GN na Budimpesta
GN na Budimpesta
Cyber-Man БУДИМПЕШТА - Фернандо Алонсо (22) ја оствари првата победа во Формула 1, во најдобар можен стил оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе, а притоа престигнувајќи го Михаел Шумахер за цел круг. Првиот возач на Рено стана најмладиот победник на една Ф-1 трка и прв Шпанец со гран при триумф во своето досие. Тој водеше од стартот до целта, не компромизирајќи со перформансите и носејќи му ја првата победа на тимот на Рено откако лани направија кам бек со сопствена фабричка екипа. Дополнително, резултатите од трката внесоа драматика во класификацијата на возачите кои се борат за титула, откако другите две места на пиедесталот им припаднаа на Раиконен и Монтоја. Трката ја поведе Алонсо од пол позицијата, Вебер своето трето место го претвори во второ пред Раиконен и Трули, а меѓу најдобрите стартери беше и Михаел Шумахер кој од осмата позиција успеа да ги престигне двата болида на БМВ Вилијамс. Германецот се најде зад вториот возач на Вест Мекларен Мерцедес, Култхард и поради наметнатото побавно темпо при првото менување во боксот загуби една позиција по што Монтоја го престигна, но за разлика од нив Култхард беше уште побавен па се најде на опашката. За првите десет круга Алонсо веќе направи 20 секунди предност што му овозможи по првата посета на механичарите комотно да се врати на лидерската позиција. Вебер во боксот беше престигнат од Раиконен, по што Финецот извозе мирна соло трка на второто место, далеку зад Алонсо и далеку пред Вебер. Зад нив се одвиваше драма: Ралф во директен дуел го престигна постариот брат Михаел, а Монтоја чекаше до вториот пит стоп на Трули за да избие на четврто место, по што извозе најбрз кругови и откако ги посети механичарите по втор пат, чекаше конкурентите да го направат второто застанување и излезе на третото место. Култхард и Шумахер беа на стратегија со два пит стопа, поради што второто застанување кај механичарите им траеше подолго. Сепак, Шкотланѓанецот успеа да си ја врати загубената позиција и излезе како седми, пред Шумахер, со шестмината возачи пред нив на стратегија со три пит стопа. Поради малата разлика, беше јасно дека Трули и Вебер ќе ги загубат своите позиции со третото застанување. Одеднаш, Шумахер непланирано и ненадејно ги посети механичарите за да ги смени пневматиците бидејќи не успеа да издржи со вториот сет на гуми и падна на осмата позиција. Алонсо во меѓувреме рутинирано, со манири на велемајстор безгрешно ја извозе делницата и речиси стигна да го заобиколи возачот на Ферари за цел круг. Доколку Баричело, кој излета при експлозија на гума додека беше петти, останеше во трка, Шумахер можеше да остане без бодови. Десетте бодови нема да се одразат премногу на салдото на Алонсо, но со осумте поени Раиконен сега е само два бода зад Шумахер, а еден зад Монтоја на второто место. БМВ Вилијамс со четрвтата позиција на крајот за Ралф Шумахер успеа да го преземе водството во генералниот пласман кај конструкторите.
DJ_SHEMA Ne ja gledav trkata, ama milo mi e shto alonso pobedil. Mnogu dobro vozi ovaa godina i izgleda deka kje ima bleskava kariera vo F1. Kladete se na Montoja za titula dodeka ne e kasno. Juan Pablo Montoya!
devil
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
quote:
Originally posted by devil
RAIKKONEN![:D] U kilo krf se kladam [8D]
Proshliot pat koga se kladeshe dobi petka so kromid.
