Debarskite brakja vo akcija... |
Whitebaby |
ТРИЕСЕТ МАКЕДОНЦИ ИСПИЛЕ ЦИСТЕРНА ПИВО ЗА ШЕСТ ДЕНА
Триесет Македонци за само шест дена испиле два и пол тона турско пиво од марката "мармара", во хотелот "Рама-Кемер" во Кемер, Турција. Овој несекојдневен рекорд за рубриката "Верувале или не" не се должи на натпревар за некој трофеј или награда, туку Македонците аражманот, кој бил промотивен, во чија цена немало ограничување за пиењето и јадењето, си го сфатиле во буквална смисла, па јаделе и пиеле колку што можеле. Цехот за храната на хотелот за македонската тура не се знае, но за пивото е - една цистерна, велат во претставништвото на туристичката агенција "Билјана турс" во Скопје, преку која бил организиран аранжманот.
Целата група броела околу осумдесет души. Од нив 15 деца, а останатите биле мажи и жени.
Триесетината мажи жедта ја гаснеле со познатото пиво "мармара", пакувано во шише од еден литар, со пет отсто алхохол. За шест дена испиле 2.500 шишиња. Интересно е што тоа количество газдарицата на хотелот планирала да го потроши од 23 јули кога бил промовиран хотелот до крајот на септември кога завршува сезоаната. Но, по шест дена пивото било цело потрошено, па газдарицата морала да набави нови количини пиво на точење.
Осумдесетина туристи од Македонија, на одмор во Кемер, Турција отишле преку турската агенција "Билјана турс". Целиот аражман чинел 409 евра за 14 дена. Хотелот бил нов и располагал со 40 соби. Во него биле сместени само македонските туристи.
Бидејќи не и излегувал есапот, таа почнала да штеди на храна. Таа се тешела дека причина за пиењето на големото количество пиво била скапата цена на пивото во градот. Тоа таму чинело 2,5 евра.
Сопственичката седнала да прави есап бидејќи ја интересирало како Македонците успеале за шест дена да потрошат 2,5 тони пиво. Пресметката и покажала дека ако пиво пиеле сите мажи и жени, требало да пијат днево секој по седум литри. Ако пиеле само мажите, кои биле околу триесетина, секој од нив требало да испие 15 литри пиво дневно. Таа не открила што точно се случило со пивото. Но извлекла поука, па за наредната тура ги преполовила собите наменети за туристи од Македонија. Втората тура, како што дознаваме, била пополнета со роднини и пријатели на рекордерите во пиењето пиво. За ваквата своја одлука газдарицата ја известила и агенција "Билјана турс".
Газдарицата го намалила бројот на собите, плашејќи се дека и овие туристи кои биле роднини и пријатели на љубителите на пиво од првата тура ќе и го сотрат и друго пиво предвреме. Иако газдарицата се пожалила дека било испиено многу пиво, гостите биле презадоволни од нејзиното однесување и ја испофалиле кај своите најблиски дека услугата, јадењето и приемот биле на високо ниво. (Г.Т.)
Makedonska rabota... [:D][:D][:D] |
Whitebaby |
МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ja ОТКРИВААТ ТАЈНАТА
Во Кемер удривме на пиво од чемер
Навистина пиевме, ама не бевме задоволни од услугите, а освен тоа пиво можевме да консумираме само од 10 часот до 23 часот, се жалат туристите
Со пиење рекордни два и пол тони пиво во турското летувалиште Кемер, македонските туристи го искажувале незадоволството од понудените услуги во хотелот и од неисполнетите ветувања, изјавија вчера неколку наши летувалци кои престојувале во хотелот "Рама-Кемер".
- Не го добивме она што го очекувавме. Точно е дека летувањето беше по прифатлива цена за услугите од тој тип аранжман, но ние сепак очекувавме повеќе. Не бевме задоволни од храната, локацијата на хотелот, превозот до плажата, термините за јадењата и од другите услуги.
Луѓето тогаш решија барем да "компензираат" со пивото - раскажува еден од гостите кој завчера се вратил од одморот во Кемер.
"Дневник" вчера објави дека група македонски туристи за само шест дена испила два и пол тони турско пиво "мармара", во рамките на аранжманот по принципот "се е вклучено", а кој ги чинел 409 евра по човек. Според процените, триесетина туристи во просек пиеле по околу 15 литри од оваа пиво, со што целосно ги потрошиле хотелските залихи на пивото планирани да траат до крајот на септември. Тоа ја принудило сопственичката на хотелот да им ги намали количества на храната во трите оброци што им следувале.
Во туристичката агенција "Биљана-турс", преку која се реализира овој аранжман, вчера изјавија дека никој не сака да прави случај од овој настан, туку го сметаат само како туристички куриозитет.
- Македонските туристи ги освоиле сите симпатии во Кемер. Откако испиле толку пиво, тие станаа познати во летувалиштето по својот рекорд. Нам тоа воопшто не ни пречеше, бидејќи имаме убаво искуство со нив - велат во агенцијата.
Македонските туристи велат дека најнезадоволни биле од квалитетот и времето во кое биле сервирани оброците.
- Првите пет дена ни се даваше да јадеме само ориз и по парче месо. Потоа малку ја подобрија храната, но за јадење имавме само нешто повеќе од саат време. Соковите што ни се нудеа беа на растворање, при што се користеше водата од локалниот водовод која не е со најдобар квалитет. Плажата беше премногу оддалечена, комби-превозот беше недоволен за наши потреби, а во собите ги немаше ветени телевизори и ЦД-плеери - раскажува вели летувалец од Штип.
Турист од Скопје вели дека надлежните во агенцијата сепак морале да ги информираат за тоа што се ќе добијат за 409 евра колку што платиле за аранжманот.
- Услугите беа лоши. Освен тоа, пиво и пијалаци можевме да консумираме само во периодот од 10 часот до 23 часот, а тоа беше недоволно - вели тој.
Ah sirotite... od maka piele [:D][:D][:D] |
NARCIS` |
Abe nasive snemale pari , edna krigla pivo u Turcija kosta 2,5 evra i Makedonce ko Makedonce :) zasto da pllajka koga ima gaga :)))))) |