melpomena |
За италијанско државјанство треба да се знае и дијалектот
РИМ, (Ројтерс) - Имигрантите кои сакаат да добијат италијанско државјанство не е доволно да знаат само италијански јазик, туку треба да го положат и тестот за некој регионален дијалект, соопшти популистичката партија на Северната лига. Роберто Калдероли, кој е вториот човек во Лигата што се залага за воведување на построги закони за имиграција, вели дека имигрантите не треба тестот да го сметаат за препрека во добивањето италијанско државјанство.
"Тестот треба да се смета за покана до имигрантите поблиску да ја запознаат нашата држава", наведува тој во предлогот што треба да го измени постојниот закон за имиграција.
Инаку, италијанскиот јазик има десетина дијалекти. За нив нема граматики и не се предаваат на училиште, туку усно се пренесуваат од генерација на генерација и тешко се учат.
Според новите амандмани имигрантите надвор од Европската унија исто така ќе треба да минат на тестотви за познавање на литературниот италијански, и општо познавање на италијанската култура. Калдероли вели дека амандманите се слични на законите во Британија и САД.
prevzemeno od Vest
p.s. A ne kaj nas koj kako mu tekne zema drzhavjanstvo[}:)]
|