[:D] Toa bese drugo..ova sum 100% siguren :)
devil RAIKKONEN![:D] U kilo krf se kladam [8D]
NARCIS` i jas daam kilo :)
DJ_SHEMA
quote:
Originally posted by devil
RAIKKONEN![:D] U kilo krf se kladam [8D]
Proshliot pat koga se kladeshe dobi petka so kromid.
sapeski devil, каде се наоѓа најблиската Трансфузиологија? [8D]
slasa
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
Ne ja gledav trkata, ama milo mi e shto alonso pobedil. Mnogu dobro vozi ovaa godina i izgleda deka kje ima bleskava kariera vo F1. Kladete se na Montoja za titula dodeka ne e kasno. Juan Pablo Montoya!
shema e gledav vo zivo bev tamu i se slozvam so tebe
dzadzev
quote:
Originally posted by slasa
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
Ne ja gledav trkata, ama milo mi e shto alonso pobedil. Mnogu dobro vozi ovaa godina i izgleda deka kje ima bleskava kariera vo F1. Kladete se na Montoja za titula dodeka ne e kasno. Juan Pablo Montoya!
shema e gledav vo zivo bev tamu i se slozvam so tebe
Монтоја ? титула ? ... во заблуда сте. Инаку секој ден е отворен црвен крст за кандидатите што решија доброволно да дадат крв ... нема да им треба трансфузиологија :)))
StormAngel Bolidite letaat nekogas epten i zabeguvaat u zelenoto,ama ne znam na vas sto vi e?:)))) Ozbilni ste? Montoja,Raikkonen,Button a i drugite moze samo voda da mu nosat na shefot. Baska toa ima i 17 sata do trkata,:)))))) Pocekajte i docekajte.[^] Go Schumi!
StormAngel Kvalifikaciite za utresnoto grand pri. 2004 Hungarian Grand Prix Pos No Driver Team Laps Time/Retired Grid Points 1 1 Michael Schumacher Ferrari 1:19.146 2 2 Rubens Barrichello Ferrari 1:19.323 3 10 Takuma Sato BAR-Honda 1:19.693 4 9 Jenson Button BAR-Honda 1:19.700 5 8 Fernando Alonso Renault 1:19.996 6 4 Antonio Pizzonia Williams-BMW 1:20.170 7 3 Juan Pablo Montoya Williams-BMW 1:20.199 8 11 Giancarlo Fisichella Sauber-Petronas 1:20.324 9 7 Jarno Trulli Renault 1:20.411 10 6 Kimi Rдikkцnen McLaren-Mercedes 1:20.570 11 14 Mark Webber Jaguar-Cosworth 1:20.730 12 5 David Coulthard McLaren-Mercedes 1:20.897 13 17 Olivier Panis Toyota 1:21.068 14 15 Christian Klien Jaguar-Cosworth 1:21.118 15 16 Ricardo Zonta Toyota 1:21.135 16 18 Nick Heidfeld Jordan-Ford 1:22.180 17 19 Giorgio Pantano Jordan-Ford 1:22.356 18 21 Zsolt Baumgartner Minardi-Cosworth 1:24.329 19 20 Gianmaria Bruni Minardi-Cosworth 1:24.679 20 12 Felipe Massa Sauber-Petronas
StormAngel Ili jas sum u zabluda ili toj sto ja postiral ovaa vest ne znae deka sme 2004.Kako i da e,momentalnata tabela e vakva po redosled: Formula 1 M.Schumacher 110 Barrichello 74 Button 61 Trulli 46 Alonso 39 Montoya 33 Coulthard 19 Rдikkцnen 18 Sato 15 Fisichella 13 R.Schumacher 12 Webber 7 Massa 5 Panis 5 Da Matta 3 Heidfeld 3 Pizzonia 2 Glock 2 Baumgartner 1 Nekoj gadno zaebal nesto tuka na ovoj topic.[:D] A krivi se slasa i dzadzev,im teknuva posle godina dena da pisuvaat i komentiraat na ist topic.C c c.
dzadzev хахахахахах slasa е крив ... ме навлече ... не ни видов дека е старо ова :))))))
slasa Dzadzev i sega e gledav vo zivo ,, ali povejke ne e interesno cim e F1 = mich.Sum . ne treba povejke ni da se gleda