокоментира Стратев. Неговиот руски колега, Газаев, кој влезе како "попарен" во салата, упати искрени честитки до нашиот тим со желба за понатамошен успех. - Потполно заслужен триумф на Вардар. Не бевме соодветно подготвени. Сета вина паѓа на мене, изјави Газаев. Првиот натпревар од 3. квалификационо коло од ЛШ со Спарта Прага ќе се игра во Скопје и е на програмата веќе в среда. М. Илиоски *** Вриеж на трибините Тренерот на Вардар, Зоран Стратев, се заблагодари на публиката за извонредната атмосфера создадена на преполните трибини. - Публиката ги дигна фудбалерите. Со ваква публика, едноставно не може да се одигра слабо. Во централната ложа, како што беше и најавено, седеше и Претседателот на републиката, Борис Трајковски, кој по натпреварот се симна во соблекувалните и лично им честиташе на играчите. Присутен беше и Бени Шаќири од Нон-стоп, како и неколку познати политичари, главно од опозицијата. Градскиот стадион беше исполнет "до даска", од својот сегашен капацитет. *** Тепачка меѓу навивачите По голот на гостите во 31. минута, вниманието на гледачите од теренот се префрли на делот од "Јужна" каде беа сместени гостинските навивачи. Имено, дојде до петминутен инцидент меѓу двата навивачки табори и интервенција на полицијата, по што ситуацијата набрзо се смири и дојде до меѓусебно помирување. Ne beshe petminuten beshe dvaeset minutno tepanje :) Нападнати руски навивачи во центарот на Скопје Пред самиот натпревар, околу 4.30 часот пред ГТЦ, неколку руски навивачи и дописникот на агенцијата РИА Новости биле нападнати со палки и летви. Според рускиот дописник, напаѓачите биле 30 етнички Албанци, на кои им пречел рускиот јазик и православната вера. Министерството за надворешни работи на Русија побара од Македонија детално да го испита случајот и да бидат казнети виновниците. |
Strelec | За натпреварот од 3. квалификациско коло од ЛШ против Спарта од Прага Во продажба вкупно 13.400 билети Реванш натпреварот помеѓу Вардар и ЦСКА од Москва од Лигата на шампиони во Скопје, ќе остане запаметен и по големиот метеж на јужната трибина од Градскиот стадион на кој според слободната проценка на присутните гледачи имаше неколку стотини прекубројни гледачи кои едноставно не можеа да се сместат на своите места. Спортскиот директор на црвено-црните Аце Заковски пак најостро ги негира информациите дека некој се поиграл со навивачите и пуштил во оптек повеќе билети од објективните можности односно капацитетот на овој стадион. "Постапивме според прописите и капацитетот на нашиот репрезентативен стадион. Односно во оптек пуштивме онолку билети колку што може да собере нашиот најголем стадион. Вишокот на навивачи на јужната трибина се направи поради големиот број на посетители кои беа пуштени на Градскиот стадион во Скопје без билети, а не затоа што Вардар пуштил во продажба повеќе карти за овој меч" истакнува Заковски. Цената на билетите за претстојниот меч против тимот на Спарта од Прага кој се игра веќе во среда, според Заковски, таа ќе остане иста односно билет за јужната трибина ќе чини 200 денари, додека пак за северната трибина 150 денари. "Се надевам дека нема да дојде до промена на ставот на управата на клубот. Решивме таа да остане иста како за натпреварот против ЦСКА, меѓутоа не е исклучена ниту можноста да се направи и мала корекција во деновиве што следуваат" вели директорот на Вардар. Инаку, од канцеларијата на црвено-црните и информацијата дека билетите за мечот Вардар - Спарта ќе бидат пуштени во продажба во вторник односно еден ден пред одигрувањето на натпреварот. Неофицијално, ќе бидат испечатени 11.400 билети за јужната трибина, и 2.000 билети за северната трибина. Сепак, Заковски не ја исклучува можноста поради големиот интерес за претстојниот меч, со дозвола на делегатот на тој натпревар да се отворат вратите и на источната и на западната трибина, кои сеуште не се адаптирани за прием на посетители. "Според прописите на УЕФА и ФИФА, и на овие трибини можат да се пуштат гледачи, меѓутоа само дваесет проценти од вкупниот капацитет. Се надеваме дека надлежните органи на УЕФА ќе имаат слух за нашите желби и потреби" заврши Заковски. Актуелниот шампион на Македонија, барем засега добро профитираше од годинашниот излез во Европа. Имено, на сметката на црвено-црните ќе "легнат" 150.000 швајцарски франци како награда од УЕФА за пласманот во Лигата на шампионите, и за поминувањето на првите две квалификациски кола Вардар ќе инкасира уште 160.000 франци. Позитивната финансиска слика на клубот ќе ја дополнат и новите 80.000 франци без разлика на конечниот исход од двомечот со Спарта. Сепак, овие парични средства се минорни во споредба со петте милиони евра загарантирани средства од УЕФА доколку црвено-црните успеат да се пласираат во групите од лигата на шампионите. |
