Napnata situacija |
Strelec |
КОМАНДАНТ ЧАКАЛА КИДНАПИРА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ
Авдиљ Јакупи, попознат како командант Чакала, киднапирал денеска двајца припадници на македонското Министерство за внатрешни работи. Ова попладнево го потврди советникот за односи со јавноста во МВР Мирјана Контевска.
Двајца припадници на МВР, еден од македонска и еден од албанска националност, се киднапирани денеска околу 12.00 часот во дива населба во близина на Куманово, од страна на Авдуљ Јакупи, соопшти Контевска. За ослободување на киднапираните, командант Чакала, како што соопшти Контевска, бара ослободување на едно лице, против кое е во тек судска постапка за сторени кривични дела. Контевска нагласи дека МВР нема да преговара за размена со Чакала, на кого му е даден рок до денеска во 17.00 часот да ги ослободи полицајците и заедно со нив да им се предаде на македонските безбедносни органи.
"Повторувам, нашето барање до Чакала не е само да ги ослободи полицајците туку и тој лично да им се предаде на македонските безбедносни органи", изјави Контевска. Во случај командант Чакала да не го испочитува поставениот рок, Контевска информираше дека МВР ќе преземе соодветни мерки за негово апсење и за ослободување на киднапираните полицајци. Поранешниот припадник на Ослободителната национална армија (ОНА) се претставува како командант на таканаречената Албанска национална армија (АНА).
Јакупи, во изјава за радиото Слободна Европа го призна делото тврдејќи дека двајцата полицајци кои биле во цивил пукале врз него по што тој заедно со неговите другари ги совладале, им ги одзеле пиштолите и ги уапсиле. Чакала рече дека им дал рок на македонските власти до петок во 20 часот да го ослободат лицето Авни Ајети, обвинет за поставување бомби во Куманово, по што киднапираните полицајци ќе бидат пуштени. "Во спротивно, јас ќе ја активирам поранешната ОНА. АНА не е одговорна за нападот врз караулата Гошинце, туку јас лично го сторив тоа", изјави Чакала за радио Слободна Европа.
МВР ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ И АПСЕЊЕ НА ЧАКАЛА
Македонската полиција вечерва ја започна акцијата за ослободување на двајцата киднапирани полицајци и апсење на нивниот киднапер Авдуљ Јакупи, познат како командант Чакала, јавува Макфакс, повикувајќи се на полициски извори. Чакала денеска на пладне во дива населба во Куманово, киднапираше двајца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), еден албанец и еден Македонец. Тој за нивно ослободување бара МВР да ослободи две лица, против кои се водат истражни и судски постапки.
МВР на Чакала му даде рок до 17.00 часот денеска да ги ослободи киднапираните полицајци и самиот да им се предаде на безбедносните органи. Исто така, МВР попладнево упати апел до месното население во кој се наведува дека акцијата има за цел" единствено ослободување на полицајците и апсење на Авдуљ јакупи и оти таа не е насочена против локалното население.
Советникот за односи со јавноста во МВР Мирјана Контевска во изјава за електронските медиуми одби да ја соопшти локацијата на која се изведува операцијата, поради безбедносни причини.
Командантот Чакала во телефонска изјава за електронските медиуми рече дека киднапираните полицајци од Куманово се пренесени во регионот на Танушевци, а според некои информации што ги објавија медиумите можно е полицајците да се наоѓаа во кумановскиот регион. Акцијата на безбедносните органи започна нешто по 19.30 часот.
ОСЛОБОДЕНИ КИДНАПИРАНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ
Македонската полиција вечерва ги ослободи двајцата полицајци, кои беа киднапирани денеска на пладне од страна на Авдиљ Јакупи, алиас командант Чакала. Советникот за односи со јавноста во Министерството за внатрешни работи (МВР).Мирјана Контевска изјави за Макфакс дека двајцата полицајци, по поставениот ултиматум и преземените соодветни активности, се ослободени и се на пат кон МВР. Во акцијата за нивно ослободување немало повредени, информираше Контевска, изразувајќи благодарност на месното население од регионот каде е извршена операцијата за нивната кооперативност.
Во врска со здравствената состојба на двајцата полицајци, се очекува тие најпрвин да стасаат во МВР, по што ќе им биде извршен лекарски преглед.
Полициски извори соопштија дека операцијата за апсење на Чакала продолжува, не наведувајќи на која локација таа се одвива, поради безбедносни причини./
Modoficirani tekstovi od MakFax
|
Whitebaby |
Wild Wild West rabotava u Makedonija... si igraat kaubojci i indijanci. Uf poarno da ne pochnuvam zosho ke se zaboraam pishuvajki... se nadevam deka dvajcata policajci se dobro. |
AaaAa |
POliticki poeni se gonat... MVR prai rshum , a Cakala na televizija uz pat im kazuva kaj se policajcite... "sum gi tepal sum gi tepal , ne tolku mnogu kolku shto vie mislite , ali sum gi tepal" top lista nadrealista ne bea tolku inventivni LOOOOOOOOL |
didy |
Во прашање е демонстрација на сила, или ние сме главните.
