Skopski Jazz festival
Skopski Jazz festival
melpomena ОД ВЕЧЕРВА ДО ВТОРНИК Скопска џез шема со европски џезери За пет фестивалски дена ќе настапат десет групи, а ќе има полноќни концерти во клубот Маракана Со настапот на еден од водечките и најкреативни музичари на италијанската џез сцена Пино Мирафа со Суд ансамблот, вечерва (21ч.) во Универзална сала почнува скопската џез шема. Стартува 22-то издание на Скопскиот џез фестивал. Потоа е концертот на Енрико Рава квинтет. Водачот на групата Енрико Рава во моментов е најпопуларен италијански џез музичар, а неговото име постојано е на самиот врв на топ џез листите на списанието "Музика џез" во категориите музичар на годината, група на годината, албум на годината. Според Оливер Белопета уметнички директор на фестивалот оваа година ќе биде поприсутен европскиот џез, а десетте групи во пет фестивалски вечери ќе се претстават со разновидни џез жанрови кои се моментално актуелни во светот. Утревечер ќе настапи Анри Тексиер трио од Франција во чија музика може да се забележи влијание на северно африканските звуци.Потоа е концертот на еден од водечките џез саксофонисти во светот Дејвид Мури кој на сцената на Универзална ќе го придруживаат петнаесет музичари од Куба. Мури во средината на седумдесетите години бил прогласен за наследник на познатиот музичар Алберт Ајлер. Во Скопје ќе го промовира последниот албум насловен "Сега е друго време" кој е номиниран за најдобро латино џез издание на годината. В недела фестивалот е посветен на бразилска музика. Ќе настапат Чико Цезар и Жоао Боско груп.Чико Цезар е претставник на новата генерација кантавтори, а неговите композиции се комбинација на социјална критика и хумор со силни музички влијанија на фолклорот од африкански североисток. Во Скопје ќе изведува нумери од најновиот албум насловен "Респеитем меус кабелос, бранкос". Вечерта ќе ја заврши свирката на Жоао Боско е груп. Боско со лиричарот Алдир Бланк во седумдесетите години остро му се спротивставуваат на политичкиот режим преточувајќи го своето незадоволство во музчко доживување. Билетите за првата и последната вечер чинат по 400 денари, а за останатие три по 700 денари. Комплет билети за цеклиот фестивал е 2200 денари. (О.П.) Полноќни концерти во Маракана За време на фестивалот секоја вечер по полноќ во клубот Маракана ќе има концерти. Вечерва е италијанскиот музичар Карло Актис дата кој е еден од најдобрите баритон саксофонисти во светот. В сабота е Само Саламон орнетологи квартетот од Словенија, а в недела е концертот на Броцман, Густафсон и Вандермарк. За Маракана билетот чини 150 денари prevzemeno od Vest