NARCIS` | ВАРДАР ЗАДУТРЕ ВО СКОПЈЕ (20 Ч.) ЈА ПРЕЧЕКУВА СПАРТА ВО 3. КОЛО НА ЛШ Поборски повторно ќе игра на Градски Чешкиот репрезентативец настапи и за својата репрезентација во 2001 година, кога во пријателскиот меч со Македонија одиграа 1-1 Најзвучното име во фудбалскиот состав на прашка Спарта, противникот на Вардар задутре, во првиот меч од 3. коло на Лигата на шампионите, Карел Поборски, повторно се враќа на Градскиот стадион во Скопје. Тој веќе настапи како чешки репрезентативец, кога во пријателскиот меч со репрезентација на Македонија во 2001 година, одиграа 1-1, со головите на Ѓорѓи Христов и Павел Кука. Поборски (31) симпатиите како игра ги прибра со прекрасниот гол, постигнат на Евро 96 во Англија, кога Чешка стаса и до финалето (загуби од Германија). Тој, по настапите во англискиот тим Манчестер јунајтед, италијанскиот Лацио португалскиот Бенфика, се врати во родната земја да ја засили најславната чешка екипа. Меѓу најискусните играчи во составот на Спарта е и Јиржи Немец (37), кој дури има и еден натпревар повеќе за А-репрезентацијата од Поборски. Меѓу тие кои се носители на играта, покрај Поборски и Немец, тука се и Либор Сионко и Јиржи Росицки (брат на попознатиот Томаш Росицки), кои со Поборски се мозокот на сите акции и Игор Глушчевиќ, лидерот на нападот на чесите. АЦ Спарта Прага е формирана во далечната 1893, а почетоците на најславниот чешки клуб е во 1919, на т.н. Железна Спарта. Клубот е олицетворение на типичниот чешки фудбал, еден од најдобрите во поранешниот Источен блок - тимски фудбал. Спарта е 24-кратен првак на Чешка, постојан учесник во Лигата на шампионите, 8-кратен победник на националниот куп, и клуб со големо интернационално искуство во настапите во Евро-куповите. Колку силен противник, иако неатрактивен во споредба со еден Лацио, Бенфика, Челси, Њукасл... доби Вардар зборува податокот дека Спарта пет години по ред настапуваше во ЛШ (1997-2002), а само минатата сезона не успеа да се квалификува. Клубот е познат и по добрата сопствена школа. Бојата на дресови им е сина, жолта и црвена. Спарта во саботата против Марила Прибрам на гости одигра без голови, 0-0. Претходно, дома ја победи Опава со 4-0, а на стартот во Теплице играше 1-1. По некомплетното 3. коло, Спарта е трета со 5 бода, зад Славија Прага и Оломуц кои имаа две победи на стартот. Играчите изјавија дека со мислите биле во Скопје, правдајќи се за ремито. Последен состав со кој Спарта настапи: Јаромир Блажек (репрезентативец), Мартин Петраш (Словачка), Томаш Хибшман (репрезентативец), Мирко Поледица (СЦГ, играл за Борац Чачак, Војводина и Лех), Петр Јохана (репрезентативец), Карел Поборски (31, 83 настапи за Чешка, екс-член на Лацио, Бенфика и Манчестер ј.), Радослав Ковач, Јиржи Немец (37, 84 меча за А-тимот на Чешка), Патрик Јежек, Либор Сионко (репрезентативец), Игор Глушќевиќ (СЦГ, екс-член на Естрамадура, Бетис, Утрехт). Играле уште и Томаш Јун, Марек Кинцл (член на А-тим), Растислав Михалик (Словачка). Тренер Јиржи Котрба, по мечот Вардар - ЦСКА Москва, кој го следеше во Скопје минатата среда изјави дека е воодушевен од атмосферата во публиката, а пофално се изрази и за играта на "црвено-црните". - Нема да ни биде лесно во Скопје. Сепак, нашиот тим е искусен за да подлегне на таква атмосфера. Поголем проблем може да ни претставува жешкото време. Вардар е квалитетен штом ја елиминира ЦСКА, но со недостатоци кои ние ќе се потрудиме да ги искористиме. Нема да го потцениме противникот, што беше грешка на ЦСКА - изјави Котрба за чешките медиуми. Судии на мечот задутре се: Терје Хојге (главен), Стејнер Холвик и Оле Херман Боргвин, сите од Норвешка. Делегат: Адријан Титкомб (Англија), а УЕФА-контролорот е Белгиецот Вили Ховерц. |
Bravo | E dobro be izgubi 7-2 ...golema rabota sea sho....zivot teche dalje...a da izgubea 5-0 bolje da ne bese?:)[xx(] |
deni | vardar - sparta 2:3 u mamu im ebem |
Bravo | Te boli k.... , Belasica kje tepa denes [:p] |
NARCIS` | abe celje e dobra ekipa ....sto sakate jas neznam, belasica site dobri fudbaleri si gi dade .. |
