fio |
Пред точно една година се промени власта во Македонија. Шо добивме, а шо изгубивме ние како обични граѓани на оваа држава (читај протекторат) од таа промена.
Добивме владина коалиција со терористи.
Добивме повторно поскапување на телефон, на струја, на храна (со единствена даночна стапка за ДДВ од 18%), на гориво итн итн.
Добивме дневно политички настани без никаква долгорочна национална стратегија.
Добивме секојдневна забава со следење на лов на вештерки.
Добивме нови невработени.
Добивме масовни отпуштања од државни институции и вработување на свои луѓе на нивни места.
Изгубивме исти гомна.
Изгубивме уште 4 години.
Изгубивме еден шизофреник, ама го надополнивме со пијаница.
Изгубивме лопови, ни дојдоа нови.
Генерално, додека не се променат работите во целост, додека не се искорени криминалот, корупцијата и идиотизмот како хоби, од нас нема да биде ни чеп за јува.
Трпе |