Многу лесно и остварливо во една балканска држава каде има една младина која цела ноќ пие, а дење спие и се разбира не му ја мисли за ништо-Киднапирање? Па тоа го гледаат секој ден на ТВ
Дали е реалност или сон многу не се разликува во мамурлукот. |
slasa |
quote: Originally posted by Whitebaby
Wild Wild West rabotava u Makedonija... si igraat kaubojci i indijanci. Uf poarno da ne pochnuvam zosho ke se zaboraam pishuvajki... se nadevam deka dvajcata policajci se dobro.
Belo devojce ke igraat koga Makedoncite se idioti |
ozonce |
slasa toa e nekoj vid na igra so momi?:))) |
Strelec |
Komentar od Skopski Dnevnik
Чакала не спасува од капитулантската стратегија
Самопрогласениот командант Чакала вчера попладне зароби двајца македонски полицајци и порача дека ќе ги ослободи само ако биде пуштен од притвор кумановскиот бомбаш. Со тоа бандитот од Арачиново ја отслика досегашната капитулантска стратегија со која македонската влада парираше на сите закани врз безбедноста на земјава и на граѓаните. Конечно, и власта се сепна, па на Чакала му го испрати долгоочекуваниот одговор - да се пресмета со него и со неговите истомисленици.
Може ли некој да ја види и да ја разбере смислата на владината стратегија на отворените напади врз легитимни државни институции и органи и на тортурата што вооружени банди ја спроведуваат катадневно врз недолжни граѓани? Како да се објасни тоа што не постои, освен ако токму неправењето ништо не е самата стратегија, која логицира вака: тие групации самите постепено да ослабнат и да се распаднат и Македонија да се раатиса од нив.
Албанската национална армија (АНА) со минофрлачи ги бие караулите на македонската армија на границата со Србија и Црна Гора, ја презема одговорноста за тоа, ги кажува мотивите и целите, а извршната власт не презема никаква акција за да се спротивстави на нападите. Тоа што некогаш требаше да се открива денес АНА сама го покажува: "Да ја ослаби македонската армија и да ја принуди да се повлече од реоните населени со Албанци, зашто не ги признава апсурдните граници што ги разделуваат Албанците. Затоа прави постојани напори да ги пробие тие граници, се до повторното обединување на Албанците во една етничка држава". Треба ли со тенкови да тргнат групациите на АНА за нашите власти да ја согледаат опасноста и да ги размрдаат безбедносни сили? Се што направи Владата по гранатирањето на караулата Гошинце е оцената со која се огласи нејзиниот портпарол: "Нападот врз караулата е мошне сериозен инцидент, кој има цел да ги крене тензиите, особено во тој регион од земјава", рече Сашо Чолаковски по владината седница. Ниту збор за тоа дали одбранбените и безбедносните сили презеле или ќе преземат нешто.
Министерот за одбрана Владо Бучковски ја утеши нацијата од Полска: "Нема да не заплашат албанските екстремисти, кои настојуваат за себе да изнудат најкорисни решенија за идниот статус на Косово".
Во ред, министре, можеби Вие не се плашите. Вас Ве чуваат телохранители, кабинетот Ви има силно обезбедување, а таму каде што се движите обично не доаѓаат луѓе со минофрлачи. Но, граѓаните не се спокојни за својата и за безбедноста на земјава, а може да се претпостави што размислуваат македонските граничари на тој дел од земјава додека се гранатирани од Косово или од македонски села што сега никој не ги контролира. Вие секој ден треба да си повторувате дека не сте избран за да не спокоите со својата безбедност, туку да се грижите за нашата безбедност.
Министерот за внатрешни работи Хари Костов на зачестените напади и грабежи што ги прават вооружени банди во северните делови на земјава даде отчет: "Поднесени се кривични пријави против сторители на такви дела". На тоа веројатно ќе заврши и последниот инцидент во Слупчане, кога поранешни команданти на ОНА со митралези ги избркале претставниците на мешаната полициска патрола, кои не сакајќи налетале на возило што пренесувало оружје кон Опае. Тоа, претпоставуваме, треба да го објасни и стравот на таксистите, кои се почесто страдаат од бандити и кои исцртаа забранети зони.
Кривична пријава, министре, може да поднесе секој граѓанин на оваа земја. Полицијата треба да прави нешто друго - да ги приведе или да ги уапси тие што ги тероризираат граѓаните. Ако не можете да го направите тоа затоа што многу држите до правото, редот и поредокот, како ќе го објасните тоа што не чекавте ниту еден ден за да ги приведете вмровците, кои потоа по неколку месеци чмаеја во притвор?