NARCIS` | ФУДБАЛ - ТРЕТО ПРЕТКОЛО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ПРВ МЕЧ Стратев: Неспортски гол на тимот што треба да биде голем Гостите постигнаа погодок без знак на судијата и додека се местеше живиот ѕид, кој Норвежанецот Хојге го призна за водство од 2-0, кое скопјани го стигнаа, но примија гол во 90. минут Вардар одигра незаборавни 30 минути против Спарта пред можеби 20 илјади гледачи, кои не беа доволни за пресврт во мечот за паметење и историја. Македонскиот шампион сепак загуби од прашката екипа со 2-3 (0-2) во првиот натпревар од 3. квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони. По 0-2 и еден најмалку спорен гол, скопјани израмнија на 2-2, 20 минути имаа играч повеќе, но примија гол во последната минута од легендарниот Карел Поборски, негов втор на средбата. Иако шансите за пласман во ЛШ се значително намалени, тренерот на Вардар Зоран Стратев останува оптимист: - Има уште едно полувреме, во Прага, ќе играме и таму - изјави Жути, кој навистина станува популарен. Реваншот е на 27 август. Натпреварот го одбележа, веројатно и го реши спорниот гол на Србоцрногорецот во редовите на Спарта, Игор Глушчевиќ. Тој во 40 минута, по досудениот слободен удар, практично не чекаше топката чесно да се смири на земјата. Судијата Терје Хојге стоеше покрај напаѓачот на Спарта, на само еден метар од топката вардаровиот капитен Драган Веселиноски ги местеше чорапите, а живиот ѕид на домашните се уште се поставуваше. Но, Глушчевиќ не чекајќи, биеше ненадејно, го изненади и неподготвениот голман Муарем Зекир и го зголеми водството на гостите на 2-0. И додека сите очекуваа голот да биде поништен, судијата покажа на центарот, што предизвика бура од негодувања на играчите на Вардар, па публиката фрлаше тврди предмети врз гостинските фудбалери, а неодговорен гледач успеа да влезе на теренот, но навреме беше спречен од обезбедувањето да не го нападне норвешкиот судија. При напуштањето на теренот по крајот на првите 45 минути, гостите и судиите беа опсипани со тврди предмети, но тунелот ги спаси од повреди. Вардар ќе биде казнет, не само поради овие инциденти туку и поради преполнетата Јужна трибина. Да се надеваме дека Градскиот стадион нема да биде суспендиран, зашто "црвено-црните" и во случај на елиминација од ЛШ, ги очекуваат уште две европски средби од првото коло на Купот на УЕФА, во кој продолжуваат сите поразени од 3. претколо на најелитното клупско натпреварување. Натпреварот почна со доминација на гостите. Патрик Јежек сериозно го загрози голот на Вардар во 3 и 7 минута, а најопасен беше ударот на Либор Сионко од 12 метри, но Зекир одбрани. Првата реакција од публиката на судењето беше кога Хојге практично им даде тајмаут на гостите да се освежат, кој збунетите вардарци не го искористија докрај. Еден од клучните моменти на мечот беше пропуштената шанса на Рожериу Оливеира во 33 минута. Срѓан Захариевски добро асистираше од средината на теренот, Томаш Хибшман со глава практично му ја спушти наназад топката на Бразилецот, кој потполно сам ја поведе топката кон голот. Но, откако влезе во 16-никот, пред да упати удар се сплетка и голманот на Спарта Јаромир Блажек ја отстрани опасноста. Казната стаса три минути подоцна. Слободен удар од левата страна, откосо од околу 30 метри од голот, изведе Поборски со десната нога. Топката во благ лак ги прелета сите, удри во втората статива и се одби во мрежата покрај "заспаниот" Зекир за водство на гостите. Домашните се уште беа зашеметени од голот, кога Глушчевиќ го постигна веќе опишаниот втор гол за гостите. До крајот на првиот дел беше мачно на теренот и на трибините од незадоволството на публиката, дури се прашувавме дали делегатот ќе го прекине мечот. - Тоа е неспортски гол. Нема да ја коментирам неговата регуларност, но Спарта се покажа како нефер тим. УЕФА се залага за фер плеј и големите екипи секогаш треба да бидат големи. Тоа вечерва не се случи со Спарта. Апсолутно сум незадоволен од судењето. За разлика од претходните мечеви, сега имавме необјективно судење - рече Стратев. Како по обичај, вардаровата офанзива почнува во второто полувреме. Првата опасност по голот на Блажек ја предизвика Вандеир со центаршутот во 56 минута, кога Јиржи Немец расчисти. Четири минути подоцна, Оливеира со долг "пас" го најде Драган Начевски на левата страна, следуваше убаво нафрлање на втората статива, каде што Оливеира остана сам и со волеј пласираше во небранетиот дел на мрежата за 1-2. Веднаш потоа, двајцата актери на голот беа заменети со Марио Петков и Агиналду Брага. Тие донесоа свежина во нападот, особено Брага, врз кого беа направени два старта одзади од Мирко Поледица, за што доби два жолти картона по ред, односно црвен, па Вардар 20 минути имаше играч повеќе. Веќе во 73 минута предноста беше искористена. Нововлезениот