Odbojka
Odbojka
AaaAa Abe gleda nekoj odbojka ili samo po fudbal se zanesuvate? Go gledashe nekoj evropskoto ili samo jas pizdev ?[:D]
AaaAa hmm srbite razocaraa ali sekoja ekipa si ima svoi padovi pa taka i tie, zaedno so rusite.Mislam deka olimpiskoto nema da im bega pak dogodina, t.e uzasno se nadevam , posto jas ko gi gledam tie gubat ;((( ( go propustiv i svetskiot kup i proslava olimpiajda :() jas sum bila kriva rekoa site okolu mene ;))) Za francuzite neznam shto da ti kazam , bea podobri od Yu i vo svetskiot kup, i do sea yugoslavija gi nemase pobedeno , bar ne na golem natprear. Sekogash bile megju najdobrite 4-5 i ne me iznenadija , me iznenadi shto izgubija od italija, mada ne ja gledav utakmicata posto ovde nikoj ne ja prenese. Me razocaraa i rusite. Mrazam ko gledam vrhunski ekipi ko shto se tie i yugoslavia da bidat volku premoreni ... izgubi prvenstvoto so toa mnogu. Ali aj ima i sleden pat ;) Ali nekoj drug pat. odbojkata bese pod nivo, toa me ispizde najvekje.
Strelec prijatno sum iznenaden od tvojot interes za odbojkata...:) mnogu ubav sport... a me cudi malku toa sto go kazuvas za francuzite... posto nemav vpecatok deka se kotirale tolku visoko vo izminatite godini... koga ke imam poveke vreme narednive denovi, bas ke se obidam da pronajdam na internet do kade stignuvale na izminatite prvenstva...
AaaAa Pa dobro francuzite ne se nekoj konstanten tim , t.e se nemaat konstantno kotirano visoko ( bar od ko jas sledam odbojka poslednive 10tina godini) ali znaat da iznenadat. Ne me iznenadija ova prvenstvo zemajki predvid deka na poslednoto svetsko bea treti , kade ja sovladaa i Yugoslavija vo grupata koja ko shto se znae na kraj zavrsi vtora. Ako bile treti u svet se ocekuvashe ovaa godina pak da dadat golem otpor iako jas ne ocekuvav da ja pobedat Yugoslavija. dadoa fantasticen otpor a malku kiksiraa i yugosite so e pravo pravo e. Francija ima jaki poedinci, i na prvenstvata nekako izdisuvaat brgu, posle 2ri set. Nekolkumina od niv igraat vo Italija, koja e najaka liga u svet, taka da imaat poedinci , malku se skrti grupno sto gi koci da bidat velesila ko shto se rusija i yu. Iznenaden...ok :) za mene ubedlivo najubav sport. Najdinamicen ( duri po dinamicen od fudbal), strasno bitna e timskava rabota, bez koja dobri poedinci mozat samo da brisat pod. Strasno cist sport, koj mu dava imidz na po sofisticiran. Bara ogromna koncentracija i inteligencija t.e procenka za koja nema mnogu vreme za razmisluvanje. Psihicki strasno stabilni lugje, temperamentni faci ne traat dolgo u odbojkata shto za mene mu dava posebna ubavina. Steta shto kaj nas mu zamre popularnosta, ali gledam vo posledno vreme rabotnicki se vrakja, iako i za negov uspeh ni treba malku podobro prvenstvo. Pred nekolku godini reprezentacijata pokaza mal uspeh, se sekjavam uspeavme vo strumica da zememe set na Jugoslavija shto e golem uspeh, ali posle toj kvalifikacionen ciklus zamre se, i nemase smena na generacii. treba da se zgolemi malku popularnosta na sportot kaj pomladite, bidejki e stvarno neshto preubavo za mladite. Ne e sklon mnogu na povedi ( sem nekoj skrsen prst) a i e mnogu po toleranten i smiren :)
a-pin-dim sepak ke zama deka moze da se kaze naj dobro evropsko pravesto za odbojka e bila ovaa godina drugno neznam :o)
StormAngel ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЖДРЕПКАТА ЗА 1. КОЛО ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП 'ВОЗЕН РЕД' ЗА КУПОТ Во просториите на ОФМ, денеска, со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1. коло во Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција. 12 екипи беа пријавени за настап во двете конкуренции, но останува на лице место да се види дали ќе има можеби уште некоја пријава во последен момент или можеби некое откажување од оние кои првично го потврдија својот годинешен настап во националниот Куп. 'Терминот за ждрепката останува. Тоа е настан кој мислам брзо ќе го завршиме и кој мора да го поминеме за да може да го одредиме натамошниот распоред на одбојкарските настани во календарот за пролетниот дел од сезоната. Сите се информирани и се надевам дека денеска ќе ја завршиме оваа работа и ќе ги имаме двојките за 1. коло и во двете конкуренции', вели комесарот Јосиф Василески. Во машка конкуренција за настап во националниот куп се пријавија 7 екипи, меѓу кои и екипата составена од Ветераните на ОФМ, која секоја година се појавува како учесник во куп-натпреварувањето. Покрај ветераните ќе се појават како учесници и екипите на Вардар О., Струмица, Работнички Ф., Лирија, лешок и Маслодајна К. Во женска конкуренција пет екипи довчера имаа пријавено настап во националниот Куп и тоа: Бами Кор, Борец, Работнички Ф., СЕЕ Универзити В. Ш. и Кометал Студент. 'Досега немаше најавено ниту едно можно откажување, па така се надевам дека ќе биде и на самата ждрепка. Разговарав со поголемиот дел од клубовите и досега никој не најавил можно откажување од куп-натпреварувањето', ни потврди Василески.
