OooOo |
prevzemeno od vest
Интернет клубовите се се, само не Интернет клубови
Интернет клубовите се локали што не се угостителски места и затоа немаат забрана за 24-часовно работење. Всушност, законска рамка за таа дејност и не постои, ги регистрираат како забавни игри или, најчесто, како канцеларии за компјутерски игри. Политиката на државата во почетокот беше наклонета кон нонстоп работното време на Интернет клубовите, со оглед дека таму младата популација може да се едуцира и да напредува, а не да виси по кафеани и да се уништува себеси. Но, во пракса, Интернет клубовите се се, освен Интернет клубови. Благодарние на неограниченото работно време (за разлика од другите места за забава), тие се претворени во угостителски објекти, диви коцкарници, места каде што се дистрибуираат најчесто лесни дроги и места каде што во утринските часови драстично се нарушуваат јавниот ред и мир од деца и младинци, кои доста често се под дејство на алкохол или опојни дроги. Таму се играат компјутерски игри на мрежно поврзани компјутери. Најчесто тоа се игри со насилна содржина - симулации на борби со ножеви и сл. кои во некои земји се забранети затоа што во Германија малолетник уби 16 деца во едно училиште, а истрагата подоцна утврди дека бил под влијание на тие мрежни агресивни игри. Притоа се слуша такво врескање какво што не можете да си го замислите. Јас сум сведок дека тоа го прават деца и од 10 години во 3 часот наутро, што не е нормално, нели?
Поводот за моето обраќање до вас е затоа што враќајќи се дома од излегување (во мојата зграда има Интернет кафе) во 1 часот по полноќ, налетав на група од тројца многу млади луѓе коишто излегоа од клубот, пушеа џоинт и им се придружија на друга група деца коишто пиеја пиво и беа алкохолизирани. Седеа на мали пластични столчиња пред Интеренет клубот, а од локалот се слушаа такви вресоци, што се исплашив. Истата таа слика често е и во 7 часот наутро, на пример. Истите млади луѓе, пијанчење, и тоа најлегално. Ниту МВР може нешто да стори, ниту Државниот пазарен инспекторат, ниту кој било, од едноставна причина што нема закон за таа дејност - нема забрани и нема ограничувања - едноставно, забава до бесвест. Можете да претпоставите како живеат граѓаните во близина на тие локали, а ситуацијата е се полоша бидејќи тоа се единствените места што работат цела ноќ.
Верувајте дека на многу места состојбата е критична, а обичните сурфери на мрежа се повлекуваат во малкуте пристојни клубови во градот.
Решението е да се ограничат со работа до 24 часот, да се донесе закон за таа дејност, да се пратат децата дома на спиење и да се забранат агресивните игри за деца помали од 18 години. Доколку не ми верувате мене - обратете се до МВР 92, Пазарната инспекција, Министерството за труд и социјални работи, па ќе видите поединечно што се случува во тие места. Ах, да, обратете се и во одделот за недозволена трговија со наркотици при МВР.
Името познато на Редакцијата
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=65270&idg=4&idb=932&rubrika=Po%7Bta
Кај сте господа родители
Повод: Текстот "Интернет клубовите се се, само не Интернет клубови" ВЕСТ 15.08.2003.
Почитуван господине "Името познато на редакцијата". Би сакал да ве информирам за неколку битни работи во врска со работењето на Интернет клубовите за кое пишувате во вашиот текст.
Изнесени се многу генерализации и паушални видувања на нешто што вие само однадвор го гледате, што не ви пречи да предлагате "решенија" како врвен стручњак во споменатата област. Еве какви се работите во стварноста.
1. Интернет клубовите се "локали кои што не се угостителски места", затоа што не ја вршат дејноста угостителство. Тоа во превод значи дека Интернет клубовите НЕ СМЕАТ да им точат алкохол на своите муштерии. Доколку го прават тоа, тогаш буквално спаѓаат во категоријата угостителство и за нив следствено важат истите закони како и за кој било друг угостителски објект.
Интернет клубовите работат 24 часа од неколку причини:
- Свртете до Телеком и прашајте колку чини интернетот пред 00.00 часот.
- Не смеат да примаат малолетни лица по 00.00 часот (затоа што со закон е казниво малолетните лица да бидат и на улица по 00.00 часот, а камоли во Интернет кафе).
Значи, "пијанчењето" , "дрогирањето" и сл. во Интернет клуб не е најлегално - туку напротив.
2. Во врска со "врескањето" што се слуша од Интернет клубовите.
Дали сопственикот или вработените во Интернет клубот треба да го научат вашето дете како да се однесува или тоа треба вие дома да го направите. Ако вие го научите вашето дете дека не треба да вреска кога ке оди во Интернет клуб, се ке биде во ред.
3. Замислете колку е интересно секоја вечер во 00.00 часот буквално да ги бркате од Интернет клуб малолетниците (казните за присуство на малолетни лица во Интернет клуб по 00.00 часот се не високи - туку огромни) , а тие да ви "висат" пред врата со шишиња алкохол, купени од најблиската продавница. И, нормално, да шетаат по улици до 2-3 саатот оти полицијата најчесто "не ги гледа" по принципот - овој е на оној. Зошто, господа родители, не им кажете на вашите малолетни деца да се вратат дома до 00.00 часот. Лично гледам секоја вечер малолетни деца како шетаат по улица до сабајле или седат по паркови со алкохол и цигари во рака. Каде сте, господа родители, да ги спречите вашите малолетни деца да шетаат по 00.00 часот, наместо да пишувате текстови за забрана на работата на Интернет клубовите. Ние ли треба да ви ги воспитуваме децата.
4. Единствено нешто со што целосно се согласувам е дека не постои законска регулатива за Интернет клубовите и дека треба да се донесе, и тоа согласно со европските норми.
Во Европа работите изгледаат вака:
За некои 20 евра добивате цел месец Интернет 24 часа дневно. А за чудо, 1 час Интернет во Интернет клуб чини од 3 до 5 евра. Прашајте колку чини еден час Интернет пред 00.00 часот во Македонија, и колкава е цената на 1 час Интернет во Интернет клубовите.
Никаде во Европа Интернет клубовите не плаќаат данок на држвата (во некои држави како, на пример, Малта - државата им плаќа на сопствениците на ваквите клубови некоја сума од 100 евра месечно по компјутер - со цел да го следат развојот на компјутерската техника).
Ограничувањето на работното време на Интернет клубовите до 00.00 часот ке значи целосно замирање на сурфањето во Македонија.
Во врска со играњето "агресивни мрежни игри". Тука завлегуваме во една друга димензија која се однесува на легализирање на софтверот. Некаде 95% од софтверот што се користи во Македонија е пиратски ( и нашата влада работи на пиратски софтвер). Ова донекаде има свое оправдување во нискиот стандард во нашата држава. Доколку треба да се платат авторски права за целиот софтвер што функционира во Македонија, верувајте дека сите компјутери уште ќе ни беа на ЊИН95. ЊИНЏП ќе го гледавме само на слика.
Да заклучам: Мислам дека е многу подобро младите да седат во Интернет клубови, да пијат сок, да сурфаат, па макар и да врескаат играјќи мрежни игри (секојдневната стварност во Македонија е многу посурова од насилството во игрите) отколку да бидат на , на пример, на кое било друго место.
Сопственик на Интернет клуб,
името познато на Редакцијата
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=65368&idg=4&idb=934&rubrika=Po%7Bta
|