Дарко Тасевски, кој направи неколку извонредни потези, одлично нафрли во средината на 16-никот од слободниот удар во вид на скратен корнер од десната страна. Во срцето на казнениот простор се најде Славчо Георгиевски, кој со глава ја погоди десната страна од голот на немоќниот Блажек за израмнување од 2-2 и воодушевување на публиката. Георгиевски само три минути подоцна храбро биеше од 35 метри, топката одеше во аголот и за малку не го изненади Блажек. До крајот, и гостите се заканија преку Поборски (77 мин.) и Растислав Михалик (80.), кога одбрани Зекир, а Мартин Петраш со глава (87.) беше непрецизен. Во моментите на вардаровата офанзива, во 90. минута, згреши Блесинг, по што нововлезениот Томаш Јун со глава го најде Поборски на десната страна од 16-никот. Овој направи чекор-два, чекаше Зекир да излезе пред да ја протне топката под него во голот за конечните 2-3. - Ни недостасуваше среќа, која во претходните мечеви ја имавме. Имавме голем противник, искусен, кој знаеше да ги казни нашите грешки. Примивме три гола, кои не требаше да ги примиме. На играчите не треба да им се забележи на играта, борбеноста, храброста. Гинеа на теренот - рече Стратев. - Задоволен сум и од играчите и од публиката, му дадовме достоен отпор на еден европски гигант. Вториот дел го одигравме фантастично, борбено, не им допуштивме да излезат од 16-никот. Битката ја загубивме во средниот ред. Немаме доволно квалитетни играчи за врска - додаде Жути. Тренерот на гостите, Јиржи Котрба е задоволен од играта во поголемиот дел од средбата, како и од резултатот. - Победивме наполно заслужено. Мечот заврши поволно за нас, благодарение на нашето добро прво полувреме, кога имавме две одлични шанси, покрај двата гола што ги постигнавме. Во вториот дел се опуштивме, а Вардар заигра борбено и офанзивно. На крајот, задоволен сум - рече Котрба. ВАРДАР - СПАРТА 2-3 (0-2) Стрелци: Оливеира во 60 и Георгиевски во 73 за Вардар, Поборски во 36 и 90 и Глушчевиќ во 40 за Спарта. Жолти картони: Зекир, Ристовски (Вардар); Поледица (Спарта). Црвен картон: Поледица (Спарта) во 70. мин. Градски стадион во Скопје. Гледачи околу 18.000. Судии: Терје Хојге (главен), Стеинар Холвик, Оле Херман (помошници). Делегат: Адријан Титкомб (Англија) ВАРДАР: Зекир - Веселиноски, Блесинг, Бранковиќ - Ристовски, Захариевски, Георгиевски, Грозданоски (Тасевски од 67.), Начевски (Петков од 60.) - Оливеира (Брага од 60.), Вандеир. Тренер: Стратев. СПАРТА: Блажек - Петраш, Хибшман, Јохана, Поледица - Поборски, Немец, Ковач, Јежек (Михалик од 68.) - Сионко, Глушчевиќ (Флахбарт од 74.). Тренер: Котрба. |
deni | СЕИР НА ДЕБАКЛОТ НА СТРУМИЧАНИ Во неможност да проследат гол на Градски, малубројните гледачи на јужната трибина правеа сеир на дебаклот на струмичани во Целје. По секој гол на Публикум на Градски имаше овации. Навистина посебен коментар за ова нема. Веројатно скопјани сй уште имаат анимозитет кон Беласица. aaajt |
Strelec | PETardi vo prvoto kolo od Kupot na UEFA: Torpedo Moskva - Domagnano 5:0 Crvena Zvezda - Nistru 5:0 Dinamo Bucurest - Metalurgs 5:2 Manchester City - TNS 5:0 Birkirkara - Ferencvaros 0:5 Efb - Santa Coloma 5:0 i edna SEDMarda: Publikum - Belasica 7:2 |
DJ_SHEMA | FT Sparta Prague (Cze) [2 - 2] Vardar Skopje (Mac) 30' [0 - 1] Georgievski 34' [1 - 1] Karel Poborsky 67' [1 - 2] Anyanviu 83' [2 - 2] Sionko :(( |
NARCIS` | super odigrana utakmica ,sekoja cest za ekipata na Vardar ... |
Strelec | quote:se soglasuvam... momcite odigraa hrabro, maski i zasluzuvaat cestitki... golem uspeh za Vardar... i sega neka im e srekno vo Kup UEFA... ama interesno e koj se' moze da mu bide protivnik na Vardar vo prvoto kolo: Barcelona, Liverpul, Roma, Parma, Valensija, Feenord, Okser, Blekburn, Bordo, Hamburger, Majorka, Spartak Moskva, Herta, Sporting Lisabon, Hajduk, Kajzerslautern, Udineze, Salke 04, Crvena Zvezda, Steaua, Mancester Siti, Newcastle, Benfica, Borusija Dortmund, Rosenborg, Grasshoppers... |
devil | ako se padne so Liverpul ima od tarasa da se djitnam :) |
NARCIS` | Barsa neka se padne :))) |
Bravo | A NewCastlle sakate?:) |
Bravo | Abe pa dobro , bolje poatraktivni protivnici za nashive , em nashive bolje pruzaat protiv pojak tim(inspiracija) , pa plus i narodov nash zasluzi malce i evropskata elita da vidi u MKD ...samo napred! |
zarerulzz | Prvata utakimca se igra u Italija. |
NARCIS` | Toa e losho ,ako ni aknat 5 gola ke nemaat volja za igra nasive.. |