StormAngel МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА ВО 2003 ГОДИНА СО НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА КЛУПСКИ ПЛАН ИСТОРИСКО ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА РАБОТНИЧКИ Ф. 2003 година за македонската машка одбојка ќе биде запаметена по неколку настани. Работнички Ф. за првпат по осоамостојувањето ни овозможи да видиме една македонска одбојкарска екипа во едно големо четвртфинале, машката сениорска репрезнетација беше домаќин на турнир од А-квалификациите за ЕП, а ОФМ доби нов претседател. Од сите овие работи, се чини, онаа првата остава најголем впечаток. Јошко Миленковски и неговите избраници на стартот на годинава која изминува оставија зад себе трага која уште долго време ќе остане неизбришлива за многу македонски одбојкарски колективи. Тимот од Градскиот Парк во еминентната лига на најдобрите, како што го нарекуваат Топ-Тим купот, стигна до четвртфиналната пресметка, каде малку и со судиска помош за холандскиот Омниворлд, мораше да ги заврши настапите. 'Железничарите' евро-одисејата ја почнаа уште во квалификациските средби. Мораа да поминат на турнир во скопје против екипите на Напредак Оџак (БиХ), ЦСКА (Буг) и Полиурс (Лет) за да стигнат до фазата по групи, а таму вистинско шоу на новите македонсии херои, кои трипати до последно место ја наполнија салата во Градскиот парк и уште толку средби во гости ги оставија без здив сите вистински познавачи на одбојкарските прилики. Во конкуренција на сега веќе актуелниот германски шампион СЦЦ Берлин, унгарскиот првак Дунафер и холандскиот одбојкасрки гигант Пит Зоомерс, Работнички Ф. помалку и дрско се искачи на првото место на табелата убедливо обезбедувајќи си пласман во четвртфиналето на ова натпреварување, каде за противник ја доби екипата на Омниворлд. Втората холандска пречка очигледно беше многу потешко да се мине, па иако победивме и загубивме со ист резултат (3:1), петте поени минус на нашето конто беа пресудни. Сепак, Работнички Ф. остана голем и во поразот и покрај многуте притисоци кои ги направија противниците пред првиот, а особено пред реванш мечот во Холандија. Со ова Работнички Ф. стигна до најголемиот клупски успех на македонската одбојка, но за жал не успеа истиот да го кова и оваа евро-сезона, во која поради технички пропусти во ОФМ клубот беше дисквалификуван од Топ-Тим купот. Македонската сениорска репрезентација во машка конкуренција во 2003 го одигра и вториот квалификациски турнир од А-групата за пласман на ЕП 2003. За жал, не успеавме да извојуваме ниту една победа и моравме да се збогуваме со А-елитата. Сепак, за паметење останува гостувањето на една Шпанија, Словенија, Холандија во струмичката сала 'Парк', која како да беше домаќин на едно мини европско првенство. 2003-та ќе ја запаметиме и по новото претседателско име во ОФМ. Драги Давчевски дојде на местото на Милан Ставрев. Македонија повторно го имаше Работнички Ф. како освојувач на титулите и во машка и во женска конкуренција, а овие две екипи не останаа покуси ниту за купот. Едноставно, година во знакот на 'железничарите'. С. Кузмановски РАБОТНИЧКИ Ф. ВО ТОП-ТИМ КУПОТ Квалификации: Работнички Ф. - Напредак О. (БиХ) 3:0 Работнички Ф. - Полиурс (Лет) 3:0 Работнички Ф. - ЦСКА (Буг) 3:1 Фаза по групи: Работнички Ф. - СЦЦ Берлин (Гер) 3:0 / 3:2 Работнички Ф. - Дунафер (Унг) 3:1 / 3:0 Работнички Ф. - Пит Зоомерс (Хол) 0:3 / 3:2 1/4 финале: Работнички Ф. - Омниворлд (Хол) 3:1 / 1:3 МАКЕДОНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2003 ГРУПА 'А-3' Македонија - Шпанија 0:3 / 1:3 Македонија - Холандија 0:3 / 0:3 Македонија - Словенија 0:3 / 1:3 Pozdrav![:)]
Strelec
quote:
Originally posted by AaaAa ili samo jas pizdev ?[:D]
i jas se kurcev po malku...:))) interesno prvenstvo... najgolemo iznenaduvanje se francuzite... spored mene ni samite tie pred ova prvenstvo ne se nadevale deka mozat da igraat vo finale, pa duri i tamu da nemaat podredena uloga protiv azurite... steta za srbocrnogorcite... poslednive godini bea kontinuirano na vrvot, a sega ne osvoija nitu medal...