Никогаш македонскиот и албанскиот политички фактор во земјава не биле толку единствени во однос на тоа какво решение треба да се спроведе спрема бандите - од Арачиново до најсеверната точка на границата. Дури и ДУИ, партнерот во власта на СДСМ и на ЛДП, нема ништо против акција на безбедносните сили против сите оние што ги загрозуваат мирот и безбедноста. Доколку Владата има намера да расчисти со оружените групации што ја загрозуваат безбедноста на земјата и на граѓаните, тоа треба да го направи денес, додека тие се изолирани поединци или групи и додека немаат поддршка меѓу албанското население. Амбасадорот на НАТО во Македонија, Николас Бигман, многу јасно кажа што би направил кога би бил министер за внатрешни работи - би ги апсел тие што го тероризираат населението.
Затоа, министри, оставете им на хакерите нека ја проверуваат веродостојноста на сајтовите на кои се потпишува АНА, а вие подгответе се за акција. Така испланирана и организирана што ќе гарантира целосен успех. Не алиби - акција, по чиј евентуален неуспех ќе кажете дека сте биле принудени да ја преземете под притисок на јавноста, иако самите не сте биле убедени за нејзината целисходност. На располагање ви се разузнавачки служби, оружени формации, политичка поддршка.
Да не кобиме. Не чекајте да ви заробат војници и полицајци за да разберете дека времето не ви е сојузник.
Георги Барбаровски
|
AaaAa |
Cakala i takvitre ko nego ama ic ne se opasni, ali vo normalna zemja, vo ovakva ko nasava se i to kako opasni. Ocigledno se raboti za coek koj ima mnogu nizok prag na tolerantnost, inteligencija i strav, a pokazuva i blaga doza na rastrojstvo. Toa ne go pravi opasen vo sistem vo koj vladee zakonot i pravoto , sistem vo koj takvi lugje ne bi setale slobodno niz gradovite. Ali ko ke vidish deka takvi lugje ne samo shto setaat nego ni sedat i u vlada ( slicna doza na nizok prag na tolerancija i rastrojstvo pokazuvashe i nasiot ni bivsh premier, a i segasniot ni predsedatel koj tepa novinari u hrvatska) neznaesh dali da placesh ili da se smees. kamo srekja teroristite da bea od tipot na cakala, takvi se sreduvaat za 24 sata, ama nam tie ni begaat , dodeka bolnicite za psihicki rastroeni lica se polnat so bezdomnici , a mentalno poremeteni lugje ni ja vodat drzavata. Koj se prca so pistol na poklon , koj seta u civilka i se zamislja deka e car, koj jade pastramajlija u sred avgust... vrti sukaj neso e trulo, no ne samo vo niv, nego i nas samite... |
Strelec |
Nacionalniot front za obedinuvanje na albancite, pod cija zakrila dejstvuva ANA, denes naredi itna mobilizacija i razmestuvanje na nejzini priipadnici na poveke pozicii vo poveke pogranicni sela... kako sto se veli, "...poradi novonastanatata situacija"...
Na internet stranicata na ANA uste se veli deka naredbata ja izdal komandantot na Glavniot stab na ANA Vigan Gradica i deka seto toa pretpostavuva: "...premin vo voena sostojba za voenite edinici i na specijalnite edinici i stapuva vo sila vednas."
Do kade ke odi ova???
|
Strelec |
Macedonia: Gradica says ANA doesn’t want to make war but the war is inevitable
In an interview with Skopje’s Albanian-language weekly newspaper Lobi, the self-proclaimed chief of ANA staff, general Vigan Gradica, speak about the recent events in Macedonia and the platform of the Albanian National Army (ANA), which the UN mission in Kosovo (UNMIK) declared a terrorist organization.
“No nation wants to make war, neither ANA, however, the war is imposed. The war is imposed by the current colonization. As long as injustice is solved, as long as logic of wisdom prevails among our colonizers and the international factor, the war is inevitable,” Gradica told Lobi weekly.
Gradica added that apart from ANA, military structure run by the Front for National Uniting of Albanians (FNUA), no other organization operates on the terrain.
“There are no factions among ANA staff. ANA was made to implement the platform of the FNUA. This platform does not recognize the Ohrid Agreement, and it calls on Albanians to reject the colonial slavery and to unite both the territories and the population into one ethnic Albanian state. Military structures are deployed everywhere, in all invaded Albanian territories,” said Gradica.
He claims that armed clashes broke out recently between ANA and the Macedonian security forces in Kumanovo-Lipkovo region. “We responded to their provocative actions and they were given an order to back off.”
Gradica denies that Avdilj Jakupi Cakala is a representative of the so-called ‘True ANA’.
The self-proclaimed general reckons that Albanian political parties in Macedonia are long way off the spirit and vision of Albanian nation.
“It is high time to become responsible and desist from delusion on ‘multiethnicity’. Other men have already passed these roads, much cleverer. The outcome was bloody wars. The only solution is creation of one ethnic Albanian state in the Balkans,” said Gradica.
|
NARCIS` |
ebesh begas...to ti e tuka :) lug jebe zbunjenog... |