NARCIS` | - Задоволен сум од ждрепката, пред се бидејќи на љубителите на фудбалот кај нас ќе им овозможиме да ги видат во живо еден Тоти и неговите соиграчи. На вакви натпревари може само да добиеме, изјави видно возбуден, тренерот на Вардар, Зоран Стратев. Kako moze da bide zadovolen neznam .....mozea tolku poslabi ekipi da padnat... I komentarot na Atanas Kostovski:dragi gledaci ,nisto ne e izgubeno Vardar odi vo kupot na UEFA se razbira nasiot tim ja posekuva golemata Barsa.... |
n/a | NARCIS` можеа да паднат и послаби екипи ама вака е подобро. 1.Ке има менаџери од Италија... 2.Ке има полн стадион во Скопје... 3.И Барса да беше ке беше добро, нашиве знаат како да изгубат... :P 4.Вардар има перспектива... нема финансии :o) 5.Италијанците ке влезат со малку респект. (Резултатите ЦСКА - Вардар 1:2, Вардар - ЦСКА 1:1 и со Славија - Вардар 2:2) не се за потценување.А да не заборавиме и пред некоја година како Победа ја намачи Перуџа P.S.Добра ждрепка пред се... Стратев и компанија се на ред... |
NARCIS` | abe ,shto zborish...dobra zdrepka ako e ...roma ..:))) kolku poslabi imashe... |
Strelec | nekolku interesni izvadoci od eden 'forum' na navivaci na Roma vo vrska so natprevarot protiv Vardar:
Italian giants Roma and Parma face Macedonian's Vardar and Ukrainian team Metalurg respectively hahahahaaaa fucking uefa cup....Roma- Vardar......do u know that vardar have same color shirt like milan....hahahaaa YEEEESSSS!!!! Roma have gotten such an easy draw in the uefa cup, we play FK Vardar, its a macedonian side so it should be pretty easy. i can't wait we have one off the ebst squads in europe and can challenge for Coppa Italia, Uefa cup and Scudetto this year. With Samuel, Panucci, Emerson and Totti as the leaders off the team. my patience is startin to wear off. DAJE MAGICA ROMA! |
n/a | [img]http://members.tripod.com/fcvardar/NewLogo3.gif[/img] Во срце те носам, пејам за тебе... Во секој случај ке ги намачиме (се надевам) :o) |
NARCIS` | abe igrajte ja Vardar - Roma u Skopje Singal 1 ako ne za drugo od patriotski pricini |
n/a | quote:Абе све е тоа у ред али најубаво е да си ја играш ти фиксна 0 и за во гости и за дома, слушај шо ти викам јас нема да згрешиш :о) |
NARCIS` | Vardar izgubi od sudiite..... |
Strelec | prv mec: Vardar - Sparta 1:1 vtor mec: Sparta - Vardar 3:0 |
deni | vardar sparta 2:0 sparta vardar 1:0 |
Strelec | Jas posakuvam da ni se padne Crvena Zvezda... Mislam deka mozeme da ja mineme...:-) |
DJ_SHEMA | Shto bi gi oprchil Liverpool |
NARCIS` | FC Vardar - FC Roma Ke bide zustro :)) |
Strelec | Nekolku pointeresni parovi od prvoto kolo: Southampton - Steaua Austria Viena - Borusia Dortmund Sporting - Malme OB - Crvena Zvezda Manchester City - Lokeren Grasshoppers - Hajduk Villarreal - Trabzonspor AIK - Valencia Torpedo - CSKA Sofia Roma - Vardar Cementarnica - Lens Milsam deka ni ‘padnaa’ atraktivni protivnici koi sto ke go napolnat Gradskiot stadion (verojatno za Vardar 20 iljadi i za Cementarnica 10 iljadi gledaci)… …ama zatoa pak nemavme mnogu sreka vo pogled na sansite za plasman vo vtoro kolo… osobeno ako se zeme vo predvid deka nositeli (sto znaci i mozni protivnici na Vardar i Cementarnica) bea i klubovi kako: M. Haifa, Shakhtar, Hearts, FCK, Wisla, Varteks, Leiria… so koi sto ke imavme mnogu pogolemi sansi… …no dobro…:-) neka im e so sreka! |
Cyber-Man | quote:Ќе тепа бе како не со 7 гола во своја мрежа. Да не се Победа и Вардар досега ниту една екипа немаше да успее да мине едно коло. |
Barneys | PRENESENO OD A-1 TELEVIZIJA: Македонскиот фудбалски првак Вардар забележа сензационална победа во 2:1 над ЦСКА во Москва, во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Влатко Гроздановски во 54-та и Дош Сантош Вандаир во 64-та минута ги доведоа црвено црните до неверојатна убедлива предност од 2:0, што рускиот вицепрвак успеа да ја намали преку Кириченко во 89-та минута. Неочекуваниот триумф извојуван со два постигнати гола во гости е од огромно значење пред реваншот по седум дена на Градскиот стадион во Скопје. Ако тогаш вардарци успеат да ја сочуваат резултатската предност и да ја минат фаворизираната ЦСКА во овој двомеч, ќе играат со чешкиот вицешампион Славија во третото коло од квалификациите, последно пред натпреварите по групи. |
OooOo | ubava vest ... bravo :) |
