Vest
Vest
NARCIS` Анонимниот господин да се позанимава сам со себеси Повод "Интернет-клубовите се се, само не Интернет-клубови", "Вест" , 15 август 2003 година Иритиран од писмото во "Вест" од 15 август 2003 година, насловено "Интернет-клубовите се се, само не Интернет-клубови", го давам следниов демант: Лично го познавам човекот кој го има напишано натписот, бидејќи знам за кој објект се работи. Пред да се отвори тој Интернет-клуб, за кој анонимниот господин пишува, во тој ист објект мој многу близок роднина имаше отворено пицерија. Сакаше во нешто да инвестира и се одлучи за пицерија во која се служеше храна и безалкохолни пијалаци. Но што се случи: на истиот овој господин, на кого сега му пречи Интернет-клубот, а кој има стан во истата зграда, му пречеше миризбата од храната во пицеријата, му летале муви околу прозорците и терасата. Отиде дотаму што неколку пати физички се пресмета со сопственикот на пицеријата. Бидејќи има свои луѓе во полициската станица што ја наведува, со нивна помош го даде човекот на суд. Не можејќи да го поднесе сето ова, мојот роднина ја затвори пицеријата и замина во странство. Во непосредна близина на тој Интернет-клуб има мешовита продавница, и кога сопственикот сакаше да си постави светлечка реклама, овој господин со помош на неговите луѓе од министерствата - инспекциите не му дозволи да ја постави од причини што на рекламата ќе се собирале инсекти и тие ќе му пречеле во нормалната живејачка. Кога слушнав дека во објектот, кој долго време беше празен благодарение на овој анонимен господин, се отворил Интернет-клуб, од една страна ми беше мило, а од друга страна го жалев сопственикот, бидејќи знаев дека ќе ги има истите проблеми како мојот близок роднина. Кога го прочитав натписот, се распрашав за сопственикот на клубот и дознав дека тој човек ниту пуши, ниту пие, а најмалку се дрогира. Се заинтересирав и за неговото однесување и дознав дека има чисто минато, одличен студент е и чесен граѓанин. Ги прашав и луѓето од зградата за неговото однесување, и верувајте ми, никој не се пожали зашто е отворен Интернет-клуб во нивната зграда. Крајно време е овој анонимен господин да се позанимава со своето здравје, бидејќи неодамна станал и татко, па редно е тоа дете да расте покрај нормални родители. Никола Цветковски Скопје