StormAngel ВО ЛАЈПЦИГ И БАКУ ТЕЧЕ ПОСЛЕДНАТА ЕВРОПСКА БИТКА ЗА МЕСТО НА ОИ ВО АТИНА ИТАЛИЈАНКИТЕ ВЛЕГОА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО Репрезентацијата на Италија во женска конкуренција е досега единствената селекција која си обезбеди место во полуфиналните натпревари на квалификациските турнири во Баку и Лајпциг, кои обезбедуваат место на ОИ во Атина. Имено, во групата 'Б' на турнирот во женска конкуренција кој се одржува во Азербејџан, Италија, во досега три одиграни средби има забележано две победи и еден пораз со што веќе се промовираше како репрезентација која оди во полуфиналето на женскиот турнир чекајќи само да се одиграат последните средби во оваа група и да се дознае името на вториот патник во полуфиналето, и тоа од селекциите на Бугарија и Турција. Во првата група во Баку, Русинките засега имаат најдобра пол-позиција, со по една победа и еден пораз, па ако успеат да победат во последниот меч во групата исто така ќе си обезбедат место во завршните квалификациски борби. На машкиот квалификациски турнир во Лајпциг досега ниту една репрезентација си го нема сигурно обезбедено своето учество го групата на четирите најдобри во овие квалификации. Во групата 'А' Германија, по стартниот успех над Бугарија и победата од 3:0, во второто коло неочекувано загуби од Полска со 3:2 и им даде шанса на Полјаците да се надеваат на место во завршните борби. Русија има една победа во групата, па во последните две средби исто така ќе се обиде да си избори место во полуфиналето на турнирот. Во групата 'Б' вистинско изненадување е Шпанија, која по поразот на стартот од Франција во вториот меч ја совлада Финска и си обезбеди позиција од која може да очекува место во четворката која ќе се бори за пласман во финалето. Шпанците во псоледниот меч ќе мора да ја минат Холандија, со која имаат одлично искуство до минатото. Во оваа група и Франција и Холандија подеднакво конкурираат за едно од двете места на врвот на табелата, но со мала предност се секако Фрацузите, кои во псоледното коло не би требало сериозно да се намачат со селекцијата на Финска. Според правилата на овој последен континентален квалификациски турнир, само најдобрите две селекции од секоја од групите одат во полуфиналните средби, а од таму, победниците одат во големото финале и борбата за едно единствено место кое води на ОИ во Атина. РЕЗУЛТАТИ: МАЖИ (ЛАЈПЦИГ) ГРУПА 'А' Бугарија - Германија 0:3 Бугарија - Русија 0:3 Полска - Германија 3:2 ТАБЕЛА: 1. Германија 3 2. Русија 2 3. Полска 2 4. Бугарија 2 ГРУПА 'Б' Шпанија - Франција 1:3 Холандија - Финска 3:0 Финска - Шпанија 2:3 ТАБЕЛА: 1. Шпанија 3 2. Холандија 2 3. Франција 2 4. Финска 2 ЖЕНИ (БАКУ) ГРУПА 'А' Русија - Азербејџан 3:1 Полска - Русија 3:1 Азербејџан - Германија 0:3 ТАБЕЛА: 1. Русија 3 2. Полска 2 3. Германија 2 4. Азербејџан 2 ГРУПА 'Б' Холандија - Бугарија 0:3 Италија - Турција 1:3 Италија - Холандија 3:0 Бугарија - Италија 1:3 ТАБЕЛА: 1. Италија 5 2. Бугарија 3 3. Турција 2 4. Холандија 2 Pozdrav![:)]