DJ_SHEMA | Vardar hit form in Moscow Wednesday, 30 July 2003 F.Y.R. Macedonian title-holders FK Vardar secured arguably their greatest result as they won 2-1 in Russia against PFC CKSA Moskva in the first leg of their UEFA Champions League second qualifying round tie. PFC CSKA Moskva's Denis Evsikov (left) challenges FK Vardar's Slavco Georgievski Counterattacking effective CSKA were in charge for long periods of the match, but Vardar's counterattacking proved extremely effective and they seemed to be taking a two-goal margin back to Skopje until a last-minute consolation for last season's Russian runners-up and current runaway leaders. CSKA go close Without injured captain Sergei Semak, the home side were unable to make their first-half possession count, despite the 35th-minute introduction of Dmitri Kiritchenko for Spartak Gogniev. Midfield players Jirн Jaroљik and Igor Yanovski both hit the woodwork, but CSKA would pay for their profligacy after the interval. Away goals Vardar's breakthrough came on 55 minutes when Vlatko Grozdanovski stole in to poke a loose ball past CSKA's 17-year-old goalkeeper Igor Akineev. Ten minutes later, the lead was doubled as Brazilian striker Oliveira Wandeir Dos Santos outpaced defender Bohdan Shershun and produced a magnificent finish into the corner of the net. Late consolation CSKA continued to press forward, and after Kiritchenko had gone close in the 75th minute, the same player struck a last-gasp consolation after Serguei Samodine had flicked on an Alan Koussov cross. The goal gave hope to CSKA coach Valeri Gazzaev ahead of next Wednesday's return leg, when a tie against AC Sparta Praha will be up for grabs. He said: "We played poor football, but I am hoping the return leg will be better. We can still make it to third round." We knew CSKA were strong, and that is why we operated with such tactics Vardar coach Zoran Stratev 'A good game' Meanwhile, Vardar coach Zoran Stratev said: "It was a good game for us. We wanted to sit deep and hurt them with quick counterattacks, and we did have some luck, scoring twice from three chances. We knew CSKA were strong, and that is why we operated with such tactics. But we will have to play differently next time around, as this sort of game will not work twice in a row. It is going to be an extremely difficult fixture in Skopje as tonight's result does not guarantee anything." |
deni | bravos dechki samo napred bez respekt , da mu dokazeme na svetot deka i nie zname da igrame fudbal |
ozonce | pffffff abe ke vidite vie partizan od naselba Timjanik sho ke bide u svetskiot fudbal |
NARCIS` | ФУДБАЛ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ: ЦСКА МОСКВА - ВАРДАР 1-2 (0-0) Московскаја вечер на Вардар Со реми, па дури и со пораз од 0-1, в среда, во Скопје, "црвено-црните" ќе се пласираат во 3. коло, што досега не # успеало на ниту една екипа од Македонија "Шок во Петровскиот парк" и "Хорор филм во Петровскиот парк" се дел од насловите во рускиот печат, по завчерашната победа на скопски Вардар над ЦСКА, во Москва, со 2-1, во првиот меч од 2. квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Македонскиот фудбалски првак го понижи рускиот вицешампион и убедлив лидер во домашното првенство и си ја подотвори вратата за историски успех, откако го направи најголемото изненадување во Европа завчеравечер. По ова, со реми, па дури и со пораз од 0-1, в среда, во Скопје, црвено-црните ќе се пласираат во третото коло, каде што би играле со Спарта Прага (Чешка). Тоа досега не и успеало на ниту една екипа од Македонија. Победникот од тој дуел ќе игра во ЛШ, а поразениот продолжува во Купот на УЕФА. Со победата, Вардар ја изненади руската, европската и добар дел од македонската јавност. И самите играчи беа затечени. Некои од нив пред средбата во шега велеа: "Со 0-5 ќе бидеме задоволни" или "Ако ја прикажеме нашата игра - немаме што да бараме". Тренерот Зоран Стратев рече, "да дадеме еден, а да не примиме повеќе од три", иако рече и дека се е можно, надевајќи се на "саутемтпонски 2-2". Сега сето тоа е минато и оптимизмот влезе на голема врата во клубот од Градскиот парк, кој со вкупна победа над ЦСКА ќе излезе од евроанонимноста, ќе си го наполни буџетот и дефинитивно ќе може да оствари солидни трансфери во странство на своите ѕвезди. Во првото полувреме, според извештаите на Македонското радио, ЦСКА имаше иницијатива, а врв беа ударите на Јиржи Јарошик и на Игор Јановски, кои ја погодија стативата на голот на Муарем Зекир. Во вториот дел, сликата се измени, а Вардар до убедлива предност стигна со головите на Влатко Грозданоски во 54. минута, кога го помина и 17-годишниот голман Акинфеев и на Дош Сантош Вандеир во 64. минута, по одличната акција на скопјани. - Игравме лошо, но се надевам дека во реваншот ќе биде подобро. Се уште можеме да се пласираме во 3. коло - рече тренерот на ЦСКА, Валериј Газаев. Кормиларот