Miss Internet
Miss Internet
Strelec Dali ima nekoj ideja kade moze da se najdat fotografii na Cvetanka Markovska od nejziniot nastap vo Bejrut? [img]http://www.lukaroski.com/temporary/mis_bikini.jpg[/img] МИС БИКИНИ 2003: ЦВЕТАНКА МАРКОВСКА Македонската Мис бикини 2003 , Цветанка Марковска, минатата недела се врати од светскиот избор за бикини девојка во Бејрут, и од таму ја донесе наградата Мис интернет. Ова е трета титула на дваесетгодишната велешанка во текот на нејзиниот вкупен манекенски стаж, седум месеци. Прва придружничка за мис на пролет, македонска мис бикини, и светска мис бикини интернет. Учествуваше и на годинешниов избор на Мис на Македонија за Мис на светот. - Во Бејрут заминав на одмор, раскажува Цветанка. Не се оптеретував со никаква титула. Сакав да ја видам таа земја, и покрај многуте подготовки, сакав повеќе да се прошетам и да се дружам. Многу сум среќна што ја добив токму оваа награда, зашто знам дека посетителите на интернет страната од цел свет гласале за мене. Не е опасно таму, има немири, ама нас времето ни беше постојано попополнето, па немавме кога да мислиме на било каква опасност. Луѓето се многу пријателски расположени и гостопримливи. Во Бејрут има што да се види. Иако останав без ветената сума, наградата од 3.000 долари, не се кајам што отидов. Мисот и првата придружничка требаше да добијат по 15.000 долари, но ништо и од тоа. Виновни сме и ние, што не побаравме да потпишеме никаков писмен договор, како гаранција дека ќе ни ги дадат парите. На крајот се извадија на многу смешен начин, не убедуваа нас дека погрешно сме разбрале. Рекоа дека 15.000 долари вредат вкупно сите награди, а не наградата за првите две убавици..." По Бејрут, Цветанка ја очекува избор на Мис глоуб во Турција, па одмор во Анталија, добиената награда од домашниот Мис бикини. Од есен, од модното студио "Црнокрак" за неа имаат многу планови, како една од најзафатените нивни модели. Затоа, шармантната бикини девојка ќе биде на релација Велес-Скопје-Битола, каде што е студент на педагошката академија.
BMF koj li ja plesna za titulata?[?][?][?]