на Вардар Стратев вели дека повеќе внимание и посветил на одбраната. - Сакавме да ги загрозиме со контранапади и имавме среќа што постигнавме два гола од три шанси. Знаевме дека ЦСКА е силен тим и затоа ја поставив таа тактика. Сепак, таква игра нема двапати да даде плод. Ќе имаме екстремно тежок меч в среда, бидејќи овој резултат не гарантира ништо - рече Стратев. Некои од руските медиуми за најдобар играч на натпреварот го прогласија Влатко Грозданоски, а други се одлучија за Нигериецот Чинеду Блесинг. Стрелци: 0-1 Грозданоски 54. минута, 0-2 Вандеир 64., 1-2 Кириченко 90. минута. Жолти картони: Кусов кај ЦСКА, а Захаревски и Зекир кај Вардар. Стадион на Динамо Москва. Гледачи: 12.000. Судија: Стефано Фарина (Италија). ЦСКА: Акинфеев - Шемберас, Шершун, Евсиков - Гусев, Рахимиќ, Лајзанс (од 58. минута Кусов), Јарошик, Јановски, Гониев (од 34. Кириченко) - Попов (од 78. Самодин). Тренер: Валериј Газаев. Вардар: Зекир - Веселиноски, Блесинг, Бранковиќ - Ристовски, Георгиевски (од 77. Божиновски), Гроздановски (од 85. Милевски), Захариевски, Ѓошевски - Трајчев, Вандеир (од 79. Оливеира). Тренер: Зоран Стратев. |
NARCIS` | Играчите ја величат тактиката на Стратев За добриот резултат на Вардар самите играчи целата заслуга му ја даваат на тренерот Зоран Стратев. Тоа се гледа од изјавите на дел фудбалери во руските медиуми, каде што Влатко Грозданоски, меѓу другото, вели: "Тренерот не насочи кон победата, и покрај високата класа на противникот", а Дош Сантош Вандеир рекол: "Вардар победи благодарение на стриктната примена на тактиката на Стратев - прецизна одбрана и брзи контри". Никола Ѓошевски, пак, изјавил: "Тактички ја победивме ЦСКА. |
NARCIS` | Медиумите некоректни, новинарите Стратев го поздравија со аплауз Руските медиуми пред средбата не го третираа мечот како што му прилега на рангот на натпреварување, бидејќи немаше речиси никакви најави. Имаше потсмевливи написи за премијата од 1.000 евра за вардарци ако ја поминат ЦСКА, со наслов: "1.000 евра за главата на ЦСКА". По средбата како уште да не сфатиле што го снајде ЦСКА, па во извештаите пишуваат дека московјани загубиле од третокласен клуб. Сепак, за волја на вистината, тренерот Зоран Стратев на прес-конференцијата бил дочекан со аплауз од новинарите. |
deni | takovski : " sigurno odime vo vtoro kolo " lol so vakvi fushleri , fudbaleri so po dve levi noze belasica ke vodi teshka borba za opstanok , taka mi se chini da potsetime publikum - belasica 7:2 |
NARCIS` | ФУДБАЛ "Црвено-црните" пред ново чудо. Фудбалерите на нашиот шампион, Вардар, утре го играат веројатно најважниот клупски натпревар во поновата фудбалска историја на Македонија. Во Скопје доаѓа рускиот вицешампион, ЦСКА Москва, за реваншот од 2. квалификациско коло на Лигата на шампионите. Како што е познато, првиот меч во Москва заврши со изненадувачки 2:1 за "црвено-црните". Во меѓувреме, и двете екипи имаа по еден натпревар. Вардар во рамките на македонскиот куп убедливо го совлада Пролетер со 16:1, додека Русите, кои се и лидери во домашното првенство со седум бода предност пред второпласираниот Сатурн, одиграа само 1:1 на гости со шестопласираниот Шиник. Стрелец беше токму новото засилување, Ивица Олиќ, кој за среќа нема да има право на настап на "Градски", бидејќи неговиот трансфер од Динамо се случи доцна за да биде пријавен за двомечот со македонскиот претставник во ЛШ. Вардарци во пресрет на мечот се наоѓаат во вообичаениот карантин, додека руската експедиција доаѓа во Скопје денеска. Натпреварот ќе го води суска тројка од Шпанија, а главен судија ќе биде Виктор Хозе Есквинас Торес. Билетите ќе бидат пуштени во продажба денеска по цена 200 денари за Југ и 150 за Север. |
NARCIS` | Afera e ova so biletive na sever ke bide bez pari , koj saka neka dojde . |
Barneys | http://www.uefa.com/ The Vardar they come Wednesday, 06 August 2003 There were double-takes across Europe last Wednesday when F.Y.R. Macedonia's champions FK Vardar pulled off the shock of the UEFA Champions League season so far - winning 2-1 at Russian league leaders PFC CSKA Moskva in the second qualifying round. Brief history However, the club from the Macedonian capital Skopje still have the home, return leg to negotiate before they can celebrate a victory which would be the greatest in the brief footballing history of the former Yugoslav republic. Famous victory Until now, Vardar's best European performance came in 1985 when they reached the second round of the UEFA Cup after an away-goals win against Romania's FC Dinamo Bucuresti. With a side boasting the best Macedonian players of all time - Darko Pancev and Ilija Najdoski - it was a triumph to savour. Ominous statistic But since the country gained indepedence in 1992, footballers in F.Y.R. Macedonia have had little to shout about. No Macedonian club has got past the second qualifying round of the Champions League - a statistic which leaves Vardar with a date with destiny at the City stadium on Wednesday. Achievable goal "We are facing a great opponent who will be more determined than ever to reach the third round," said forward Srdjan Zaharievski. "Still, the motivation in our ranks is enormous. With the organisation we showed in Moscow and a bit of luck, we can get through." Midfield class Supporters will hope that in their young team, Vardar finally have the players to emulate the golden boys of the mid-1980s. Certainly, 20-year-old midfield player Vlatko Grozdanovski has oozed class since joining from FK Cementarnica 55 last winter. Shining performances His quality was evident when he scored twice against Turkey in UEFA EURO 2004™ qualifying matches, and he has now made his mark in Vardar's first qualifying round win against Wales' Barry Town AFC and the first leg against CSKA. Elsewhere, right-sided midfield player Daniel Djosevski is thriving at Vardar following an unsuccessful season with FC Spartak Moskva and is in contention for an international call-up. Foreign legion Foreign players have also excelled, with Nigerian defender Bless'ng Chinedu Anyanviu impressing since returning from a two-year loan at Cementarnica. Fresh from winning the 2002/03 Macedonian Cup with the same club, Brazilian striker Wandeir is also in form at Vardar, having scored against Barry and CSKA. Vasovski injured However, what has made Vardar's success all the more startling is that they are still without their best defender, Aleksandar Vasovski, who has watched from the sidelines as he recovers from a thigh injury. Vardar are likely to have to do without him on Wednesday too. Competent coach That they seem unconcerned at that prospect is tribute to coach Zoran Stratev. The 43-year-old, who boasts 15 years of coaching experience with FK Makedonija Skopje and Cementarnica, has brought flair and discipline to the squad since his arrival in July. 'Historic opportunity' And now Stratev wants to achieve success with his young team in Europe. "We have an historic opportunity," he said. "Despite the advantage we have from the first leg I expect an extraordinarily difficult match. CSKA are a very good team and they will surely try to make amends for their mistakes at home. Destiny calling "We have a 55 per cent chance to go through. But it's football and all calculations could prove to be wrong. All will be decided on Wednesday on the pitch." By Thursday morning, Stratev and his players could be national heroes. |
DJ_SHEMA | Moze li nekoj da mi ja napishe stnadardnata formacijata na vardar ? Dali Vardar igra 3-5-2, 4-4-2, 4-5-1 ili pak? ----------------Zekir ------Veselinivski Blesing Brankovich------- Ristovski Georgievski Grozdanovski, Zaharievski, Djoshevski -----------------Trajchev-------Vandeir ? |
DJ_SHEMA | Vardar - CSKA 1:1 Vardar odi vo treto kolo, kade igra so Sparta od Praga. |
NARCIS` | Вардароманија во Скопје Натпреварот од ЛШ помеѓу Вардар и ЦСКА Москва предизвика вистинска фудбалска треска во Скопје. Најзагреаните навивачи на нашиот шампион започнаа со славјето уште од раните утрински часови, а неколку часа пред мечот, со автомобили и накитени со знамиња продефилираа на плоштадот Македонија. Aj cestito treto kolo . |
ozonce | CHESTITKI!!! |
Filip VI Makedonski | FORZA VARDAR!!! |
ragazza | Vardar ale ale ale ale ... Sparta Prag here we come :) |
NARCIS` | Vo gosti kje ja igram X2 . |
n/a | Абе слушај ме мене играј фиксна 0, ке се каеш :o) |
GoDsHaNd | Na gosti 2, doma 1 100% dobivash:) |
n/a | Уште те лажат... [img]http://www.clan-snt.com/images/vardarlogo.jpg[/img] Во срце те носам, пејам за тебеее... Али сепак јас си стојам на моето :o) |
DJ_SHEMA | Ne se dobiva respekt vo Evropa so pobeda na nekoj si bez vrska protivnik. Najrealno da se gleda na rabotive Vardar ima odlichni igrachi koi se spremni da pruzat odlichni partii. Mislam deka se stekna dobro iskustvo vo Moska i vo Praga i mozebi ako se igra maksimalno koncentrirano da se izvadi povolen rezultat vo Rim. 0:0 1:0 1:1 2:1 2:2 3:2 Bi bile odlichni razultati. Imam chustvo deka Roma ima da dobie mnogu prijatno iznenaduvanje. |
n/a | Чул те господ [:D] |